Борче Гиевски

Општина Зелениково

 Почитувани сограѓани, драги мои пријатели, соседи, соработници и познаници, жители на нашата општина Зелениково, драги млади луѓе, Со чувство на длабока почит и одговорност кон идните генерации, ви се обраќам вам да ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Зелениково.

Општина Зелениково има право да се гордее со своето минато и има услови да го продолжи тој пат, за најголема извесност да ги продолжи таквите достигнувања за генерациите кои доаѓаат.

Влегуваме во наредната четиригодишна фаза во развојот на Општина Зелениково со умни и храбри чекори, со идеи и проекти кои чекор по чекор , и забрзано ќе водат и ќе доведат до извонредно уредена општина, со хармонизирани услови и околности и во урбаната и во комуналната и во сообраќајната и во безбедносната, и во стопанската сфера, за еколошки развиена средина, пријатно место за живеење за сите граѓани.

Пет клучни проекти за иднината на Зелениково

Изградба на локален пат с. Смесница – с. Гумалево со кој ќе се овозможи непречено движење како за жителите така и за другите корисници, постои проект за овој локален пат со соодветна документација и  рок за реализација  2022-2023 година. 

Изградба на локален пат с. Смесница – с. Гумалево

Изградба на детска градинка во м.в. Плоча Станица Зелениково

Изградба на детска градинка во м.в. Плоча Станица Зелениково, со кој ќе се создадат услови за згрижување на повеќе деца од територијата на Општина Зелениково. Овој проект е од големо значење за граѓаните и родителите, особено од околните населени места, се со цел да се обезбедат доволно места во градинката за сите дечиња и да не се чека ред за запишување.

Изградба на локален пат с. Пакошево – с. Таор, со кој ќе се овозможи квалитетна сообраќајна услуга и за жителите на двете села и за другите корисници за кој веќе постои проект – рок за реализација 2021-2024.Очекуван ефект од изградбата е слободно и безбедно движење на моторни возила, земјоделска механизација, велосипедисти и пешаци.

Изградба на локален пат с. Пакошево - с. Таор

„Чиста и здрава вода за пиење“

„Чиста и здрава вода за пиење“, изградба на водовод за с. Градовци  и соодветна поврзаност со градската водоводна мрежа за кој веќе има проект и соодветна документација а истиот ќе се реализира во текот на 2021-2022 година. Ефект од реализацијата на овој проект е редовно снабдување на жителите на село Градовци со квалитетна, чиста и здрава вода за пиење и за домаќински потреби.

Изградба на канализациона мрежа во викенд населба Орешани. Со реализација на овој проект ќе се создадат функционални услови за сегашниот живот во населбата, но и за привлекување на други заинтересирани лица за изградба на викендички и други проекти. Ефект: подобри услови за сегашните жители како и привлекување нови заинтересирани лица.

Изградба на канализациона мрежа во викенд населба Орешани

Листа на советници за Општина Зелениково

  1.  1.Љупчо Трајковски
  2. Сања Милевска
  3. Томе Неделковски
  4. Златко Симоновски
  5. Антоанета Мишева
  6. Даниела Николовска
  7. Александар Мирчевски
  8. Медина Мехмедовиќ
  9. Гоце Продановски