Миликије Халими

Општина Арачиново

Како мајка и жена, не можам да седам со скрстени раце, а де не земам улога за промена и подобрување на условите каде што живееме. Сакам да видам подобра иднина за идните генерации и поколенија што доаѓаат, за сите нас. Ако секој од свој агол придонесува за подобар живот, тоа и ќе го имаме.  

Дали заслужуваат нашите граѓани подобра иднина? Дали заслужуваат нашите најмили деца да имаат подобри услови? 

Пред само четири години, никој од локалната власт не нѐ прашуваше каква мака имаат мајките, жените, децата, старите, сите жители. Како мајка, како жена, родена и со живеалиште во село Арачиново, секогаш се борев и ќе се борам заедно да ги подобруваме условите на сите засегнати страни, ранливи категории и за сите граѓани од нашата општина. Од детството во овој крај, памтам дека нашите предци посакаа да живееме во мирна и спокојна средина и со сите потребни услови за живеење. 

Повеќе од дваесет години ни беше украден дел од нашиот живот, а Арачиново беше запоставено без елементарните услови за живеење. Граѓаните знаат дека овие четири години многу е сработено, но и уште повеќе заедно ќе одработиме во следниот мандат, да стигнеме таму каде што сите посакуваме. Јас го сакам моето родно место, тука се родив и тука решив да живеам заедно со своето семејство. 

Ние сите се познаваме меѓусебно и сме поврзани емотивно за овој крај. Не можам да бидам мирна и да не придонесувам за подобар живот за сите граѓани во мојата општина. Тоа ме тера да бидам многу упорна и активна за да го подобриме животот на нашите сестри и браќа, нашите родители и деца, нашите другари и другарки, на нашите познати и поколенија што ќе дојдат во иднина..

Пет клучни проекти за иднината на Арачиново

Примарната канализациската мрежа со пречистителната станица е приоритетен проект во однос на подобрувањето на животната средина во Општина Арачиново. Овој проект ќе придонесе фекалните и атмосферските води да не се излеваат по улиците и во дворовите, граѓаните нема да бидат изложени на непријатна  миризба во селото, а Општината ќе биде заштитена од можни епидемии. 

Изградба на пречистителна фекална станица за Општина Арачиново

Водоводна мрежа во селата во Општина Арачиново

Општина Арачиново сè уште се соочува со немање целосна водоводна мрежа што ќе ги опслужува сите жители во нејзините населени места. Парцијалниот водовод, кој само делумно го покрива селото Арачиново, е стар и нефункционален. Со поврзување со нови извори на постојната водоводна мрежа, ситуацијата ќе се подобри. Дополнително треба да се гради и нова водоводна мрежа за населените места што моментално немаат. Со комплетирањето на водоводната мрежа секое семејство ќе има пристап до чиста вода, а тоа е основна потреба на секој жител. Водоводната мрежа ќе ги покрива и околните села Орланци, Мојанци и Грушино што се во рамките на Општина Арачиново. 

Коритата на постојните канали што поминуваат низ сред село Арачиново е круцијално за животната средина во Општина Арачиново. Овој проект ќе придонесе фекалните и атмосферските води да не се излеваат по постојните канали, граѓаните нема да бидат изложени на непријатна  миризба во селото, а Општината ќе биде заштитена од можни епидемии. 

Уредување на отворените канали што поминуваат сред село Арачиново

Изградба на две нови основни училишта за деца во селото Арачиново

Децата што живеат во Општина Арачиново се принудени да патуваат и по неколку километри за да дојдат до училиштето. 

Со изградбата на две нови училишта, кои ќе бидат од помал обем и географски ќе бидат распределени во селото Арачиново, учениците до петто одделение ќе имаат подобри услови за школување и, што е најважно, не ќе мора секој ден да патуваат по неколку километри до најблиското училиште. Ова, пред сè, е приоритет за децата до 12-годишна возраст, чиј живот е загрозен од сообраќајниот метеж, а има случаи во кои настрадале деца додека оделе на училиште.

Дивата депонија беше проблематична за Општина Арачиново со околните села повеќе децении. Моментално, дивата депонија е ставена под контрола, изграден е ѕид за да не се фрла ѓубре и смет од несовесни граѓани на неконтролиран начин. Со овој проект, во дивата депонија што ќе се уредува на четирите страни, а над неа ќе никне зелен парк, што ќе ја подобри општата слика на тој дел на селото, како и ќе придонесува позитивно и за животната средина на селото.

Создавање зелени површини на атарот на Општина Арачиново е од посебно значење. Создавањето зелен парк над постојната дива депонија, ќе влијае многу позитивно за зачувување на животната средина.

Изградба на зелен парк над поранешната дива депонија во Арачиново

Листа на советници за Општина Арачиново

  1. Бесим Кадрии
  1. Керим Хирда
  2. Елмедина Алими
  3. Исак Ферати
  4. Зекирја Мамути
  5. Нуртене Бекири
  6. Шенол Муслиу 
  7. Леотрим Нухију
  8. Беса Рамадани
  9. Нусејба Ајдари
  10. Бујар Јаји
  11. Хира Рамадани 
  12. Фатон Нухиу
  13. Хамди Муслиу
  14. Лејла Мурати