Филип Темелковски

Општина Кисела Вода

Општината како целина, нашите маала, улици, паркови, се нашата душа, нашата инспирација квалитетно да ги живееме нашите животи во една убава и безбедна атмосфера дружејќи се меѓу себе и помагајќи си секогаш кога тоа ќе биде потребно. 

Како градоначалник на Кисела Вода, се нафатив на предизвикот да ја организирам и да раководам со  Општината. Сите заедно,  во изминатиот период, го вративме достоинството на стручната администрација и ја зголемивме ефикасноста на работење без страв и без притисоци, преку ефикасни услуги за граѓаните, ја создаваме сликата за една модерна и урбана општина. 

Мојата визија за развојот на Кисела Вода произлегува од секојдневните средби во сите населби на Општината, од многубројните добиени пораки и забелешки од заинтересираните граѓани. Вашите пофалби, критики, сугестии и предлози за идни проекти во Кисела Вода, како и консултациите со стручни лица во разни области, придонесуваат да ја создадеме оваа програма со реално остварливи проекти. Помина времето на лажните нереални ветувања. Продолжуваме заедно со цел да ја  издигнеме Кисела Вода на уште едно повисоко ниво, за кое сум сигурен дека и понатаму ќе оди напред. 

Во досегашниот мандат како градоначалник, имав можност најдиректно да ги согледам и проблемите со кои се соочува Кисела Вода, и преку реализираните проекти да ја поставиме основата за натамошна модернизација. Како Општина докажавме дека Кисела Вода може да се развива и да ги решава проблемите и заедно да чекориме напред. Време е да направиме уште еден чекор напред и да го заборавиме неславното минато. Една друга Кисела Вода, со современа инфраструктура, трајно поставени одводни и доводни системи и современи улици, е на дофат. 

Убеден сум и знам дека ќе продолжиме и понатаму со заеднички заложби, со вас, како рамноправни партнери, ќе ја унапредуваме Кисела Вода, и уште повеќе ќе ја издигнеме на пиедесталот како успешна општина, место за водење квалитетен и урбан живот за сите сегашни и идни генерации. 

Пет клучни проекти за иднината на Кисела Вода

Ефикасни услуги за граѓаните на Кисела Вода поблиску до нивниот дом. Овој проект има два елементи прво Е-општина ќе овозможи голем дел услуги да се остваруваат по електронски пат од дома и да не мора да се патува до општината (придобивките ќе бидат пред се за граѓаните од Драчево и Пинтија и второ преку изградба на современ и евтин паркинг на Рампа блиску до центарот на градот ќе се овозможи граѓаните на Кисела Вода да ги остават возилата и пешки или со велосипед да се движат кон институциите во центарот на градот. Со овој проект по примерот на современите градови ќе се дестимулира и избегне зголемен сообраќајот во централното градско подрачје. 

  • Е-општина: Електронската општина има цел да создаде подинамична општина, со поголема вклученост на граѓаните. Изработката на апликации за мобилни уреди и на општински интернет-портал, ќе овозможи Зголемена ефикасност на локалната власт, у ефикасни услуги за граѓаните преку автоматизирање на процесите, намалување на човечката грешка и зачувување на документите. 
  • Катна гаража на Рампа.  Во соработка со Општина Центар и Град Скопје, а во функција на жителите на Кисела Вода предвидено е да се обезбедат најмалку 600 паркинг-места со придружни содржини и вертикални тераси со зеленило и велосипеди за изнајмување. Вкупно 60.000 жители од Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Зелениково и Студеничани ќе добијат евтин пристап до институциите во центарот на градот. 

 

Поблиску до Центар – намналено време во транспорт и поефикасни услуги

Изградба на спортско-рекреативни центри и објекти

Нов спортско-рекреативен центар по должината на Маркова РекаУредување на коритото на Маркова Река со нови велосипедски и пешачки патеки, како и промоција како ново место за сите жители од сите возрасти, и изградба на спортски објекти за користење за рекреативни цели. Изградба на современа зона за пикник и рекреација, како и велосипедска и пешачка патека покрај Маркова Река. 

Спортски центар „Расадник“Враќање во функција, целосна реконструкција и зголемување на капацитетот на спортската сала Расадник. Во минатите 4 години докажавме дека спортот е еден од приоритетите на нашата општина, а клубовите со нивните успеси покажаа дека се желни за победи. 

Изградба на три нови градинки и проширување на капацитетот на постојните, во согласност со најсовремените стандарди, бидејќи нашите деца го заслужуваат најдоброто.

Градинка за секое дете – нови современи и безбедни градинки

Развојна економска зона

Изградба на нова економска зона во пределот на ОХИС и Драчево, која ќе привлече инвестиции и нови работни места во населбата и ќе потtикне нов бран на инвестиции во Кисела Вода. Развој и изградба на соодветна пристапна инфраструктура во соработка со Град Скопје и непречен и брз влез и излез до автопатот на влезот во Скопје, ќе овозможат и дивертирање и отстранување на тешкиот сообраќај од населените места и зголемена безбедност за жителите. 

Трајно дислоцирање на Центарот за зависници, на локација која е подалеку од населени места, а блиску до јавен превоз за корисниците. 

Дислокација на Центарот за зависници и уредување на просторот

Листа на советници за Општина Кисела Вода

  1. Емилија Трајковска
  2. Тодор Костадиновски
  3. Симона Јовевска
  4. Владимир Грујовски
  5. Бојана Ацева
  6. Дарко Филиповски
  7. Елизабета Стефковска
  8. Александар Гиовски
  9. Илинка Кољозова
  10. Зоран Ацевски
  11. Цена Митревска
  12. Димитар Оровчанец
  13. Николинка Исајловска
  14. Владимир Петровски
  15. Анита Пајковска Попоска
  16. Бојан Петрески
  17. Соња Димитрова
  18. Томе Тодоровски
  19. Сузана Стојанова
  20. Љупчо Станковски
  21. Марија Атанаскова
  22. Диљавер Муаремов
  23. Елена Ристевска