Горан Герасимовски

Општина Центар

Имам конкретен план за подобрување на квалитетот на животот во Општина Центар бидејќи знам што им е потребно на жителите во секое маало. Центар го познавам многу добро, пораснав во Капиштец, а и сега живеам во оваа Општина со сопругата и синовите.

Општина Центар го претставува урбаното јадро на градот Скопје, а со тоа ја носи и одговорноста да биде пример за сите други локални самоуправи. Нашата програма се фокусира на реалните потреби на жителите на Центар, но, исто така, ја зема предвид и потребата Општината постојано да се развива и да поставува нови стандарди – за поквалитетен живот и исполнето секојдневие за сите граѓани.

Со години работев во приватниот сектор и како истражувач во проекти собрав многу сознанија за тоа како може да се подобрат условите во мојата Општина. Ги познавам луѓето, нивните потреби и приоритети, а како претседател на Општинската организација СДСМ Центар, целосно сум вклучен во тимот што активно работи на реализацијата на нивните барања.

Во следните четири години ќе се насочиме кон реализацијата на јасно одредени приоритети – чиста животна средина, енергетска ефикасност, квалитетна инфраструктура и безбеден сообраќај, нови паркинг-места, современо и инклузивно образование, локален економски развој, инвестиции во младите, родова еднаквост, грижа за сите и редовна комуникација со граѓаните. Планираме инвестиции во младите таленти и поддршка на развојот на културата и на спортот.

Одржувањето редовна комуникација со граѓаните ќе биде новиот принцип на работа на Општина Центар. Преку поставувањето механизми за двонасочна комуникација ќе воспоставиме вистинско партиципативно раководење и поголема транспарентност во работењето на службите.

Затоа што веќе не е доволно да зборуваме за транспарентност и отчетност, време е да го преземеме следниот чекор – а тоа е да водиме заедно со граѓаните.

Пет клучни проекти за иднината на Центар

  • Изведба на целосно нов објект за предучилишно образование во населбата Пролет, во рамките на ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“, што ќе биде сместен во дворот на ООУ „11 Октомври“, на местото на постојните бараки. 
  • Изградба на детска градинка во Маџир Маало до јуни 2024 година.

 

Двете градинки ќе бидат изградени следејќи ги највисоките и модерните стандарди. Овие објекти значително ќе придонесат за зголемување на згрижувачкиот капацитет во предучилишното образование во Центар. Досегашниот капацитет на градинките за згрижување на 2.000 деца ќе се зголеми за 30 % со овие две градинки, односно дополнителни ќе може да се згрижат уште 600 деца.

Инвестиции во предучилишното образование: Центар добива две нови градинки

Проширување на капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“

Доградба на училници со површина од 534 м² во ООУ „Коле Неделковски“, со цел да се опфатат сите деца според утврдената реонизација. Во доградбата се предвидени кујна и четири училници, а вкупната вредност на овој проект е 24.000.000 денари. На целото училиште, на површина од 2.500м², ќе се постави надворешна енергетски ефикасна фасада. Новите училници ќе бидат ставени во функција во септември 2022 година.

Дејноста на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе биде проширена во комунално претпријатие. Со тоа нашата Општина ќе има сопствено комунално претпријатие и на многу поедноставен и побрз начин ќе ги решава комуналните проблеми, при што ќе поставиме повисоки стандарди во оваа дејност. Во исто време на нашите граѓани ќе им обезбедиме чиста животна средина.

Исто така, планирана е изградба на подземни и на монтажни гаражи за трајно решавање на проблемот со недостиг на паркинг-места во Центар. Ќе се примени хортикултурно уредување, ќе се постави урбана опрема, а на просторот над гаражите ќе се изградат детски и спортски игралишта.

Освен што ќе биде задоволена сѐ поголемата потреба од паркинг-места во Центар, ќе ги ослободиме тротоарите за движење на пешаците и ќе се создадат услови за поставување нови велосипедски патеки. Овој проект ќе се заврши во текот на 2024 година.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ станува комунално претпријатие

SMART CITY (Паметна општина)

Почнувајќи со ул. „Орце Николов“, која во моментов се реконструира, Општина Центар воведува паметно паркирање и паметно осветлување и административна дигитализација во Општината. Со овој проект ќе биде опфатена целата Општина, а ќе се реализира во неколку етапи.

