Петре Шилегов

Кандидат за градоначалник
на Град Скопје

Пет клучни проекти за иднината на Скопје

Изградба на нов интегриран систем за јавен превоз BRT - Bus Rapid Transport

Изградбата на БРТ ќе овозможи побрз, поефикасен и побезбеден автобуски превоз, помало аерозагадување и почиста животна средина поради што тоа е дел од визијата за Скопје како „Зелен град“. Линијата на БРТ ќе се движи по посебна траса за брзи автобуси, која ќе биде физички издвоена од предругиот сообраќај.

Проектот БРТ опфаќа имплементација на две линии за брз автобуски транспорт - Линија 1 (исток – запад, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче) со должина од 12,81 км и 21 автобуска станица, како и Линија 2 (север – југ, од железничката станица на булеварот „Босна и Херцеговина“ до булеварот „Борис Трајковски“) во должина од 10,4 км со 20 автобуски станици. Вкупното времетраење на возење во еден правец изнесува 35 минути, а временскиот интервал меѓу две возила на автобуските станици ќе изнесува 3 минути. Другите автобуски линии ќе бидат во функција на превоз за довезување и развозување на патници до БРТ.

БРТ ќе го зголеми квалитетот на услугата во јавниот градски превоз, ќе ја намали потребата од користење индивидуални возила, поради што ќе се намалат штетните емисии на издувните гасови и бучавата. Почист воздух за сите, #НајдобротоЗаНашиотГрад.

Витална инфраструктура - крвоток за развојот на градот

Изградбата на инфраструктурата е движечката сила за урбаниот развој на Скопје и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Изминатите четири години систематски, чекор по чекор, успеавме да изградиме четири нови булевари, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Б и Х“, „Никола Карев“, „АСНОМ“. Започната е изградбата на новиот висечки мост преку Вардар, на улица „Љубљанска“, а мостот „Михајло Апостолски“ е веќе во завршна фаза. Сите овие проекти се дел од мозаикот градска инфраструктурата, логички поврзана функционална целина.

Во наредниот мандат го пробиваме булеварот „Хрватска“ и ќе го продолжиме бул. „Словенија“ до Ѓорче Петров. Северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Ги поврзуваме истокот и западот на градот со магистрална врска што ќе го ослободи центарот на градот од метежи. Пешачката зона „Мал ринг“ со БРТ станува реалност. Новата инфраструктура ќе создаде услови за урбан развој и хуманизирање на празните и девастирани простори кај Зајчев Рид, касарната „Илинден“ и други.

Холдинг на градските сервиси

Во 2017 година најавивме интегриран комунален сервис и воведовме независна и ефикасна инспекциска служба, со интегрирање на инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини. Оваа системска промена е предвесник на интегрирањето на јавните претпријатија во сопственост на Град Скопје во еден централизиран, интегриран и ефикасен холдинг на градски сервиси.

Оваа интеграција ќе овозможи систематски пристап при решавање на потребите на граѓаните, повисок степен на координираност на услугите на претпријатијата како и оптимизација на нивните оперативни трошоци за работа. #ЧекорПоЧекор ја трансформираме и ја модернизираме градската администрација.

Нов забавен парк

Скопје долго сонува и конечно добива нов и модерен Забавен парк, на местото на стариот Луна во Градскиот парк. Децата во Скопје ќе можат повторно да се радуваат на возбудливи содржини што ја поттикнуваат детската фантазија и го подобруваат нивниот психомоторен развој. Во новото партерно решение не е предвидено отстранување на ниту едно дрво, што беше императив при проектирањето. Во просторот се поставуваат 27 реквизити наменети за деца од различни возрасти, но и семејни. Сите реквизити ги исполнуваат европските стандарди и норми за квалитет и безбедност, а забавниот парк ќе има капацитет од 3000 посетители дневно.

На Градскиот парк повторно му го враќаме панорамското тркало, покрај редица други содржини, како тобогани, ролеркостери, возења со мали бродови и автомобили, како и адреналинскиот „тајфун“. Покрај овие главни содржини, предвидени се и придружни содржини, како што се ресторани, сувенир-шопови, тоалети, билетарници и други комунални објекти.

Комунална полиција

Основната одлика на демократските општества е поседување солидна, праведна и применлива законска, односно правна рамка на општествените правила на живеење. Феноменот што се појавува во општествата, во некои помалку, а во некои повеќе, е Law Reinforcement, односно спроведливост на правната рамка. Овој феномен се однесува на степенот на почитување на правилата и прописите што се на сила, односно во важност. Современите државни системи ги имаат министерствата за внатрешни работи, односно полициските сили како органи надлежни за обезбедување на спорведување на законската рамка.

