Александар Наумоски

Општина Ѓорче Петров

Четири години ја имав честа и одговорноста да ви служам вам и на наше Ѓорче.

За еден човек нема поголема привилегија, но и одговорност од тоа да има можност да работи за Општината во која се родил, растел, во која изградил свое семејство и кариера. Токму тоа беше моја водилка во изминатите четири години кога заедно со мојот тим ги решававме проблемите, но и ги поставувавме темелите на едно модерно, урбано Ѓорче Петров.

Многумина во 2017 година имаа одредена резерва околу проектите во Програмата, а денес е факт дека се реализирани 80 отсто од неа, а реализирани или во фаза на реализација се сите седум капитални проект и тоа во ситуација кога целиот свет се соочува со пандемијата на КОВИД-19.

Денес Волково добива најмодерна детска градинка, во ова населено место изградивме училишна спортска сала и кружен тек. Ѓорче Петров е прва општина во Град Скопје што постави економично улично ЛЕД-осветлување. Култното Корзо доби нов модерен лик, во Ѓорче се гради затворен базен, а во Дексион, на местото на дотраена барака на амбулантата, се поставува нов модуларен објект.

Над 200 реализирани проекти говорат за успешноста на работата во овие четири години. Тоа е нашето наследство кон граѓаните, но истовремено и мој дополнителен мотив, уште повеќе посветено да работам за наше Ѓорче. Со чист образ излегувам пред вас, одговорно, отчетно, домаќински, да ја побарам вашата доверба за нов градоначалнички мандат.

Ѓорче Петров мора да продолжи по патот на напредокот и развојот што го подигнуваат квалитетот на животот на граѓаните. Пред вас е мојата програма составена од реални, издржани и остварливи проекти што ќе постават нови стандарди во нашето секојдневно живеење.

Заедно со мојот тим имаме визија, енергија и подготвеност да продолжиме да работиме за нашата Општина. Заедно со вас, граѓаните, продолжуваме да го градиме Ѓорче како модерна, урбана европска општина.

Продолжуваме посветено за Ѓорче и во следните четири години!

Пет клучни проекти за иднината на Ѓорче Петров

Се изборивме изградбата на новиот линички центар, инвестиција вредна 500 милиони евра, да биде реализирана во месноста Веле Поле. Нашата држава првпат по 80 години добива нов клинички центар што трајно ќе ја реши потребата од современи, интегрирани здравствени услуги. Со тоа Општината докажува дека е ориентирана кон создавање нов економско-социјален амбиент што дополнително ќе го поттикне локалниот развој и ќе го унапреди квалитетот на животот на граѓаните во Општина Ѓорче Петров. 

Новиот клинички центар ќе биде ултрамодерен како оние во големите европски центри. Во својот опфат ќе содржи и медицински факултет, истражувачки центар, како и кампус за сместување студенти, а се отвора можност за развивање на бањски туризам преку искористување на геотермалните води. Клиничкиот центар е одлична можност за привлекување нови странски инвестиции. Со него, покрај објектите од здравство и социјална заштита, образование и наука, ќе има и објекти за домување, комерцијални објекти, паркови и зеленило. Изградбата на клиничкиот центар, како најкапитален проект во здравство, ќе го одбележи и мандатот на новата општинска администрација што е посветена на развој на Општината.

Нов универзитетски Клинички центар

Изградба на основно училиште во населбата Александрија

Првпат во историјата на Општината градиме ново основно училиште со современа спортска сала, лоцирано во населбата Александрија. Проценетата вредност на инвестицијата изнесува 4 милиони евра, средства обезбедени од програми на Владата и од буџетот на Општината, со капацитет за 500 деца. Планирано е изградбата да започне во 2023 година, а да заврши најдоцна до 2025 година. 

Со неговата изградба обезбедуваме основна образовна инфраструктура за децата во оваа брзорастечка урбана средина. Го решаваме проблемот со капацитетите во основните училишта во нашата Општина. Истовремено креираме соодветни услови за спорт и рекреација, за домашни и меѓународни натпревари.  Модерниот изглед на овој објект ќе претставува урбан белег на источната порта на Општината, а современите материјали и технологии ќе придонесат Ѓорче да го има едно од најубавите училишта во градот Скопје.