Во моментов ул. „Орце Николов“ е подготвена за имплементација на овој проект. Преку мобилните телефони граѓаните ќе добиваат информација за слободните паркинг-места на локацијата каде што се наоѓаат. Со овој проект ќе се подобри квалитетот на живее на граѓаните, а значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија на Општината.

Општина Центар е прва општина во нашата држава што го имплементира проектот „Смарт сити“. Вредноста на проектот е околу 230.000.000 денари. Проектот ќе биде целосно завршен до крајот на 2026 година.

На местото на ПУИК ќе се постави нов парк, а ќе се задржи само една парцела каде што ќе се изгради деловна зграда на ПУИК, во координација со централната власт. Планирано е поставување на монтажен паркинг со 296 паркинг-места, во вредност од 58.000.000 денари, со што на граѓаните во Дебар Маало ќе им се овозможи непречено и безбедно движење. 

Улицата „Мирослав Крлежа“ ќе биде пешачка зона и резидентен паркинг. Боемска 2 ќе добие нов сообраќаен режим, со времен сообраќај, односно во вечерните часови ќе биде пешачка зона. 

Планирана е реконструкција и на „Црвена Вода“, „Дебарца“ и на дел од „Партизанска“ во вредност од 9.000.000 денари, а за „Андон Дуков“, „Алберт Ајнштајн“ и „Донбас“ се предвидени 5.430.000 денари. Кружниот тек кај „Круг“ ќе се реконструира, заедно со улиците „К. Неделковски“, „Алберт Ајнштајн“, „Н. Н. Борче“ и „Дебарца“. Истиот ќе се подигне и на него ќе се постави зеленило. Предвидено е уредување на пјацетата на ул. „Михаил Цоков“ – Пјацета на Горан Стефановски. Реконструкцијата на ул. „Мајаковски“ е планирана за 2022 година.

Просторот каде што во моментов се наоѓаат општинските бараки ќе биде хортикултурно уреден, ќе се постави модерна урбана опрема, а ќе се обезбеди пристап до портата на старата Учителска школа, за која е планирано реставрирање за да се истакне нејзината културно-историска вредност. На дел од местото на старите општински бараки ќе се изведе мала, модерна административна зграда, во која, покрај за општинската администрација и за Советот, ќе се обезбеди простор и за Младинскиот центар, како и за непречена работа на други здруженија на граѓани што работат во интерес на жителите на Општина Центар. На овој начин преголемиот простор што сега го зафаќаат бараките ќе биде слободен, зелен и адаптиран за користење на граѓаните.

Во договор со Град Скопје, а заради зголемување на безбедноста на граѓаните во оваа населба, тука ќе се смести и комунална полиција и противпожарна бригада со едно до две противпожарни возила.

Дебар Маало добива нов лик

Листа на советници за Општина Центар

  1. АНДРИЈАНА БУДИМИР
    ФИЛИПОВСКИ

  2. ЕДИНА МУСА

  3. ГОРДАН СИМОНОВСКИ

  4. НЕНАД МАТЕВСКИ

  5. ЕЛЕНА БОШЕВСКА

  6. ОЛИВЕР ТОНОВСКИ

  7. БОЈАНА АТАНАСОВСКА

  8. ФИЛИП АНТОВСКИ

  9. ДЕЈАН НИКОЛОВСКИ

  10.  ДАРКО ГИГОВСКИ

  11. МАЈА СЕРАФИМОВСКА
    БОРОЗАН

  12. НИКОЛА ГЕОРГИЕВСКИ

  13. ИВАН ЧЕШЛАРОВ

  14. АЛЕКСАНДАР ХРИСТОВСКИ

  15. РУЖА ПАЧАЏИЕВА

  16. ГОЦЕ БУРЗЕВСКИ

  17. ЕЛИЗАБЕТА КЛИНЧАРЕВСКА
    МЛАДЕНОВСКА

  18. НИКО НИКОЛОСКИ

  19. БИЛЈАНА ЧУПОСКА

  20. ИЛИЈА ТАРТИЌ

  21. САЊА СТЕФАНОВА

  22. САШО ДИМОСКИ

  23. МОНИКА ДАНЕВСКА