Сашо Велковски

Општина Свети Николе

Предизвикот да се биде градоначалник и да се успее во средина во која си се родил, во која растеш, живееш со своето семејство, меѓу голем број пријатели е огромен. Емоциите и задоволствата се поголеми кога во нашата општина се создаваат услови за развој, современа инфраструктура и квалитетна животна средина, со цел подобрување на квалитетот на живеење.

Имаме јасна визија за нашата општина да прерасне во урбана и просперитетна општина со создадени услови за економски и социјален развој, со чиста животна средина, која ќе биде вистинско место каде што сите ќе го градат својот дом, своето семејство. Визија врз остварлива програма и со цел решавање на проблемите на нашите сограѓани, но и создавање услови за подобра иднина на сите нас. 

Решени сме со нашето знаење и искуство посветеност да ги ставиме сите капацитети на располагање за да ги решиме проблемите на нашите сограѓани. И овој пат слушајќи ги барањата на вас граѓаните, акцентот го ставаме на овозможување здрава и чиста животна средина каде што во преден план ќе бидат изградбата на канализациски мрежи во населените места и решавање на проблемите со чиста вода за пиење, изградба на патишта, улици, изградба на детски градинки.

Нудиме поголеми можности преку локалниот економски развој за нови поголеми инвестиции во производството на зелена енергија по која е препознатлива нашата општина, како и отворање стопански капацитети што ќе значат нови работни места и задржување на младите и нивна сигурна иднина.

Продолжуваме и со активната поддршка на граѓанскиот сектор, како и на сите спортски клубови од нашиот град, постојаната комуникација со пензионерите и подобрување на условите за спокојни пензионерски денови.

Целиот мој потенцијал, целото мое искуство, труд и посветеност ќе бидат во функција на граѓаните на Свети Николе. Заедно со мојот тим, со општинската администрација и советниците, ќе вложиме се од себе, да ги реализираме потребите и барањата на нашите сограѓани.

За Свети Николе со ♥

Пет клучни проекти за иднината на Свети Николе

Општина Свети Николе во моментот целокупната количина вода за пиење ја снабдува од ХС „Злетовица“. Технолошкиот процес за добивање пивка вода за пиење е застарен и согласно со тековниот процес се губи голема количина вода за време на преработката. Затоа е потребно комплетна реконструкција на филтер-станицата со воведување нова современа технологија како и проширување на капацитетот на филтер-станицата со можност за преработка на големи количини вода до 100 л/с. Со реализација на овој проект Свети Николе ќе добие поевтина вода за пиење, а дава и можност за реализација на уште еден проект, а тоа е нова водоводна линија од филтер-станицата до с. Ерџелија со што го решаваме и водоснабдувањето во Ерџелија каде што граѓаните користат само техничка вода.

Чиста вода живот значи

Спортско-рекреативен комплекс

Децениското барање на младите за изградба на базен во Свети Николе се планира со конечна реализација. Благодарение на досегашната позитивна финансиска ситуација, обезбедени се сите услови за довршување на градбата на затворен градски базен. По завршувањето на постапката за урбанизација на просторот како и завршениот конкурс за идејно решение како ќе биде базенот се оди на негова конструкција. Љубителите на спортот и рекреацијата можат да уживаат во убавините на базенот со сите придружните објекти што ќе бидат во рамките на објектот.

Донесувањето на ГУП на Општина Свети Николе во минатата години овозможува подобро планирање на просторот со цел привлекување инвеститори од која било гранка што ќе вработат одредена слободна работна сила, особено младите. Во тек е донесување на други планови каде што се предвидени производствени капацитети од лесна и незагадувачка индустрија како и изградба на хотелски комплекси со цел развој на туризмот. Со отворање на автопатот Штип – Свети Николе – Скопје, заинтересираноста на инвеститорите е сѐ поголема, па затоа локалната самоуправа има можност за донесување голем број урбанистички планови што ќе го забрзаат процесот на привлекување домашни и странски инвеститори.

Нови плански опфати за привлекување инвестиции

Изградба на нов модерен градски парк

Потегот на Новиот градски парк во изминатиот период го изгуби своето значење како парк во вистинска смисла на зборот. Затоа е потребно негово уредување со нови спортски содржини и поставување урбана опрема. Изградба на нови пешачки патеки, трим-патека, фитнес-зона, мултифункционално спортско игралиште, поставување урбана опрема и осветлување со цел добивање нов лик и намена на просторот. Во исто време е предвидено истиот простор да биде збогатен со нови садници и хортикултурно уреден. Тој ќе биде наменет за сите категории граѓани, со што конечно овој дел од Свети Николе да биде вистинско место за уживање и рекреација. На истиот потег се наоѓа и црквата „Св. Лидија“ и можноста за привлекување туристи, коишто ќе уживаат во овој дел од градот што ќе биде значаен за нас. Рок за реализација:2024 година

Во претходниот период се докажавме како општина во која можностите за привлекување инвестиции за фотоволтаични централи и ветерници е најголема во државата. Дел од ваквите инвестиции се остварија во претходниот период. Но мојата визија за развој на овие инвестиции е уште поголема. Располагаме со прекрасни подрачја од земјоделската површина во општината каде што имаме пониска категорија класа на земјиште што единствено може да се искористи за овој вид инвестиции. Интенција на локалната самоуправа и моја ќе биде во соработка со Владата да овозможиме побрза трансформација на земјиштето и подобрување на можностите за инвестиции. На ваков начин ќе го зголемиме и производството од алтернативните извори на енергија, што од друга страна, значи и намалување на штетните емисии на гас во атмосферата и зголемување на енергетскиот потенција на самата држава.

Алтернативни извори на енергија

Листа на советници за Општина Свети Николе

  1. Игор Јованчев
  2. Елизабета Јованчева
  3. д-р Борис Панев
  4. Саша Мицевска
  5. Игор Поповски
  6. Софија Душановска
  7. Александар Ивановски
  8. д-р Билјана Ефтимова
  9. Дејан Гичев
  10. Росана Христова
  11. Ненад Арсовски
  12. Христина Герасимова
  13. Перица Паневски
  14. Билјана Василова
  15. Зоран Цветанов