Го решаваме деценискиот проблем со недостиг на капацитет за згрижување деца на предучилишна возраст, градиме две нови детски градинки во Ново Село и во Дексион. 

Ново Село добива нова детска градинка, инвестиција вредна 800.000 евра, со капацитет за 150 деца. За оваа градинка веќе е поднесен проект до Министерството за труд и социјална политика, почетокот на изградбата е предвиден за 2022 година, а нејзиното отворање е предвидено за 2024 година.

Предвидено е на местото на урнатата градинка во Дексион да се изгради нова детска градинка со капацитет за 150 деца, објект што ќе се гради по највисоки стандарди за оваа категорија објекти, енергетски ефикасен, со еколошки систем на загревање. 

Недостигот на слободни места во детските градинки, но и постојаниот раст и развој на  нашата Општина нѐ обврзува да инвестираме и да изградиме колку што е можно поголем број објекти за згрижување на нашите деца.

Нови детски градинки во Ново Село и во Дексион

Уредување на речното корито и на кејот на реката Лепенец

Конечно го регулираме коритото на Лепенец со изградба на спортско-рекреативна зона по должината на реката. 

Ѓорче Петров добива уреден и современ кеј со пешачка и велопатека, спортски терени и фитнес зони. 

Вредноста на оваа инвестиција е пет милиони евра, средства обезбедени од Општината, Градот Скопје и Владата заедно со надлежните министерства. 

Со неговата реализација директно влијаеме врз подобрувањето и зачувувањето на животната средина. Со овој проект ги реконструираме и каналите за наводнување по должината на реката низ Ново Село, Волково, Орман и Никиштани.

Предвидено е реализацијата на овој проект да почне во 2022 година, а да заврши во 2025 година. 

Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони на Општината од Јурија до Хром, со изградба на нов резервоар во Оризарски Рид. 

Проектот е изготвен од ЈП „Водовод и канализација“ – Град Скопје, со вредност од околу три милиони евра. Анализите покажаа дека урбанизацијата и катноста не се пречка за дотокот на вода. Наведените места се наоѓаат во ниска зона на ниво на течението на реката Вардар. Реализацијата на овој проект се очекува да започне во 2022 година, а да заврши на почетокот на 2024 година.

Дополнително, Општината изготви проект за субвенционирање на пумпите за зголемување на притисокот на вода во објектите. 

Изградба на нов резервоар во месноста Оризарски Рид

Листа на советници за Општина Ѓорче Петров

  1. ИЛИЈА СПАСОВСКИ
  2. МАРИНА ИВАНОВСКА
  3. СЕНАТ ВЕЛИ
  4. МАЈА СТОЈКОВСКА
  5. МАРТИН ТРАЈКОВСКИ
  6. БОЈАНА ИЛКОВ
  7. САШО ЦВЕТКОВСКИ
  8. СНЕЖАНА ЈОВАНОСКА
  9. ГАВРО МАРКОСКИ
  10. СТЕВО ПАВЛЕСКИ
  11. ГОЦЕ ПЕТРУШЕВСКИ
  12. ЛИЛЈАНА ПАВЛЕСКА
  13. ЃОРЃИ МАНЕСКИ
  14. СЛАВИЦА ПОПОВА
  15. АЛЕКСАНДАР ЃОРЃЕВСКИ
  16. БИЛЈАНА ТРАЈКОВСКА
  17. КРИСТИЈАН ВЕЉКОВИЌ
  18. СВЕТЛАНА РИСТОВСКА
  19. ЉУПЧО ФИЛИПОСКИ
  20. АНГЕЛА ТРПКОВСКА
  21. ПАВЕЛ ПАУНКОСКИ
  22. БЛАГИЦА ЗАРКОВСКА
  23. КОСТАДИН АЦЕВСКИ