Повеќето држави, во насока на ефикасно справување со појавата на помали кршења на прописи, спровеле децентрализација на надлежностите на полициските сили на ниво на локалните самоуправи, со проширување на надлежностите на комуналните инспекциски и редарски служби, попознати како комунална полиција. Нашата анализа на состојбите во Градот Скопје го препозна токму овој модел како соодветен и неопходен за справување со непочитувањето на правилата и прописите.

Изминативе четири години беа вистински предизвик за нас. Скопје беше град во кој доминираа жежок асфалт, фасади од стиропор, споменици од бронза, паркирани возила насекаде, бавен и неудобен јавен превоз, прашина во воздухот и сѐ помалку простор за одмор и рекреација. Ова мораше да се промени. Градот беше управуван во погрешна насока. Скопјани паметеа и поубаво Скопје. Токму од овие причини, моравме да почнеме да го модернизираме градот и да поставиме нови стандарди на квалитет фаќајќи чекор со развиените европски градови, истовремено водејќи грижа за традициите, историското и културно наследство на градот.

Работевме посветено и одговорно. Баравме квалитетни и одржливи решенија заедно со граѓаните. Секогаш го избиравме најдоброто за нашиот град. Направивме повеќе за 4 години отколку ВМРО за 22 колку што го управувал градот. Ги поставивме пред нас вистинските приоритети и започнавме веднаш со работа, многу работа. Чекор по чекор ги решававме натрупаните проблеми и заедно се радувавме на секој нов успех. Имавме објективни пречки, како што е пандемијата на КОВИД-19, а сепак успеавме. Не беше лесно, но вредеше. Задоволството на лицата на нашите сограѓани не може да се сокрие. Скопјани отсекогаш имале развиен осет за квалитетен живот за сите оние што тука го изградиле својот дом.

Градиме нови мостови, нови паркови, нови булевари, универзални сали и летни сцени, велопатеки и тротоари. Градот се развиваше рамномерно, секаде еднакво, без разлика дали живеете на север или на југ, на исток или на запад. За нас не постоеја важни и помалку важни населби, важни и помалку важни соседи, сограѓани. Секој од нас е еднакво важен и секој од нас има право на убав и квалитетен живот во својот град. Затоа Скопје, градот убав, градот на хуманоста и солидарноста заслужува да продолжи по вистинскиот пат, патот на развојот и напредокот на светските метрополи.

Пред вас е изборната програма што ќе ви покаже во која насока планираме да продолжиме. Работевме многу и докажавме дека можеме повеќе. Работевме заедно и докажавме дека знаеме што правиме. Да продолжиме заедно и да му покажеме на светот дека можеме и умееме да стигнеме до целта.

Скопје го заслужува најдоброто. Скопје е една поинаква приказна…

Чекор по чекор...

Скопје, една поинаква приказна!

Листа на советници за Град Скопје

  1. Софија Пејкова е родена 1975 година и живее во Општина Кисела Вода, по професија е пластичен и реконструктивен хирург, како и доцентка на Медицинскиот факултет во Скопје, а во моментов е директорка на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

  2. Мартин Попов е роден 1988 година во Скопје. Дипломирал на Еарлхам колеџ, Ричмонд Индијана, насока политички науки – дипломатија и меѓународни односи, а магистрирал на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје и се стекнал со титула магистер по бизнис администрација. Во моментот работи како директор на Центарот за истражување и анализа.

  3. Дрита Исљами Бафтири е родена 1996 година во Скопје. Образованието го завршува на Економскиот факултет и по звање е дипломиран економист. Дрита е професионална спортистка, олимпијка и државна рекордерка во атлетика.

  4. Славче Јовановски е роден 1986 година во Скопје. Студира на Универзитетот на Југоисточна Европа, насока Јавна администрација и политички науки, а во 2014 година завршува Специјалистички студии на смер Дипломатија, политички науки и новинарство при ФОН. Од 2013 година е член на Советот на Град Скопје во комисијата за комунални работи и животна средина и комисијата за урбанизам и сообраќај.

  5. Љубица Јанчева е родена 1969 година. По професија е доктор по историски науки. Работи како редовна професорка во ЈНУ Институт за национална историја. Авторка е на многубројни научни трудови од историјата. Претседателка е на Советот на Град Скопје.

  6. Горан Арсов е роден 1976 година година во Скопје. Тој е сопственик и директор на приватна фирма. Работел како координатор на кабинетот на претседателот на тогашната влада – г. Љубчо Георгиевски, а бил и советник во Советот на Град Скопје.

