Роберт Бешовски

Општина Градско

Заедно изодивме пат долг 4 години. Четири необично стресни години. Но сепак, и со изменети приоритети и во сложени услови, успеавме да ги совладаме сите тешкотии и на прво место го ставивме здравјето и безбедноста на жителите. 

Јас потекнувам од оваа средина. Овде пораснав, оформив образование и пак се вратив тука да останам на родното огниште, тука да ги растам моите деца во чиста и здрава животна средина, но во економски силна урбана заедница, со сите удобности што ги бара современиот живот, стопански развиена и материјално моќна. И не само моите деца, ќе создадам сите млади што ја напуштаат општината за школување да се вратат тука, да развијат свој бизнис и да останат во срцето на Северна Македонија. Сите проекти што ги предлагам во мојата изборна програма се во прилог на оваа моја намера.

Функцијата градоначалник бара одрекувања, бара посветеност, одговорност, саможртва, изложеност на критики и клевети, но сето тоа наспроти бенефицијата – развиена општина е вредно да се поднесе. 

Вашиот глас е потврда дека заедно можеме да создадеме општина за сите – Општина Градско во секое нејзино населено место. 

Ви благодарам!

Пет клучни проекти за иднината на Градско

Еден од основните предуслови за квалитетно живеење, особено во урбаните средини е постоењето на добра комунална инфраструктура. Во централното подрачје на Градско не постои изградена атмосферска канализациска мрежа, со што нема капацитет целосно да ги прифати атмосферските води. Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се обезбедат подобри услови за живот.

Изградба на главен крак за атмосферска канализација на ул. „Александар Македонски“ во Градско

Изградба на велосипедска и пешачка патека на Р1102 - ул. „Александар Македонски“

На магистралната улица „Александар Македонски“ ќе изградиме велосипедска патека за поголем развој на велосипедскиот сообраќај, вклучувајќи и пешачка патека за безбедно движење на населението. Со ова ќе овозможиме унапредување на велосипедската инфраструктура со која Општина Градско досега не можеше да се пофали.  Нашата цел е да им овозможиме на сите оние што користат велосипед безбедно и без препреки да стигнат до посакуваната дестинација.

Оваа делница постои, но не за вистинската намена. На територијата на Општина Градско, односно близу населбата Стопанство, постојната сообраќајница е во употреба повеќе години и има земјена коловозна конструкција, која е во лоша состојба. Бенефицијата од изградбата на сообраќајницата ќе ја ужива целото население на населбата Градско.

Изградба на обиколница во Градско

Реконструкција на ул. „8. Септември“ со изградба на атмосферска канализација

Еднаквиот третман на жителите е главна цел на сите целни групи што ќе бидат вклучени, односно што ќе ја користат оваа улица, преку слободна, побрза и побезбедна мобилност, независно за потребата од минување низ оваа улица. Воспоставувањето еднакви можности на своите граѓани е важна алка при реализација на овој значаен проект.

Со изградбата на овие две улици трајно ќе биде решен инфраструктурниот проблем на жителите од овој дел на селото Виничани, со што ќе им овозможи полесен пристап до посакуваната дестинација.

Изградба на улица „Илинденска“ крак 1 и крак 2 и улица „Македонија“ во с. Виничани

Листа на советници за Општина Градско

  1. Слободан Бошков 
  2. Maja Андовска 
  3. Боне Спасовски 
  4. Сеат Сулковиќ 
  5. Гордана Христова 
  6. Викторија Дукова 
  7. Орце Данев 
  8. Амра Хот