Горан Тодоров

Општина Кавадарци

Тука сум пред вас да ја барам вашата доверба за да ја водам Општина Кавадарци, носејќи се со сите ваши предизвици и проблеми. Нашата општина е место што ми буди силни емоции на спомени од најраната младост. 

Место што ме изградило како човек, и место што сакам со гордост да го оставиме на идните генерации како достоинствен и просперитетен дом. Јас доаѓам од приватниот сектор. Работам како менаџер на една од најуспешните компании во делот на производство на безалкохолни пијалаци. Моите животни и професионални искуства стекнати во минатото сакам да ги искористам и од Кавадарци да направиме убаво и посакувано место за живеење.

Општина на среќни и задоволни граѓани. Да направиме најдобра општина, општина без корупција, економски моќна, уредена и чиста, вистински сервис на граѓаните.

Општина со која сите ние ќе се гордееме.

Лозарството е еден од клучните гранки во нашата општина, во која е постојано актуелен проблемот со откупот на грозјето. За решавање на проблемите со вишоците, и цената на грозјето, ние ќе направиме регионален откупен центар. Како една од најразвијните општини, на Кавадарци му е насушно потребен природен гас како евтин енергенс за домаќинствата и компаниите. Наш клучен проект ќе биде поврзување со гас на секоја компанија и домаќинство во Кавадарци.

Кавадарци е моментално еден од најзагадените градови во државата.

Ние оваа состојба значително ќе ја подобриме. Ќе изградиме пречистителна станица за отпадни води, значително ќе го зголемиме зеленилото во градот, ќе поставиме зелени ѕидови, строги контроли на загадувачите, воведување на зелен данок за нив, со цел чиста и здрава животна средина. Јас сум убеден дека кавадарчани ќе ја препознаат нашата понуда и ќе гласаат за модерен и европски град.Град со одлична инфраструктура, со чист воздух и здрава животна средина, урбано целосно уреден, економски силно развиен. Град каде што секој граѓанин ќе може достоинствено да живее.

Пет клучни проекти за иднината на Кавадарци

Граѓаните на Општина Кавадарци досега беа изложени на високи трошоци за електрична енергија поради неможноста да ги користат бенефициите од природниот гас како евтин енергенс. Кавадарци како индустриски град и како втор град според извозот во Македонија, има насушна потреба од воведување гас што би го користеле фирмите, домаќинствата, но и јавните установи.Недостигот од поевтини и од лесно достапни енергенси е една од најчестите причини што ги одбива инвеститорите и негативно влијае на локалниот економски развој. 

Со изработка на студија, техничка документација и со изградба на дел од примарната гасоводна мрежа, во првата фаза, стопанските и јавните субјекти, а во втората фаза, и домаќинствата ќе добијат многу поевтин енергенс.

Со тоа, граѓаните и јавните институции ќе заштедат сериозни финансиски средства, а стопанството ќе биде многу поконкурентно.

Овој проект ќе претставува конкретен стимул за динамичен локален економски развој и за подобрување на социјалната сигурност на граѓаните.

Гасификација на Општина Кавадарци

Пречистителна станица во Кавадарци

Отпадните води од Кавадарци одат директно во реката Луда Мара, а со тоа ја загадуваат животната средина. Кавадарци е еден од градовите каде што не се врши третман на отпадни води, односно канализацијата се испушта директно во реката. 

Со тоа се загадува животната средина и влијае врз егзистенцијата на населението што живее во тие области. Со овој проект за пречистителна станица трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина. 

Пречистителната станица се гради за да се исполни основната цел, односно пречистување на урбаните и индустриските отпадни води во Кавадарци. Со изградбата на пречистителна станица достигнуваме повисоки стандарди, критериуми и квалитет на живот и на нашите граѓани. Овој проектот значи голем исчекор во заштита на животната средина. 

Лозарите речиси секоја година се соочуваат со проблеми во откупот, со несигурен откуп на грозје и со ниски цени на грозјето, што всушност претставува еден од клучните проблеми во оваа дејност. 

Проблемите со откупот на грозје како и ниските откупни цени, се појавуваат како последица на честите вишоци на грозје, заситеноста на малиот македонски пазар за грозје и вино и сл.

Поради таа цел, Општина Кавадарци за првпат ќе изгради регионален откупен центар на територијата на општината. Во овој регионален центар лозарите ќе можат да го продаваат своето грозје, на купувачи, пред сè, од странство, односно на оние од регионот, меѓутоа и на домашни купувачи и винарници.  

На овој регионален откупен центар ќе се привлечат купувачи од регионот, да доаѓаат и да го купуваат грозјето, да се зголеми побарувачката за грозје во овој регион, а со тоа да се реши проблемот со откупот и ниските цени.

Изградба на регионален откупен центар за грозје

Проект „Зелено Кавадарци“

Загадувањето е еден од клучните проблеми со кои се соочува Општина Кавадарци. Во рамките на законските можности, а во соработка со надлежното министерство, граѓанскиот сектор, фондациите и сл., ќе спроведуваме политика за заштита на животната средина, согласно со европските стандарди.  

На младите талентирани и кретивни луѓе сакаме да им помогнеме и да ги поттикнеме да започнат сопствен бизнис, овде во Кавадарци. 

Токму затоа новата локална власт предводена од СДСМ ќе се изгради Центар за започнување бизнис (бизнис и стартап-центар), каде што младите кавадаречки претприемачи ќе добијат бесплатни деловни простории за своите новоосновани, стартап-компании. Со овој проект ќе се намали иселувањето, ќе се стимулираат младите да поведат иницијатива, креативно да размислуваат и од тоа самостојно да заработуваат. 

На долг рок, овие компании со својот раст и развој ќе вработуваат нови млади луѓе, со што ќе се намалува и невработеноста во градот, ќе растат платите, а со тоа и животниот стандард.

Формирање бизнис стартап-центри, за млади претприемачи

Листа на советници за Општина Кавадарци

  1. Диме Коцев 
  2. Валентина Бањанска 
  3. Вуко Мелов
  4. Веса Богева 
  5. Павле Маневски
  6. Даниела Ивановска 
  7. Горан Ѓорѓиев
  8. Милица Андова 
  9. Димче Димов 
  10. Анѓелка Стефанова 
  11. Влатко Митровски
  12. Енеса Алимова
  13. Тони Јованов
  14. Магдалена Сирмева
  15. Перо Стојанов 
  16. Менча Бошкова 
  17. Марјанчо Павлов 
  18. Нада Андрева
  19. Атанас Петков