Сашо Стојановски

Општина Сопиште

Почитувани сограѓани, дојде време да се избориме за подобар и поквалитетен живот за сите жители на нашата Општина Сопиште. 

Да ја направиме Општина Сопиште просперитетен дом, е наша обврска кон идните генерации и аманет од нашите предци што заедно ја градеа секоја уличка и ги поставуваа темелите на секоја куќа.

Ќе се фокусираме на решавањето на комуналните и инфраструктурните проблеми, што е недозволиво да останат неразрешени за граѓаните во 21 век.     

Врвен приоритет ќе биде екологијата. Светскиот ден на животната средина – 5 јуни, што е и наш патронен празник, ќе добие уште поголемо значење.

Чесноста е најважна карактеристика на секој поединец и верувам дека жителите на нашата општина немаат дилема дека транспарентноста и отчетноста ќе бидат наши одлики во работењето.

Пет клучни проекти за иднината на Сопиште

До 2025 година ќе го решиме, во најголем дел, проблемот со водоснабдувањето во населените места во Општината. 

Решавањето на проблемот со водоснабдување на територијата на Општина Сопиште ќе биде со довршување на капиталниот проект „Патишка Река“, поддржан од Владата на Република Северна Македонија, со чии финансии се реализира примарната водоводна мрежа.

Водовод

Канализација

Голем предизвик за нас ќе биде и решавањето на фекалната канализација, недостаток со кој секојдневно се соочуваат жителите на Општина Сопиште. Иако населените места од оваа општина се во непосредна близина на градот, овој проблем се уште нема решение и затоа ќе биде наш сериозен проект на чие решавање ќе се посветиме.

До 2025 година, Општина Сопиште ќе ги реконструира сите локални патишта. Реконструкцијата ќе биде направена според сите стандарди, со цел граѓаните да добијат современи, асфалтирани улици и тротоари, кои ќе обезбедат услови за безбеден сообраќај.

Патишта / Инфраструктура

Изработка на Детален урбанистички план за сите населени места

До 2024 година ќе изработиме детални урбанистички планови за сите населени места. Со изработката на деталните урбанистички планови ќе се овозможи побрз економски развој на Општината, полесен промет со недвижностите на приватните сопственици и привлекување нови инвестиции на територијата на Општина Сопиште.

Изготвување план и проектна документација за изградба на спортски комплекс од затворен тип на територијата на Општина Сопиште, до крајот на мандатот, што ќе вклучува терени за мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка.

Изградба на затворена спортска сала во Општина Сопиште

Листа на советници за Општина Сопиште

  1. Драган Змејковски 
  2. Марија Трпевска
  3. Тони Николовски 
  4. Мирјана Дуваревска
  5. Александар Стојанов
  6. Злата Апостолоска
  7. Рената Ѓореска
  8. Илија Јовевски
  9. Розета Спасовска  
  10. Антонио Крстевски
  11. Светлана Јовевска