  7. Зоран Георгиевски е роден 1964 година во Кратово, а живее во Општина Кисела Вода. Има завршено Економски факултет, со магистратура на економски науки. Вработен е во Државниот завод за статистика во Скопје на работната позиција раководител на одделение и координатор на Сектор за регионални одделенија.

  8. Анжелика Апсис е родена 1971 година во Скопје. Има завршено историја на уметноста и археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. и се стекна со титула дипломиран историчар на уметност. Во моментот работи како ПР на Музејот на современа уметност.

  9. Гордан Шутаров е роден 1993 година во Скопје. Средно образование завршил во СУГС „Никола Карев“, а високо на Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде што се стекнува со звањето дипломиран правник. Во 2017 година станува магистер по административно право и jавна администрација.

  10. Габриел Бајрам е роден 1981 година во Скопје. Со завршено средно образование, во моментот работи како помлад соработник за односи со јавност.

  11. Лилјана Божиновска е родена 1962 година во Скопје и во моментот живее во Општина Бутел. Има завршено средно гимназиско образование, а по професија е претприемач во приватен сектор.

  12. Амир Мустафа е роден 1987 година година во Скопје. Завршил Факултет за економски науки при Европски универзитет Скопје, отсек финансиски банкарски и даночен менаџмент. Моментално е на втор циклус студии на Факултетот за економски науки, при Европски универзитет Скопје. Работното искуство го започнува во „Гемак трејд“, а подоцна и во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

  13. Рената Јајоска е родена 1989 година во Скопје. Член е на Советот на Општина Аеродром и претседател на комисија за труд и социјала. Има завршено Филолошки факултет, насока италијански јазик. Вработена е во Министерство за култура.

  14. Ајсељ Сејфула е родена 1981 година во Скопје и во моментот живее во Општина Гази Баба. По професија е дипломиран професор – воспитувач при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Вработена е во ЈОУДГ „Снежана“ – Општина Чаир. Член е на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

  15. Бранко Георгиевски е роден 1966 година во Скопје и живее во Драчево. По професија е дипломиран геодетски инженер.

  16. Константин Кратовалиев е роден 1963 година во Скопје. Живее во Општина Аеродром, а по професија е адвокат.

  17. Дина Спировска е родена 1990 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси каде што се здобива со звање дипломиран менаџер на човечки ресурси.

  18. Петар Петковски е роден 1993 година во Скопје. По професија е дипломиран економист – отсек банкарство, со завршени магистерски студии на Факултетот за туризам – отсек царина и шпедиција. Во моментот работи како советник на директор во ЈКП „Гази Баба’.

  19. Марија Тодороска е родена 1958 година во Скопје. По професија е професор по биологија – хемија. Вработена е како професор во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“.

  20. Верица Филиповска Нешевска е родена 1988 година во Скопје. Дипломирала на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, и се здобила со титула дипломиран комуниколог (комуникациски науки). Магистрирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања и се стекнала со титула магистер по менаџмент на човечки ресурси. 

  21. Васко Лазаревски е роден 1974 година во Скопје и живее во Општина Карпош. Дипломира на Природно-математичкиот факултет и се стекнува со звање дипломиран етнолог. Член е на Советот на Град Скопје од 2017 – 2021 година.

  22. Ива Стојковска Пројковска е родена 1991 година во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет. Во моментов живее во Општина Ѓорче Петров. Работи во ЈП „Водовод и канализација“.

  23. Едис Хасан е роден 1981 година во Скопје. Живее во Општина Шуто Оризари, а по професија е дипломиран политиколог при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вработен е во Генералниот секретаријат на Владата на РСМ и дел е од локалната самоуправа на Општина Шуто Оризари.

  24. Ибадет Џемаили е родена 1983 година во Скопје. Дипломирала на насока политички науки. Во моментот работи во Град Скопје.

  25. Енвер Хасиќ е роден 1972 година во Скопје. Образованието го започнува во основното училиште во с. Љуботен, а средно „Георги Димитров“ – 3 степен, и вонредно во АСУЦ Боро Петрушевски – 5 степен. Вработен е во сопствена фирма – „Џенко компани“ која се занимава со превоз на патници во јавниот градски превоз во Град Скопје.

  26. Јадранка Тодорова е родена 1962 година во Куманово, а во моментот живее во Општина Центар. Вработена е веќе 32 години во ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈП Македонија пат) на работното место – виш соработник за управување со човечки ресурси. Има дипломирано на Филозофскиот факултет при УКИМ – ННСГ – Социјална политика и социјална работа.

