Борис Георгиевски

Општина Гази Баба

Посветено, со многу труд, во текот на минативе четири години, покажавме дека може подобро. Дека кога се сака можe да се решат проблемите кои со децении ги мачат граѓаните. Во минатото, со ВМРО ДПМНЕ, Гази Баба беше заборавена и отсечена општина, оставена во 19 век, без водовод и канализациски систем во населените места. Денес, по четири години, ние, СДСМ, како партија на власт, забрзано ја придвиживме Oпштината од 19 кон 21 век.

Почнавме и реализираме повеќе од 200 проекти. Пред четири години ветивме – Живот за сите во Гази Баба. Денеска гордо можеме да речеме – ДА, УСПЕАВМЕ. Граѓаните што немаа водовод или канализација повеќе од 20 години, денес се сведоци на нова реалност. Со поддршка од централната власт изградивме ново училиште и спортска сала во Хиподром. 

Патот Јурумлери – Долно Лисиче – Драчево е завршен, реконструиран е патот Хиподром – Илинден, изграден е нов локален пат во Булачани до викенд-населбата, изграден е нов локален пат од Страчинци до Виниче, a реконструиран е и патот Раштак – Бутел. Следува изградба на нова зграда за училиштето „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Со поддршка на Град Скопје, реконструирана е улицата „Благоја Стефковски“, како и булеварот „Александар Македонски“, а изградени и нови пешачки и велосипедски патеки.  

Изградивме нова градинка во Стајковци, градиме нова спортска сала во основното училиште во Стајковци, нов Дневен центар за деца со посебни потреби и Центар за сензорна интеграција во Железара, а следува изградба на  спортска сала за основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани. И покрај сите блокади и опструкции од ВМРО ДПМНЕ, како мнозинство во Советот, го одржавме зборот, работевме за подобар живот на граѓаните. Токму затоа ги поднесувам оваа кандидатура и оваа програма, барајќи поддршка да ги продолжиме почнатите проекти, да реализираме уште повеќе. За да победуваме заедно. 

Не со пароли туку со посветеност за нашата Гази Баба.

Пет клучни проекти за иднината на Гази Баба

Во соработка со министерството за образование и наука, веднаш по изборите,  започнуваме со изградба на новата училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“. Проектот и урбанистичката документација се целосно подготвени, а обезбедени се и средства за реализација на овој проект преку буџетот за 2021 година на Министерството. Поради постојната локација и поставеностa на училиштето, проектот за изградба на новата училишна зграда е поделен во неколку фази. Целосната изградба на училиштето се очекува да биде завршена за две годни. Со изградбата на новата училишна зграда, конечно учениците и наставниот кадар добиваат модерни услови за престој и одржување на наставата решавајќи уште еден децениски проблем на граѓаните. 

Изградба на нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто

Нови градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ

Подготвивме проекти за изградба на четири нови градинки во населените места Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ. Со изградбата на овие четири нови градинки предвидуваме нови 420 места за дечињата во детските градинки. Дополнително, по изградбата на овие градинки, просторот во веќе постојните детски градинки, каде што се сместени дечиња од овие населени места, ќе се зголеми и би се создала можност за упис на нови деца. Конечно, листите на чекање при упис на децата во градинка стануваат минато. 

Новата детска градинка во Ќерамидница е проектирана со капацитет за сместување на 120 деца, со 6 занимални и 2 јасли групи. Градинката во Трубарево е предвидена на локацијата на Основното училиште „Крум Тошев“, со капацитет за 100 деца, сместени во 4 занимални и во една јасли група. Детската градинка во Инџиково е проектирана со капацитет за 100 деца, сместени во 4 занимални и во една  јасли група, на локацијата од старата леарница. Градинката во Синѓелиќ е проектирана во рамките на Основното училиште „25-ти Мај“, со капацитет за 100 деца, сместени во 4 занимални и во една  јасли група. 

Подготвивме основен проект за реконструкција на Домот на културата „11-ти Октомври“ во населба Ченто, кој предвидува повторно активирање на салата и враќање на библиотеката во објектот, а дополнително предвидени се простории за младите. Целта беше да се зачува постојната архитектура и да се обнови постојниот објект, кој буди спомени на генерации граѓани од Гази Баба и од градот Скопје. Со подготовката на проектот, Општината може да аплицира за добивање  средства до Владата, но и до ЕУ-фондовите, преку кои би се реализирал овој проект. Граѓаните на Ченто ќе бидат директно вклучени во овој проект. Исто така предвидуваме реконструкција и повторно заживување на Домот на културата во Колонија. Проектот ќе биде реализиран со средства на Општината, Владата, ЕУ-фондовите или преку форма на јавно-приватно партнерство. 

Реконструкција и повторно отворање на Домот на културата во Ченто и Колонија

Решавање на депонијата Вардариште

Наша цел, заедно со Град Скопје, е комплетно затворање на депонијата во Вардариште. Во овие четири години подготвивме и донесовме еден ДУП за овој дел на Општината. Привршува изработката на уште два нови ДУП-ови за Вардариште кој потоа Советот треба да ги донесе. Преку овие планови предвидуваме утврдување на единствена намена зеленило, спорт и рекреација на целиот простор во делот на Вардариште. Паралелно со донесувањето на плановите предвидено е почнување процес за хуманизација на земјиштето според добиените насоки од страна на стручни лица кои ги вклучивме во овој процес за решавање на депонијата во Вардариште.  

Решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните. Минативе четири години ја започнавме изградбата на вакуум-канализацијата во населеното место Јурумлери. Местоположбата и подземните води наметнаа потреба да мора да се работи на посебен систем на вауум-канализациска мрежа, кој е посложен за изведба од обичната фекална мрежа. Во согласност со проектот, досега изградена е примарната канализациска мрежа на пет проектирани линии, изградена е препумпната станица и пречистителната станица. Проектот продолжува со изградбата и на останатите проектирани линии. Паралелно се реализира и поврзувањето на домаќинствата кон вакуум-канализацијата на веќеизведените линии, по што следува асфалтирање на улиците каде што се извршуваа градежни работи.

Продолжување со изградбата на вакуум-канализацијата во Јурумлери

Листа на советници за Општина Гази Баба

  1. Александар Саша Димитријевиќ 
  2. Сузана Трпкоска 
  3. Пенка Чудо 
  4. Сашо Начовски 
  5. Мирела Потуровиќ 
  6. М-р Мартин Ристов
  7. Берат Весел 
  8. Марјан Младеновски 
  9. Христина Петровиќ 
  10. Орхан Селими 
  11. Сашко Цветковски 
  12. Лидија Христова 
  13. Зоран Ѓорѓевиќ 
  14. Весна Филиповска 
  15. Никола Андонов 
  16. Билјана Муиќ 
  17. Нафи Саити 
  18. Валентина Стојковска
  19. Ахмет Идриз 
  20. Андријана Николовска 
  21. Кристијан Тасевски 
  22. Кристина Симјановска 
  23. Самоил Ристовски 
  24. Ана Марија Сетинова 
  25. Горан Милчовски 
  26. Љиљана Терзиевска 
  27. Мухарем Емини