Лазар Петров

Општина Демир Капија

Во минатиот период од четири години, заедно чекоревме по еден пат кој беше исполнет со многу предизвици, подеми и падови. Среќен сум што имав чест да ја добијам вашата доверба и да бидам вашиот градоначалник. Заедно, со многу љубов, работа и посветеност, направивме Општина Демир Капија да стане препознатлива и да биде една од најатрактивните мали општини. Сознанието дека се работи за една од најдинамичните општини во поглед на бизнис-активностите, посебно во областа на туризмот и угостителството, ме прави навистина горд бидејќи се вложив себеси со својата душа, знаење и искуство. Но, на овој пат не бев сам, вие бевте до мене, вие бевте мојата сила… И продолжуваме понатаму… Продолжуваме, сè до моментот кога нашата Демир Капија ќе се издигне во атрактивен простор за инвестиции, со изградена инфраструктура, во општина со зголемен број бизниси преку партнерството со приватниот сектор, еколошки чиста средина, со развиен туризам и земјоделство, сè додека не станеме општина во која ќе се живее чесно и достоинствено.

Пред себе поставив проекти што имаат големо значење за Општина Демир Капија. Со позитивна енергија и добра мисла, јас и вие влегуваме во една нова етапа. Свежите идеи, практичните решенија и упорноста ќе ни бидат водилки да создадеме плодна почва, Демир Капија да стане пристојно место за живеење, со развиена и функционална инфраструктура и поволна економска клима за привлекување инвеститори. Со вашата поддршка ќе реализираме проекти кои ќе го подобрат земјоделството, ќе ја подигнат културата на повисоко ниво, ќе се избориме за поквалитетно образование и за отворање нови работни места.

Сите заедно, јас и вие, сме Демир Капија и така и ќе остане бидејќи само сплотени заедно можеме уште повеќе и  уште подобро…

Пет клучни проекти за иднината на Демир Капија

Топлиот оброк и здравата исхрана на учениците во основното образование е од особена важност за здравиот раст и за развој на ученичката популација. Со реализацијата на овој капитален проект, кој беше инициран на барање на Советот на родители, ќе се реши повеќегодишниот проблем со исхраната на учениците од прво до деветто одделение кои се принудени да се хранат со брза храна или со храна која ја донеле од дома. Во моментот училиштето не располага со училишна трпезарија, па учениците својот оброк го консумираат во училишниот двор или во холот на училиштето.

Изработена е проектна документација со која се предвидува објектот кој ќе се простира на вкупна површина од 1.012 м2 да биде изграден по најсовремени ХАССАП-стандарди и стандарди за енергетска ефикасност. Училишната кујна со трпезарија ќе биде составена од приземје (каде што ќе бидат лоциран просторот за подготовка на храната, тоалетите и гардеробите за вработените) и од кат на кој ќе биде сместена трпезарија со капацитет за 80 лица и тоалети за учениците.

Со изградбата на овој објект и неговото ставање во функција ќе се создадат и предуслови за воведување продолжен престој на учениците од Рок на реализација; 2021 2023 г.

Целна група; Учениците во ООУ „Димче А. Габерот“ прво до петто одделение.

Изградба на училишна кујна со трпезарија во ООУ „Димче А. Габерот“

Инвестиции за развој на спортот и спортски објекти

Демиркаписката клисура е најзначајната вардарска клисура и претставува една од најинтересните природни реткости на Балканот. Убавините на клисурата претставуваат посебна атракција за туристите и минувачите и предизвикуваат восхит од творештвото на природата. Како резултат на големиот интерес од алпинисти и спортски искачувачи од целиот свет, произлезе идејата за отвoрање Центар за искачување (болдер-карпа), фитнес и рекреација. 

Рок на реализација: 2021 2022 г.

Целна група: Алпинисти, спортски искачувачи и љубители на екстремни спортови.

Демир Капија е град што располага со извонредни климатски и културни вредности и, како таков, на картата се забележува во групата на најпривлечните во земјата. Со реализацијата на проектот за изградба на автобуска станица се очекува да се зголеми фреквенцијата на луѓе кои би ја посетиле, а истовремено ќе се олесни движењето на жителите на Демир Капија и на околните населени места.

Рок на реализација: 2021 2023 г.

Целна група: Граѓаните на Општина Демир Капија

Изградба на автобуска станица

Изградба на прoчистителна станица за отпадни води

Со изградба на прoчистителна станица на реките Бошавица и Вардар, каде што се излеваат поголем дел од отпадните води од домаќинствата, ќе се придонесе и за заштита на растителниот и животинскиот свет.

Рок на реализација: 2021 2023 г.

Целна група: Граѓаните на Општина Демир Капија

Уредување на постојната чешма и изградба на нов парк со детско игралиште, со што ќе се придонесе за поголема социјализација и подобрување на квалитетот на животот на жителите во с. Корешница и во околината.

Рок на реализација: 2021 2023 г.

Целна група: Граѓаните на с. Корешница и околината

Хортикултурно уредување на с. Корешница

Листа на советници за Општина Демир Капија

  1. Ивана Лазова
  2. Трајче Николовски
  3. Елизабета Петрова
  4. Ефкан Усинов
  5. Јулија Иванова
  6. Петар Катаров
  7. Соња Симонова
  8. Александар Јанев
  9. Даниела Каранфилова