Ферат Асан

Општина Шуто Оризари

Почитувани сограѓани, со голема исполнетост, почит, но и одговорност кон вас и кон идните генерации ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Шуто Оризари.

Општина Шуто Оризари е единствената ромска општина во светот, но и општина со мултиетнички размери што промовира разноликост и соживот. Местото каде што се родив, нашата  Шутка, поим што е основа за промовирање и препознатливост на Ромите во нашата држава, место со интересна динамика, брз живот, секојдневни интересни збиднувања, развиена трговија и богата традиција и култура. Општина со народ што е жеден за промени, искрено лидерство и развој. Заветот пред мојот народ е основен водечки принцип за мојата работа.

За мене, Општина Шуто Оризари претставува незаменливо место за живот и ја гледам како една од најсовремените општини во градот и пошироко, со урбани градби, убави патишта, зелени паркови, современа инфраструктура, развиено стопанство – со еден збор, место пријатно за сите возрасти со добар квалитет на живеење. Сигурен сум дека ова место има потенцијал и создава значајни личности и професионалци што придонесуваат за развој на заедницата и пошироко во општеството, има потенцијал за клучна трговска точка во овој регион и за поурбано живеење.

Како личност со богато деловно искуство, интегриран и успешен бизнисмен, ве уверувам дека ќе придонесам пред сѐ за подобар економски, урбан, еколошки и современ развој на Шуто Оризари. Долгогодишното искуство на македонскиот пазар и справувањето со предизвиците се одлична лекција за добар и внимателен планер – градоначалник.

Реконструирањето на неколкуте главни и поголеми улици во нашата општина што генерално влијаат врз првата перцепција на секој посетител, создавањето услови за отворање технолошка индустриска и економска зона, културниот дом, младинскиот центар, еколошки одржливата општина преку соодветни механизми и процеси, како и растоварениот сообраќај и современ плоштад со пешачка и велосипедска зона се дел од многуте проекти што ќе станат реалност со ваша поддршка и соработка.

Свесни сме дека многу кандидати многупати ветувале, но не реализирале! Овој пат ја имаме заедничката моќ и чесно дадениот збор за развој на нашата општина и подобро утре за секој од нас.

Пет клучни проекти за иднината на Шуто Оризари

Ова претпријатие ќе има цел да го регулира паркирањето на територијата на општината, да воведе и регулира зонско паркирање, да ги растовари улиците и јавните површини на општината, да управува со отпадот, да врши рециклирање на отпадот, да врши времжување со други јавни претпријатија и бизниси и слично, а исто така и да нуди погребални услуги на жителите на оваа општина. Со овој проект правиме придонес кон економската одржливост на општината и нејзина самостојност од една страна, а од друга страна, во соработка со локалната самоуправа будно ќе се следи селекцијата на отпад и заштитата на животната средина. Придонесите од зонското паркирање, катната гаража и погребалните услуги исто така ќе бидат можност плус за нови и одржливи проекти, а со ова се воведува и една нова установа во нашата општина со создавање услови за работни места и одржливо финансиско посамостојно функционирање.

Јавно претпријатие за управување со отпад, паркинзи и погребални услуги (ЈП УОПП)

Локален младински центар – Шуто Оризари

Младите, нивните афинитети, способности, таленти и вештини треба да се надградуваат и да се развиваат, неформалната едукација и нивната социјализација, како и социјално-психолошка и емотивна поддршка е суштинска потреба за здрав и квалитетен живот. На локацијата од бараките на Црвениот клуб кај игралиштето во месноста „Бараки“ овој објект ќе биде одлична можност за првпат во историјата на општината. Современа градба, со потребната опрема и помагала, мултифункционален современ центар со повеќе сектори наменети за развој на младите и нивниот квалитет на живот.

Формирање повеќенаменски спортски центар со соодветно место достапно за сите жители на општината. Со зазеленето опкружување, со интегрирани спортски терени за атлетика, пинг-понг, тенис, фудбал, кошарка и одбојка. Опремување на истиот простор со фитнес-спортски реквизити за спортување на отворено. Спортскиот центар ќе содржи локални канцеларии за клубовите што се активни и постојат во нашата општина, а ќе биде одлично место за меѓуетничка интеграција, дружба и промоција на здрави и заеднички вредности. Овој спортски центар ќе биде мултифункционален со различен вид можности за мини деловни објекти што ќе нудат различни корисни содржини (услуги/производи) за посетителите.

Спортски центар на отворено

Деловен објект за услужни/сервисни дејности на граѓаните – Сѐ на едно место

При самата реконструкција и проширување на општината ќе се воведе и нова содржина со интегрирани канцеларии за различни потреби – услужни административни дејности. Објект што ќе нуди услуги од административен тип на едно место од страна на подрачните одделенија од органите на управата, центрите за бесплатна правна помош, граѓанските организации, локалните одделенија на министерствата и слично – наменет за потребите на граѓаните на едно место. Со ова ги доближуваме информациите и пристапот до правата на граѓаните, ја интегрираме општината како главен мотор во оваа сфера, а со тоа го олеснуваме животот на помалку информираните граѓани, а воедно и на голем број целни групи во населбата Шуто Оризари.

Планирање простор и создавање непречени услови за реализација на долгоочекуваниот културен дом, кој многупати бил ветуван, но нереализиран. Мултинаменски објект, по сите стандарди и услови што ќе служи за: театарски претстави, кинопроекции, изложби и други културни манифестации. Со ова ќе се реши децениски проблем на локалното население, но и на ромската етничка заедница во РСМ. Финансирањето на сите културно-уметнички друштва и индивидуалци уметници, како посебна мерка, преку објавување локален годишен повик ќе има цел поттикнување на уметноста и творештвото и создавање содржини што ќе го оживеат културниот дом.

Културно-уметнички дом „Есма Реџепова“ – Шуто Оризари

Листа на советници за Општина Шуто Оризари

  1. Нежмие Саитова 
  2. Ферик Сулејманов 
  3. Бего Дурмишов 
  4. Симбат Емин  
  5. Гандијана Мустафа
  6. Рамадан Рамадан 
  7. Роберт Зекир 
  8. Севдије Салим 
  9. Себастијан Азир 
  10. Алиса Кајтаз 
  11. Демир Муарем 
  12. Роберт Кајтаз
  13. Фадил Исмаили 
  14. Емине Абаз 
  15. Сафет Имер 
  16. Габриела Сулејмани 
  17. Барија Фета.
  18. Семра Дестан
  19. Ајрула Ракип