Оливер Илиевски

Општина Куманово

Воден од длабока одговорност кон сегашните и идните генерации во нашиот град, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Куманово и програмата за чист и модерен град, за подобар живот на секој еден наш сограѓанин. 

Куманово е Македонија во мало, токму мултиетнички карактер е нашата движечка сила напред, за нашиот концепт „Едно општество за сите“, во кое владеат соработка и еднакви можности за просперитет. 

Тоа е и аманетот, ВРЕМЕ Е од град на Револуцијата, ние заедно со граѓаните да го трансформираме нашето Куманово во град на прогресот – европски центар на различности, идеи, капитал, добра и услуги.

Убеден сум дека како СДСМ го нудиме најдоброто, како во програмскиот дел, така и со човечкиот потенцијал. Имено, заедно со граѓаните и со тим експерти ја креиравме програмата за чист и модерен град, со реални и остварливи проекти покажуваме грижа за секој еден – за среќни и радосни детски моменти, за средношколски денови во современи училишта, за исполнети пензионерски мигови – да го изградиме Куманово во едно безбедно и просперитетно место; зелен град со високи еколошки стандарди; град со решен сообраќаен хаос и енергетски ефикасен; функционална општина по сите европски и светски стандарди на она што значи сервис за граѓаните.

Со долгодишното искуство во менаџирањето во приватниот и јавниот сектор, недвосмислена е мојата и подготвеноста на мојот тим да воведеме нов менаџмент концепт на градот, со цел обезбедување квалитетни и одржливи системски решенија. Низ годините покажав дека промените се можни, дека со прогресивна визија и со одговорно и отчетно работење можно е најдоброто да биде остварливо за нашата општина. Знаеме и умееме како да создадеме подобри услови за живот во секое населено место.

Пет клучни проекти за иднината на Куманово

Во консултација со граѓаните и експертската јавност го предлагам проектот „Мој еколог“, решение за уредување на секој слободен квадрат, секој тротоар, секое маало. Со „Мој еколог“ внесуваме системско решение, а го напуштаме старото кампањско одржување на животната средина.

Воведуваме нов начин на работа, менаџмент по квартови со вработени еколози што ќе се грижат за секојдневието и континуирано чистење и одржување на зелените ресурси.

Мој еколог

Продолжување на булевар „Октомвриска револуција“ и поврзување со автопат Е-75

Изведбата на продолжувањето на ул. „Октомвриска револуција“ треба да биде реализирано во 3 (три) фази, со целосна техничка документација за одобрение за изградба со реализација на постапка за експропријација за парцелите и објектите што се наоѓаат по должина на трасата на улицата.

Со продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и поврзување со автопатот Е-75 придонесуваме кон локален и регионален економски развој. Воедно, ќе се растовари сообраќајот и ќе се овозможи брз проток на возила, односно ќе се избегне метежот низ центарот на градот.

Со изградба на две детски градинки ќе го решиме долгогодишниот проблем на нашите сограѓани во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо. Да обезбедиме на најмалите правилен раст и развој со изградба на современи објекти на детски градинки, по сите европски стандарди, енергетски ефикасни, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи. Нашата цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Две детски градинки

Современ кеј, чисти реки, пешачки и вело патеки

По текот на река Кумановка изградба на нов кеј и поврзување со 4 моста со веќе постојниот кеј. Во новоизградениот кеј ќе има пешачка и велосипедска патека како и 4 проширувања со најразлични теми за рекреација за сите генерации и еден дел за милениците. Пешачката и велосипедската патека ќе бидат физички одделени со дрворед од сортата „пауловнија“ и ќе засадиме околу 1 800 млади садници на тоа место. 

Велосипедска патека од 9 км по текот на реката Кумановка не запира тука планирана е и изработка на проект на регулација на речното корито на реката Липковка и реката Којнарка, со што ќе добиеме уште повеќе патеки за пешачење, а воедно и нови велосипедски патеки, но и комплетно средени речни корита.

Се предвидува изведба на нови велосипедски и пешачки патеки во должина од 24 км нови и 16 км реконструкција на постојните во периодот од 2021 до 2029 година на подрачјето на централното подрачје и до поголеми населби и населени места што гравитираат во Општина Куманово,

Изработка на план за велосипедски сообраќај и систем за изнајмување велосипед, редовно поставување велосипедски паркиралишта на јавни површини, субвенционирање велосипеди за граѓаните.

Подобрување на квалитетот на инфраструктурата за пешаци, изработка на пешачки мапи.

Со три катни гаражи во центар ќе го решиме хаосот со паркирањето и за првпат ќе воспоставиме ред во сообраќајот. Предвидено е изготвување проектна документација и изведба на катни гаражи во централното градско подрачје со следните параметри и кумулативни збирни количини на предвидени новоизградени паркинг места. Согласно со параметрите на важечкиот Урбанистички план за Општина Куманово, предвидени се и испланирани вкупно 1.418 места за паркирање на градежни маркички – катни гаражи во централно градско подрачје на Куманово.

Изградба на три катни гаражи во централното градско подрачје

Листа на советници за Општина Куманово

1.Атина Мургашанска
2. Александар Јовановски
3. Благојче Јаќимовиќ
4. Мартин Захариев
5. Александра Лазаревски
6. Љуљета Миљаими
7. Самет Салиевски
8. Јелена Спасевска
9. Дејан Ивановски
10. Сузана Манчиќ
11. Миле Андоновски
12. Тања Јакимовска
13. Бојан Стојковски
14. Елена Јаќимовиќ
15. Сашо Маниќ
16. Фросина Стевановиќ
17. Саша Арсиќ
18. Ивана Величковиќ
19. Момир Петрушевски
20. Марина Манојловска
21. Дејан Мустафа
22. Симона Јакимовска
23. Бајрам Селмани
24. Маријана Томовска
25. Александар Панев
26. Маја Стојановска
27. Мила Аневска
28. Марина Митковска
29. Зоран Величковски
30. Александра Димитриевска
31. Марио Тоневски
32. Ангела Пауновиќ
33. Јовица Спасовски