Стојан Николов

Општина Росоман

Почитувани сограѓани, другари и другарки

Нема поголема чест и задоволство за еден човек од тоа да може да допринесе за раст и развој на општината во која што живее. Јас ја добив таа чест и можност да ја побарам вашата доверба за да бидам ваш градоначалник во наредните четири години и како прв меѓу еднаквите заедно со вас да ја развиваме нашата Општина Росоман. 

Ние сме мала општина  во која сите сме поврзани меѓусебно, заедно ги минуваме тешките моменти но и заедно се радуваме и ги прославуваме успесите и токму тоа е она што нѐ прави посилни и единствени. 

Како човек што е во постојана комуникација со сите верувам дека нашата општина може да прерасне во модерна и развиена општина, општина во која мојата генерација, младите ќе ја градат иднината токму тука на своето.

Пет клучни проекти за иднината на Росоман

Со оглед на тоа што патната и сообраќајната инфраструктура во Општина Росоман е на незавидно ниво во новата програма предвидуваме целосна реконструкција и изградба на нова инфраструктура.

Изградба и реконструкција на патната и сообраќајната инфраструктура

Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на фекалната канализација

Со изградбата на атмосферската канализација, односно на сите краци и реконструкцијата на фекалната канализацијата директно инвестираме во инфраструктруни  проекти со кои ќе го подобриме условите за живот на нашите сограѓани, но и решаваме проблем што е повеќегодишен и ќе обезбедиме подобри услови за многу наши идни генерации.

На патен правец Росоман – Градско во соработка со Општина Градско Во соработка со владата на РСМ;

И на патниот правец Росоман Кавадарци  во соработка со владата на РСМ.

Со овој проект инвестираме во индустриски зони во инфраструктура за тие зони со што ќе допринесеме за нашите бизнисмени да инвестираат и градат објекти токму во нашата општина. Но ќе ги поттикнеме и странските инвестиции во нашата општина.

Изградба на индустриски зони

Решавање на проблемот со водоснабдувањето

Со оглед на тоа што со сегашното решени за водоснабдувањето не е целосно решено прашањето за водоснабдувањето во програмата предвидуваме ревидирање на договорот со Општина Кавадарци со цел  да се склучи нов договорот што ќе ги исполнува реалните потреби на граѓаните на нашата општина.

Нашата општина за четири години со гордост ќе можеме да ја наречеме екоопштина преку екопланот што го предвидуваме, и тоа: Во наредниот четиригодишен мандат ќе обезбедиме дополнителна ѓубралка за смет со што постојано ќе се собира сметот од сите населени места, обезбедување метларка за чистење на улиците, чистење на дивите депонии и осовременување на депонијата во Росоман, инвестирање во обновливи извори на енергија, зголемување на надлежностите на ЈКП Комуналец.

Екоопштина

Листа на советници за Општина Росоман

  1. Анета Јоновска Љубенова
  2. Игор Милошевиќ
  3. Емилија Симонова
  4. Небојша Маринковиќ
  5. Бранкица Несторовска
  6. Робертино Ѓорѓиев
  7. Спасена Пешиќ
  8. Кристијан Дојков
  9. Верица Станимировиќ Дојкова