Елизабета Зелениковска

Општина Петровец

Почитувани сограѓани, со чувство на голема одговорност и обврска кон идните генерации, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Петровец. 

Да се биде градоначалник значи да се работи за граѓаните! Тоа е мојот предизвик, но исто така и обврска да работам за вас, драги пријатели! Целото мое животно искуство, целото мое знаење и пред сè желба да бидам општествено ангажирана и корисна личност ќе придонесат мојата визија каде општина Петровец сум се родила и живеам, да се исполни и со тоа да се воспостават нови вредности и квалитетен живот за сите нас! 

Потребата за обезбедување квалитетен живот на населението ќе биде наш приоритет. Еднаквите услови за живот на целата територија на општината ќе бидат наша обврска. Нашата сегашност и нашата иднина, нашата среќа и нашата перспектива зависат само од нас. Ние можеме и мораме да ги донесеме промените кон подобро.

Пет клучни проекти за иднината на Петровец

Новиот современ културен дом ќе служи за одржување на разни манифестации, настани и промоции, се со цел на подобрување на културно уметничкиот живот во општината. Изградбата на новиот административно деловен центар со современ културен дом ќе биде од големо значење за сите граѓани на Општина Петровец.

Изградба на нов административно деловен центар со современ културен дом

Изградба на градинка во населеното место Катланово и Долно Коњари и доградба на веќе постојната градинка во Петровец

Изградба на нови клонови на градинката „Авионче“, во населените места Долно Коњари и Катланово е само почеток од многуте планирани проекти во наредниот период. Доградба, реконструкција и нов современ изглед на градинката „Авионче“ во Петровец, ќе допринесе за зголемување на бројот на нови дечиња во групите и подобрување на условите во кои ќе бидат згрижени и воспитувани нашите најмлади.

Зголемениот број на ученици неминовно бара и изградба ново модерно основно училиште во населено место Огњанци. Спортската сала која ќе биде дел од училиштето ќе ги исполнува сите услови за овозможување младите таленти да израснат во идни професионалци.

Изградба на подрачното осново училиште и спортска сала во населено место Огњанци

Изградба на локален пат Петровец – Огњанци

Изградбата на нов пат Петровец – Огњанци ќе помогне за подобро, брзо и безбедно движење на граѓаните и возилата. Поставување сообраќајна сигнализација и одводнување со отворени канали и пропусти. За непречено одвивање на сообраќајот е изградбата на овој значаен пат, кој ќе го реши долгогодишниот горчлив проблем на нашите сограѓани од овие населени места.

Населеното место ’Ржаничино ќе добие нова пречистителна станица за третман на отпадни води односно новата филтер-станица што опфаќа и фотоволтаична централа и оперативен објект со што трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Изградба на нова современа пречистителна станица за вода во населеното место ’Ржаничино

Листа на советници за Општина Петровец

  1. Ацо Јосифовски 
  2. Ирена Трајковиќ
  3. Мунир Цамиќ
  4. Трајанка Кираковска 
  5. Ељхам Љиворека
  6. Мирјана Димковска 
  7. Дарко Ѓорѓиевски
  8. Ѓилтен Османовска  
  9. Божица Тимотиевиќ 
  10. Антонија Тодоровска
  11. Дарко Голубовски