  27. Филип Даскаловски е роден 1988 година во Скопје. По професија е дипломиран новинар и магистер по административно право и јавна администрација. Во моментот работи како референт за маркетинг.

  28. Јулија Геровска е родена 1993 година во Русија, а во моментот живее во Општина Центар. По професија е дипломиран економист на отсек маркетинг. Вработена е во Општина Центар, а има искуство и во Секторот за работа на совет и претседателот на совет. Моментално е младински службеник.

  29. Божо Веселиноски е роден 1966 година во Скопје. По професија е инженер по полјоделство, со диплома од Земјоделскиот факултет при УКИМ, во Скопје. Работи како агрометеоролог во УХРМ при Хидрометеоролошкиот завод.

  30. Наташа Симиќ Левков е родена 1991 година во Скопје, а во моментот живее во Општина Кисела Вода. Симиќ е магистер по фармација, а во моментов е на специјалистички студии по фармацевтска регулатива. Вработена е во Агенцијата за лекови и медицински средства.

  31. Димитар Терзовски е роден 1967 година, а живее во Општина Аеродром. По професија е дипломиран правник, со положен правосуден испит. Како виш стручен соработник за правни работи, Терзовски е вработен во ,,Македонија осигурување“ АД Скопје – Viena Insurance group од 1996 година.

  32. Габриела Лебамова е родена 1991 година во Скопје. Вработена е во Општина Чаир, поконкретно во Секторот за јавни набавки.

  33. Рамиз Сулејман е роден 1996 година во Скопје. Има завршено средно образование, а во моментот работи како туристички водич.

  34. Мица Младеновска е родена 1957 година во Скопје. Во поглед на образованието, има завршено средна стручна спрема.

  35. Петре Трајковски е роден 1986 година во Скопје, а во моментот живее во Општина Кисела Вода.Дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, поконкретно бизнис-администрација. Во моментов работи како предметен наставник по економија, менаџмент и бизнис во СУГС „Кочо Рацин“.

  36. Ениса Дрндар Улач е родена 1984 година во Скопје, а во моментот живее во Општина Чаир. Образованието го започнува во средното економско училиште, а подоцна продолжува и на Економскиот факултет каде што се стекнува со звање дипломиран економист. Работи во Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ. Зборува македонски, турски, англиски и босански јазик.

  37. Весна Маџарова е родена 1964 година во Скопје, а во моментот живее во Општина Кисела Вода. Своето образование го има завршено во средното медицинско училиште и е вработена како медицинска сестра во приватна клиника.

  38. Гордана Ацеска е родена 1971 година во Прилеп. Основно и средно образование, гимназија, завршува во родниот град, а Филолошки факултет „Блаже Конески“, група Македонски јазик, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поседува лиценца за овластен лектор по македонски јазик од 1998 година. Живее и работи во Општина Аеродром како помошник-раководител на Секторот за работи на градоначалникот.

  39. Филип Нечевски е роден 1988 година во Скопје. Средно образование завршува во СУГС „Арсени Јовков“. Дипломира на Универзитетот Св „Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во 2010 година насока правни студии. Магистрира во 2012 година на Универзитетот Св „Кирил и Методиј“ Правен факултет „Јустинијан Први“ и се здобива со титула магистер по правни наук,и насока Граѓанско процесно и материјално право. 

  40. Дијана Милевска е родена 1980 година во Скопје. Работи во АДССДП на РСМ како референт за наплата.

  41. Невзат Нухиу е роден 1963 година во с. Горно Количани, а во моментот живее во Општина Чаир. По професија е машинобравар, а поседува и петти степен за возач инструктор за категориите Б и Ц.

  42. Софија Сетинова е родена 1974 година, а во моментот живее во Општина Гази Баба. Има завршено средно стручно образование. Моменталное вработена во приватен сектор, а има работено како советник во Општина Гази Баба.

  43. Славе Еленовски е роден 1982 година во Скопје. Додипломски студии завршува на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звање дипломиран правник, а во 2018 година го положува и правосудниот испит. Живее во Општина Аеродром, каде што и работи во Одделението за внатрешна ревизија како советник – внатрешен ревизор.

  44. Марина Анчевска е родена 1993 година во Скопје. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје и се стекнала со назив дипломиран економист на одделеот за маркетинг. Во моментот работи во Општина Кисела Вода како соработник во Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина.

  45. Миа Причкова е родена 1994 година во Скопје. Средното образование го започнува во СУГС „Никола Карев“, а потоа се запишува на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што се стекнува со звање дипломиран економист. Од 2018 година работи во ЈП „Водовод и канализација“, во секторите за наплата, финансии, правни и општи работи.