Александар Филиповски

Општина Аеродром

Ќе ми претставува огромна чест и задоволство да застанам на чело на нашата општина − да ја добијам можноста да придонесам за местото каде што сум пораснат и за луѓето со кои го делам секој ден. Желбата да се кандидирам за ваш градоначалник потекнува токму оттука, а целта е јасна: заедно да го направиме Аеродром место каде што ќе се живее уште подобро. 

Во следните четири години ќе се фокусираме на зголемување на зелените површини, заштитата на животната средина, инвестиции во образованието и младите, економски развој и подобрување на комуникацијата со граѓаните. Ќе создадеме општина, која е урбана, зелена, чиста, која нуди квалитетен живот за секој. Моето долгогодишно искуство во приватниот сектор ми дава инспирација за внесување нова енергија и нови практики во општинската администрација – практики што своевремено ќе донесат квалитетни, ефикасни и навремени услуги за граѓаните. 

Ова програма предвидува нови градинки, средно училиште, затворени базени, решенија за повеќе паркинг-места и побезбеден сообраќај и многу други проекти што видливо ќе го променат секојдневието на жителите на Аеродром. Ќе инвестираме во младите за да можат да напредуваат во својата општина, но и во услови за повозрасните – за да имаат исполнето секојдневие. За оние на кои помошта им е најпотребна, предвидуваме редовна поддршка и нови услуги. 

Со оваа програма сите заедно ќе работиме да создадеме општина што овозможува повеќе и подобро за своите жители и квалитетни услови за развој на  идните генерации. 

Заедно за најдоброто за Аеродром!

Пет клучни проекти за иднината на Аеродром

Нова детската градинка ќе биде сместена во центарот на населбата Мичурин, каде што жителите се соочуваат со значаен дефицит на капацитети. Објектот ќе обезбеди место за дополнителни 300 деца од предучилишна возраст. 

Изградба на целосно нова градинка се предвидува и во Ново Лисиче. Двата објекта ќе бидат изградени според највисоки современи стандарди, енергетско-ефикасен објект и ќе биде целосно пристапен за лица со попреченот.  

Извор на финансирање: општински буџет и Министерство за труд и социјална политика.

Изградба на две нови градинки

Отворање младински центар

Обезбедување простории и опрема, со цел создавање услови за младите таленти од општината да можат да се развиваат и да организираат активности / настани согласно со нивните потреби. 

По формирањето Локален младински совет, ќе се изработи локална стратегија и акциски план за млади, според кои ќе се одредат приоритетите според кои ќе работи центарот. 

Овој младински центар ќе претставува локална точка за младите. Тука ќе се организираат различни работилници, обуки за млади, но и ќе претставува место каде што младите ќе можат да се дружат, да разменуваат информации и да реализираат различни настани.

Двојно зголемување на површината на ООУ„Блаже Конески“. Изведба на нови простории, целосно опремени за потребите на учениците. 

На овој начин ќе се подобрат условите за престој и образование на учениците. Новите училишни капацитети ќе добијат и соодветна опрема, смарт-табли и материјали што ќе овозможат полесно вклучување на сите ученици во наставно-образовниот процес.

Доградба на ООУ „Блаже Конески“

Два затворени базена

Базените ќе можат да ги користат сите жители, но посебно внимание ќе се посвети на нивната употреба во рамките на наставата по физичко воспитание организирана во основните училишта.

Ќе се воспостави соработка со училиштата и ќе се организираат редовни посети на учесниците, со цел нивни правилен физички развој.

Изградба на три подземни / монтажни катни гаражи во населбите каде што има можност и каде што се потребни дополнителни паркинг-места. Изведба на визуелен израз што ќе биде во согласност со урбаното живеење во секое поединечно маало. Гаражите ќе бидат примарно наменети за жителите на општината, а дополнително ќе се наплаќаат услугите на посетителите што немаат живеалиште на тоа место. 

Нови паркинг-места

Листа на советници за Општина Аеродром

  1. Д-Р АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ
  2. ВАНГЕЛИНА МОЈАНОСКА
  3. МИЛУТИН РИСТЕСКИ
  4. СУЗАНА ДЕЛЕВА
  5. ТОМЧЕ ЃУРОВСКИ
  6. ЉУПЧО НЕДЕВСКИ
  7. ДАНИЕЛ САМАРЏИСКИ
  8. АЛЕКСАНДРА ПЕТКОВСКА НИКОЛОВСКА
  9. МИЛЕ КЛИМОСКИ
  10. РЕНАТА БОШКОВСКА
  11. СТЕФАН ВАСЕВ
  12. БИЛЈАНА СПАСОВСКА
  13. САВИЦА ПЕТРОВИЌ – САВО
  14. ДЕЈАН ЃОШЕВ
  15. АНДРИЈАНА СТАНКОВИЌ
  16. ИГОР МИХАЈЛОВСКИ
  17. ДРАГОСЛАВА ВОЈНИЦАЛИЕВСКА ИНГИЛИЗОВСКА
  18. СТОЈАН ЛАЗАРЕСКИ
  19. МАРИНА КУСАКАТСКА
  20. КАТИЦА АЦКОВСКА
  21. Д-Р САШО УНЧЕВСКИ
  22. АНТОНИО СТОЈАНОВСКИ
  23. СТОИЦА АРСЕВА
  24. ИЛИНА АЏИГОГОВСКА
  25. АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВСКИ
  26. МАРИЈАНА СТОЈАНОВСКА
  27. ТАЊА МИЛКОВ