Сашко Комненовиќ

Општина Чучер Сандево

Драги пријатели, почитувани мои сограѓани на општина Чучер Сандево! Денес сакам да ви се обратам како кандидат за градоначалник на нашата Општина Чучер Сандево.Нашата визија за Општината денес би била: модерна, свртена кон своите граѓани и кон сите оние што така се чувствуваат, свесна за улогата на своите стопанственици и земјоделци и гостољубива кон сите што сакаат да работат и да создаваат на нејзина територија.

Општина Чучер Сандево треба да е тврдина на модерната економија и бизнис, стратегиски бедем и длабоко вкоренета навика на сите инвеститори што доаѓаат во Македонија. 

Општина Чучер Сандево е и ќе биде центар на текот на капиталот, луѓето и информациите во новото време што доаѓа и затоа укажете ми доверба и одобрете го нашиот и мој пат бидејќи имаме јасна визија каде сакаме, а имаме и тим на стручни лица и експерти што ќе го овозможат тоа.

Претставувајќи ја нашата визија за развој на општината со јасно дефинирана цел, програма и ветување дека заедно ќе направиме модерна и силна општина, ќе си дозволам јавно да ја побарам вашата доверба за мојот иден градоначалнички мандат.

Пет клучни проекти за иднината на Чучер Сандево

Модернизација на централниот водоводен систем во село Кучевиште и село Побожје и одвојување на село Побожје со посебна водоводна мрежа. Дотраеноста на водоводната мрежа е потребно да се реконструира на одредени места и да се дополни со нови извори на вода за да не доаѓа до постојани прекини во водоснабдувањето.

Изградба на водоводни мрежи со користење алтернативна сончева енергија за пумпи за водоснабдување.

Изградба на пречистителна станица

Со изградба на пречистителна станица ќе се зачува животната средина и ќе се придонесе за побрз развој на екотуризмот во општината.

Започнатите работи во неколку населени места на падините на Скопска Црна Гора околу фекална и атмосферска канализација треба да се завршат и да се предадат во употреба за почиста и по здрава животна средина.

Доизградба на фекална и атмосферска канализација и во населените места во кои не е завршена

Опремување и пуштање во употреба на детска градинка во село Сандево

Детската градинка, која е речси изградена, неопходно е да се опреми со кадар за непречено пуштање во употреба.

Локалните патишта низ овие села се во многу лоша состојба и е неопходна реконструкција и поврзување со регионалниот пат Скопје – Танушевци. Со реконструкцијата, на жителите од овие населени места ќе се овозможи побрз и пристап до поголемите населени места во општината и градот Скопје. Исто така ќе се овозможи и непречен и побрз пристап на туристи, итни служби и граничните служби што имаат објекти во овие населени места како и континуирано чистење и одржување чисти и проодни патишта во зимскиот период.

Реконструкција и одржување на локалните патишта низ селата Танушевци, Брест и Малино Маало

Листа на советници за Општина Чучер Сандево

  1. Белинска Сања
  2. Воислав Киранџиќ
  3. Борче Кметовски
  4. Анета Жежовиќ
  5. Игор Левајковски
  6. Симона Крстев
  7. Мартин Алексиќ
  8. Ана Кукуновска
  9. Предраг Радосављевиќ
  10. Ирена Пигуловиќ
  11. Бојан Чакалиќ