Почитувани сограѓани од Општина Ранковце, живееме во прекрасна мала општина во која сите се познаваме и знаеме што значи општината за нас.
Тоа што за сите нас го оставиле предците е мотив ние како млади, мотивирани и одговорни личности да продолжиме да се бориме Ранковце да се развива во модерна општина што ќе ги задржи жителите овде, дома.
Ние како тим што бараме поддршка ветуваме искрена, отворена транспарентна работа и соработка со сограѓаните. Ние сме жители на Ранковце и наша цел е Ранковце да го добие најдоброто.
Ние можеме да застанеме пред секој сограѓанин со чист образ да ги погледнеме граѓаните в очи, да покажеме и да се претставиме како чесни и одговорни личности, кои имаат енергија, знаење и капацитет да се справат со идите предизвици на нашата општина.
Оваа инвестиција на Владата на РСМ е дел од најголемите пакет вложувања во енергетскиот сектор што ќе придонесат за развој на општините во целост, ќе стимулираат нови вработувања, дополнителни приходи и, најглавното, ќе имаат еколошки импакт во средината и на територијата на целата држава.
Оваа елементарна потреба на граѓаните на Општина Ранковце е врвен приоритет по сите основи. Тие во моментов за лекарска помош се изложуваат на дополнителни трошоци, време и неизвесност. Навремена и лесно достапна медицинска услуга заслужува секој, и тоа ќе го овозможиме како наш врвен приоритет.
Псача се наоѓа во подножјето на Лисец Планина, која изобилува со квалитетна вода што треба да се искористи за да ги задоволи потребите на месното население во с. Псача, Одрено и Опила.
За најмладите ќе изградиме нова градинка како што ѝ прилега на нашата иднина. Дечињата имаат право на современа градинка каде што безгрижно ќе ги поминуваат своите детски денови.
Паметното улично осветлување во општината е еден од поважните проекти за успешно и ефикасно менаџирање на општината, која има лимитирани приходи, па така, со замена на веќе постојните светилки со нови соларни, ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а ќе се зголеми нивната ефикасност.