Горан Стојановски

Општина Чашка

Почитувани сограѓани,

Со чувство на длабока почит и одговорност кон идните генерации, Ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Чашка. Да се води  една од најголемите мултиетнички општини во нашата држава е задоволство, но во исто време голем предизвик.

Различните култури, традицијата, природните убавини специфични за нашата општина, се нашето најголемо богатство кое треба со гордост да им го пренесеме на следните генерации. Нашата општина има потенцијал да се развива во отворена, модерна и развиена општина која нуди подобро утре за сите граѓани, можности за напредок за нашите млади, општина во која владее соживот меѓу заедниците.

Пет клучни проекти за иднината на Чашка

Општина Чашка изработи проектна документација за изградба на фекална канализација во текот на минатата година која предвидува секундарна мрежа, примарна мрежа и пречистителни станици во двете населени места во кои живеат околу 4.000 жители.   

Изградба на фекална канализација со пречистителни станици за селата Горно и Долно Јаболчиште

Изградба на комплетна инфраструктура за Локалната економска зона во населбата Чашка

За развојот на економијата во Општина Чашка и за креирањето работни места се обезбеди локација во близината на населбата Чашка, на површина од 30 хектари, за изградба на индустриска зона.

Сам по себе, тоа е уникатен проект кој предвидува асфалтирање на 4 км асфалтен пат и поврзување на регионалниот пат кај населбата Стари Град, како и партерно уредување на просторот околу географскиот центар кој ќе прерасне во атракција со државни размери и ќе влијае врз развојот на туризмот во нашата општина.

Изградба на локален пат и партерно уредување до географскиот центар на РСМ во Долно Врановци

Изградба на Дом на културата во населба Чашка

Проектот предвидува голема сала со можности за театарски претстави и кинопроекции, општинска библиотека, медиотека, читалница и мала сала за состаноци. Станува збор за грандиозно дело кое самото по себе ќе биде центар на сите културни збиднувања во нашата општина.

Изработена е проектна документација за реализација на овие проекти. Со реализацијата на овие проект повеќе од 300 жители и околу 150 семејства ќе добијат фекални канализации во самите населени места со преттретман на отпадни води.

Изградба на фекални канализации во Согле и во Горно Врановци

Листа на советници за Општина Чашка

  1. Доан Шабановски
  2. Драгица Драскачева
  3. Рушит Садиков
  4. Николче Богoeвски
  5. Светлана Костова
  6. Агим Азизов
  7. Марија Димовска Гиновска
  8. Муамед Салиовски
  9. Адријана Стефановска
  10. Сенафие Максудова