Тони Делков

Општина Неготино

Во периодот 2017-2021 ми беше чест и мое огромно задоволство што бев ваш градоначалник, што работев заедно со вас на решавањето на голем дел од проблемите што долги години беа мои и ваши проблеми, а за кои реално како да немало решенија, како да биле заборавени од времето.

Мојата приоритетна задача со моето преземање на функцијата градоначалник беше најпрво, пред сѐ, друго, да обезбедам ВОДА за моите сограѓани. Животот без вода и со секојдневни рестрикции во 21 век не беше дозволено повеќе!!! Затоа тоа и го решивме уште во првата година по моето доаѓање на чело на Општина Неготино. Обезбедивме нормален живот, услови за лична хигиена и за сите други потреби во секое време од денот и ноќта. Водата веќе не е привилегија за неготинчани. ВОДАТА ја имаме во секое време, но притоа грижливо и постојано укажуваме дека мора да продолжиме совесно нејзино трошење! Истовремено преземаме нови активности за надминување на загубите на вода со реконструкција и замена на постојната водоводна мрежа на разни делови од градот…

Како ваш градоначалник ја чувствував грижата и потребата на многубројните родители за место плус во детската градинка. Денес сум горд и исправен пред вас, драги родители, баби и дедовци на вашите внуци, затоа што и овој проблем веќе е решен. Имаме НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во која сместуваме 169 дечиња. Изградивме современ објект по стандарди и нормативи за здрав и правилен развој на децата…

Мои сограѓани, вашите потреби за ЗЕЛЕНИ МЕСТА за рекреација и одмор беа моја обврска кон вас. Затоа во овој четиригодишен период зад нас ние имаме повеќе зелени површини, реновирани паркови во градот, но исто така и во населените места. Имаме ПОДОБРЕНИ КОМУНАЛНИ УСЛУГИ преку набавени нови машини, возила и други уреди и тоа е евидентно во нашето секојдневие. Имаме почист и поубав град! Имаме нови и РЕНОВИРАНИ УЛИЦИ во градот и во сите населени места, а го решаваме и проблемот со сообраќајниот метеж за што формиравме и ново јавно претпријатие!!!

Заеднички, солидарно со сите човечки и материјални ресурси се боревме и се справувавме со пандемијата од КОВИД-19 што го зафати светот, а не нѐ одмина и нас! За жал, многу наши сограѓани ги изгубија своите животи, а на нивните семејства и на сите други заболени се трудевме да помагаме секогаш во рамките на нашите можности! Со апел за масовна вакцинација и во овие мигови повикувам да се заштитиме себеси, да ги заштитиме другите! Потребна е масовна имунизација и таа зависи од сите нас! Остануваме будни со сите потребни мерки за заштита и во следниот период!

Почитувани сограѓани, верувам и сигурен сум дека сите вие препознавте и видовте нов сјај на нашата Општина. Верувам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав пред вас. Само со искрен пристап пред себе и пред другите треба заедно да го истакнеме позитивното и направеното досега и да изградиме план за иднината! Тоа се доволни причини да ја побарам поддршката пред вас и овој пат за мој следен мандат! Проектите што се во тек, оние што останаа незавршени, но и новите што треба заеднички да ги иницираме, ќе можеме во континуитет да ги реализираме со чесна, домаќинска, транспарентна и посветена работа во наредниот четиригодишен период! Продолжуваме заедно уште посилно и уште подобро за нашето Неготино и за сите населени места!

Со срце и со љубов го нудиме најдоброто за нашата оштина, за Општина Неготино!!!

Пет клучни проекти за иднината на Неготино

Комплетно е изготвена техничка документација и ревизија за изградба на јужна и северозападна обиколница во Општина Неготино. Проектот за подготовка на техничката документација е реализиран во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион. Станува збор за 3 делници од јужна обиколница (ул. „Новопроектирана 1, 2 и 3“ со сите потребни детали) со вкупна должина од 3400 метри. Делот пак Северозападна обиколница е во должина од 3800 метри со приклучни патишта до постојна сообраќајна мрежа во должина од околу 2500 метри. Средства за реализација  на овие сообраќајни решенија Општина Неготино ќе планира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта.

