Со длабока одговорност кон вас и кон идните генерации, ви ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
Досега сторивме многу, но можеме уште повеќе, го нудиме најдоброто за нашата општина – заеднички да продолжиме да го градиме местото каде што заедно и растевме и работевме, да го подобруваме животниот стандард и да донесеме европски вредности.
Нашата Општина го има потенцијалот да прерасне во вистински индустриски и туристички центар, двигател на локалната економија, но и мирно и безбедно место за живеење, со високи еколошки стандарди и економски просперитет.
Затоа, решени сме да продолжиме деноноќно да работиме, како што работевме и досега, за да гледаме како се развива нашата општина, како нашите деца од најмали години ги имаат придобивките на таа работа и посветеност да обезбедиме да работат и да основаат семејства, тука дома, во родниот крај.
Патот е во исклучително лоша состојба и е отежнато движењето на моторните возила. Со реконструкција на овој пат ќе го решиме овој голем и децениски проблем на граѓаните, а патот ќе биде функционален за движење и за прв пат ќе имаме непречен транспорт.
Во моментов има потреба од реконструкција на кровната конструкција во објектот, бидејќи сегашниот кров е дотраен и при врнежи истиот протекува и може да биде причинета голема материјална штета на инвентарот на самиот објект, како и на општинската документација.
Општина Старо Нагоричане набави три возила за собирање на смет и е направена регистрација на правен субјект што ќе има лиценца за собирање на отпад. На овој начин ќе го решиме долгогодишниот проблем кој не засега сите, а воедно ќе обезбедиме чиста и здрава средина за идните поколенија.
Со набавка и инсталација на фотоволтаични системи кои ќе бидат поставени во општината правиме енергетска транзиција со која ќе имаме значајни заштеди кај овие објекти, односно директно ќе се намалат трошоците на општината.
Со овој урбанистички план првенствено ќе се влијае на врз економскиот развој на општината и привлекувањето на туристи. Самиот спортско рекреативен центар е од огромно значење за сите жители за општината, но пред се за младите генерации, бидејќи придонесува за нивен правилен раст и развој, негување на спортскиот дух.