Александар Тодоровски

Општина Илинден

Почитувани сограѓани, довербата што ја добивам од вас за мене е привилегиjа. Со огромна чест, почит и одговорност ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Илинден. Нашата општина важи за една од најубавите во околината на градот Скопје, со многу природни ресурси, со можност за развој на многу стопански и нестопански дејности со што претставува предизвик да се биде нејзин граѓанин. 

Програмата со која се претставуваме е произлезена од самите вас, вашите видувања, потреби и визии за подобри услови за живеење. Претставува целина што е реално остварлива според можностите на општината, а не нереално прикажани желби. 

Со развојот на општината, особено со зголемување на бројот на население (тенденција на поголем раст во наредниот период), пополнувањето на индустриските зони со разни компании ја забрзува потребата од промена на комуналната инфраструктура. Затоа поставувањето на колекторски системи за одведување на отпадни води и нивно прочистување секако ќе продолжи со уште побрзо темпо. Наброените проекти подолу се во правец да го реализираме најдоброто за нашата општина во следните 4 години!

Пет клучни проекти за иднината на Илинден

За првпат во општината ќе се задоволи потребата на граѓаните за здравствени услуги во текот на сите 24 часа. Постојните здравствени објекти ни оддалеку не ги задоволуваат потребите на граѓаните од општината. Со изградба на нов здравствен објект „Здравствен дом – поликлиника“, на местото на постојната амбуланта во н.м. Илинден, во многу ќе се подобри здравствената услуга за околу 17 000 жители на општината од сите населени места. 

Изградба на нова здравствена установа

Изградба на фекална канализација и пречистителна станица

Ќе се забрза темпото за изградба на системи со пречистителни станици и фекални канализации низ населените места. Планирано е во периодот до 2025 година да се опфатат уште околу 1 500 домаќинства. Септичките јами и нивното излевање ќе бидат минато.

Постојните капацитети, кои ги имаат постојните училишта, ниту од далеку не ги задоволуваат условите за одвивање на модерно основно образование. Изградбата на новото училиште само ќе ја намали оптовареноста на ООУ „Гоце Делчев“ во н.Илинден. Со реконструкција на основните централни и подрачни училишта, покрај тоа што ќе овозможиме целодневна настава за околу 1500 ученици, ќе овозможиме модернизација на кабинетите со соодветна опрема. 

Реконструкција на училиштата и овозможување на целодневна настава

Изградба на нова детска градинка во н. Илинден

Со овој проект се прошируваат капацитетите за згрижување на деца од претшколска возраст. И покрај зголемувањето на капацитетите со изградбата на детската градинка во с. Миладиновци голем дел од децата на оваа возраст остануваат без можност да бидат згрижени. Овој објект ќе овозможи згрижување на околу 90 деца од сите возрасти (9 месеци до 6 години) и ќе овозможи вработување нови лица од општината. 

Отворените канали, особено во н. Илинден, с. Марино, с. Кадино и с. Марлино, кои некогаш се користени како мелиорациски системи денес претставуваат сериозна опасност за здравјето на граѓаните, поради тоа што станаа слив на отпадни води, на одредени места дури и фекалии. Со овој проект ќе се реши повеќедецениската голгота на околу 4 000 граѓани што живеат во близина на каналите и на оние кои се подалеку, а ги чувствуваат непријатните мириси и последиците од отворените канали. 

Целосно решавање на проблемот со отворените канали

Листа на советници за Општина Илинден

  1. Мирјана Николовска 
  2. Милош Станковски
  3. Новица Милев 
  4. Никола Ѓориќ 
  5. Емилија Ефтимова 
  6. Алберт Абдула 
  7. Стефанија Шишковска 
  8. Бојан Стојановиќ 
  9. Слободан Атанасоски 
  10. Емилија Младеновска 
  11. Стефани Тодоровска 
  12. Драган Христовски 
  13. Тања Арсовска Јаневска 
  14. Ненад Михајловски 
  15. Маја Тушевска