Душко Весковски

Општина Карпош

Честа е голема, а задоволството е огромно да бидам кандидат за градоначалник на Општина Карпош. Општина во која сум роден, каде што ги поминав детството и младоста, почнувајќи од детската градинка „Орце Николов“, преку ОУ „Лазо Трповски“, до гимназијата „Никола Карев“. Тука ги стекнав здравите навики, моите први другари, љубовта кон одбојката, и тука сега го градам моето семејство и мојата иднина.

Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста. Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење.

Нашата визија за наредните четири години е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура.

Сакам да ве уверам дека нашата визија за Лептокарија, за Млечен, за Делфинa, за мултиетничко Нерези, за Карпош 1, 2 и 3, за новиот парк во Карпош 4, за планската урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, за романтично Тафталиџе 1 и 2, за Козле, Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме, со вас. 

Драги мои сограѓани, подготвен сум во овој предизвик да го вградам целокупното досегашно мое лично, политичко, но пред сѐ, професионално знаење и искуство. Дел од многуте проекти и активности што ќе ги спроведеме во функција на остварување на нашата визија за Карпош, вклучуваат:

  • Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата;
  • Изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети; 
  • Изградба на големиот зелен парк во Карпош (спроти населбата Карпош 4);
  • Дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци;

Пет клучни проекти за иднината на Карпош

Со ова ќе се надмине предизвикот со недостиг на паркинг-простор во овој централен и најфреквентен дел од Општината, односно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на резидентите, но и на посетителите на објектите во комплексот на ТЦ „Лептокарија“. Нудиме решение за овој предизвик:

Катна гаража на просторот зад ТЦ „Лептокарија“.

Со реализацијата на овој проект не само што ќе се реши деценискиот проблем со паркирањето на автомобилите околу овој центар во срцето на Карпош туку ќе се збогати и хуманизира просторот околу објектот.

Карпошани заслужуваат скапоценото време да го поминуваат со своите семејства во своите домови, а не да го трошат во потрага по место за паркирање. Во оваа насока, ќе ги испитаме можностите и потребите од воведување зонско паркирање, но само на критичните и високофреквентни места во Општината.

Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата

Изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети

Планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места. 

Новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности на дечињата во текот на нивниот престој. 

Дополнително, во рамките на можностите и потребите, ќе извршиме и реконструкција на постојните капацитети во детските градинки, со цел подобрување на условите за вработените и за дечињата што се згрижени во нив.

Активностите за реализација на овој заеднички проект со Град Скопје и сите јавни претпријатија се веќе започнати со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија. 

Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, во заедничка координација со Град Скопје, со што на површина од 60.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и рекреативни содржини и ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесе за зголемувањето на зелените површини во Општина, за најмалку 15 % до крајот на 2025 година.

Живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“, пензионерските денови минати во дружба со пријателите и една партија шах, младите брачни парови со својата принова во количките… Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што ќе секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане, барем за еден миг. Карпошани го заслужуваат тоа.

Изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4

Основање Младински центар во Општина Карпош

Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“, а во соработка со Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт, нашате цел е да основаме Младински Центар на Општина, каде што сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и да го прошируваат своето знаење и да разменуваат мислења и искуства. 

Културниот живот е една од главните одлики на Карпош, а библиотеката „Другарче“ буди многу спомени кај многумина од нас и постарите генерации. Младите генерации заслужуваат да бидат дел од оваа приказна. 

Проектот предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, и негово внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалницата, со овозможување дигитален пристап до одредена литература, заживување на киносалата, изградба на сензорна соба со која ќе овозможиме инклузија на децата со попреченост, како и создавање можности за реализација на голем број работилници, едукативни, културни и други настани.

Нашата цел е да не дозволиме урбаниот хаос предизвикан од непланската урбанизација и градежната инвазија што во минатото му се случи на Скопје да го окупира и нашиот Карпош. 

Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје, е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, оставајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Урбанизацијата на овој дел од Општината и Градот Скопје ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина.

Како дел од овој мега проект ќе биде и изградбата на зелен пазар во Бардовци, кој ќе биде наменет, пред сѐ, за производителите на земјоделските производи од нашата Општина, кои се широко барани на пазарите во градот.

Дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци

Листа на советници за Општина Карпош

  1. МАРИН ДОКУЗОВСКИ
  2. ВИОЛЕТА КУНОВСКА
  3. ВИКТОР ИСЈАНОВСКИ
  4. НАТАЛИЈА СПИРОВСКА
  5. ЈАХЈИ МЕМЕДОВ
  6. ВЛАДИМИР БИСЛИМОВСКИ
  7. АЛЕКСАНДРА АНТЕВСКА
  8. ДЕЈАН ЛАЗАРЕВСКИ
  9. ГОРДАНА ИВАНОВСКА ВЕЛКОВСКА
  10. КАТЕРИНА ТУНЏЕВА
  11. ЗЕЈНЕЛ КУЧ
  12. СИЛВАНА МИРКОВСКА
  13. ЕМИЛИЈА РИЗЕСКА СПАСОВА
  14. МИКИ ФИЛЕВ
  15. МАРИЈАНА ПЕРКОВСКА
  16. БОБАН АЦЕВСКИ
  17. СТЕФАН СТЕФАНОВСКИ
  18. ОЛГИЦА НАКОВА
  19. АЛВИН АВДУЛОВСКИ
  20. АНДРИЈАНА АНДРЕЕВСКА СТОЈАНОВСКА
  21. ДАРКО ТРАЈКОВСКИ
  22. АНГЕЛА АНДОНОВСКА
  23. КИРИЛ ПАУНОВ