Изградба на јужна и северозападна обиколницa

Изграба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Неготино

Општина Неготино е една од општините во РСМ што е опфатена со магистралниот гасовод Клечовце – Штип − Неготино − Битола. За градот Неготино, на овој магистрален гасовод е поставен приклучок и Главната мерно-регулациска станица (ГМРС) со соодветен капацитет (7 000 m3/h). Општина Неготино во периодот 2020-2021 година со поддршка на УНДП подготви техничка документација за изграба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Неготино. Целта, т.е. намерата на Проектот за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Општина Неготино е зголемување на конкурентноста на локалната економија преку овозможување пристап на сите корисници до најевтиниот енергенс, природниот гас, со истовремено подобрување на квалитетот на животот на локалната заедница. Како целна група врз која ќе влијае проектот во иднина со негова реализација во секундарната гасификациска мрежа се јавните институции во Општината и некои поголеми индустриски потрошувачи – Фаза 1 (основни училишта, средно училиште, детска градинка со два клона, подрачни министерства, управа за јавни приходи, градски музеј, градска библиотека, зграда на Општина Неготино, Центар за култура, Фонд за здравство, Агенција за вработување, Центар за социјална работа, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, полициска станица, болница, спортска сала и други) .

За уредување на просторот во близина на СРЦ „Младост“ во овој момент располагаме со прифатливи идејни решенија, со кои се предвидува целосно уредување преку можност за изградба на парковски површини, велосипедски патеки, скејт-парк, поставување спортски реквизити и сл., преку кои овој простор ќе израсне во модерен комплекс за секојдневна рекреација на локалното население како и за развој на туризмот. Со новите содржини и новата интервенција се планира програма што ќе го раздвижи просторот анимирајќи го и во полето на гатсрономијата, културата и алтернативните спортски активности. Во првата фаза се предвидува изработка на комплетна проектна документација во која детално ќе бидат уредени сите содржини што би се опфатиле во овој проект. 

Рекреативно и хортикултурно уредување на просторот во близина на СРЦ „Младост“

Комплетно уредување на просторот околу спомен-обележјето „СААТ-КУЛА“

Просторот околу спомен-обележјето „Саат-кула“, која датира од 1821 година во Неготино ќе се уреди со парк, пешачки патеки, паркинг-простор, урбана опрема по целиот простор, детско игралиште и детски реквизити.

Проектот се финансира со средства од Европската Унија преку ИПА-СБС програмата на  Република Грција и Република Северна Македонија, а е кофинансиран од Министерството за локална самоуправа. Во јуни 2021 година Општина Неготино потпиша договор со Општина Пела од Грција за реализација на проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој“ со Aкроним  „wine-up“.

Проектот опфаќа неколку активности:

– Комуникација, промоција и запознавање на јавноста со проектот;

– Поддршка на вработување во туризмот;

– Организирање винска тура;

– Организирање на „Свети Трифун“;

Во овој дел се поврзуваат регионалниот пат Неготино – Кавадарци со улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“. Преку реализација на овој проект на овој дел од градот Неготино се предвидува ново сообраќајно решение што ќе предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација и инфраструктурна опременост. Целта на овој проект ќе биде да се постигне повисок стандард во однос на: обезбедување на сите сообраќајни услови за проточност и безбедност на сообраќајот и комплексно решавање на сообраќајот и поврзување со инфраструктурни системи, како и можност од реализација на нови системи.

Сообраќајно решение на влезот во Неготино од Кавадарци

Листа на советници за Општина Неготино

Лазар Најдов Чолак

Елизабета Трпковска 

Елизабета Трпковска 

Пепица Ѓорѓиева

Д-р. Мики Мирчев 

Гоце Димитров

Орданчо Димитров

Софија Илиевска

Диме Витанов

Сања Дуракова Ганчева

Елена Трајкова

Игор Огњанов

Виолета Стојанова

Идриз Јусуфов

Наташа Трајковска