Сашко Митовски

Општина Крива Паланка

Со чувство на длабока почит, но воедно и голема одговорност Ви се обраќам Вам претставувајќи ја својата кандидатура и барајќи ја Вашата доверба.

Нашата Крива Паланка е место што ми буди силни емоции на спомени од најраната младост, место што ме изградило како човек, место што сакам со гордост да го оставиме на идните генераци, како достоинствен и перспективен дом. Нашата Крива Паланка е куќата во која сите заеднички сме израснале, куќата која камен по камен, кат по кат ја граделе нашите предци. Историјата, традицијата и вредностите ни ги оставиле предците, но и аманет сега, денес, утре да ја чуваме, негуваме и унапредуваме нашата општина, да ја воздигнеме на секој можен план, за да и нашите поколенија со почит гледаат кон нас.

Желбата да го градам мојот животен пат во Крива Паланка, да создавам и да оставам нешто, по што Крива Паланка ќе биде препознатлива, ми беа мотив да ја искористам мојата креативност и направив спој на природните убавини, традицијата и препознатливото паланечко гостопримство, која и денденес креира убава слика за градот.

Мојата визија за модерна Крива Паланка, атрактивна туристичка дестинација со искористени природни потенцијали, а во исто време урбана, чиста и зелена, економски развиена со уредена инфраструктура, се мојата мотивација, за заедно да ја направиме нашата општина поубаво место за живеење за сите граѓани.

Верувам дека нашата општина има потенцијал да ја оствари оваа визија, а секојдневната комуникација со Вас, моите сограѓани, ми дава дополнителна мотивација, заедно со тимот со кој работам, општинската администрација и советниците, да одговориме на вашите барања и да ја направиме нашата Крива Паланка посакувано место за живеење. Општина со современа инфраструктура, место во кое се спојуваат традиционалното и современото, еколошки чисто, гостопримливо и привлечно, но, во исто време, и модерно, регионално поврзано, достапно и современо уредено. Град во кој младите се горди и гледаат перспектива, бидејќи ги поддржуваме нивните бизнис идеи, ја поттикнуваме нивната креативност. Град во кој се грижиме за потребите на сите категории граѓани, за сите да имаат еднакви можности и да живеат достоинствен и среќен живот.

Заедно со вас граѓаните, ќе ја реализираме оваа визија за модерна, развиена и чиста општина.

Пет клучни проекти за иднината на Крива Паланка

Проектот ќе придонесе за зголемен број на туристи, поттикнување и развој на угостителско сместувачките капацитети, унапредување на локалните занаетчии, подобрен пласман на земјоделски и сточарски производи, намалување на невработеноста, зголемен приход на општината, зголемен бенефит и на општините од регионот.

ТУРИСТИЧКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „КАЛИН КАМЕН“

РЕГУЛАЦИЈА НА ДУРАЧКА РЕКА

Овој проект ќе даде нов лик на централното градско подрачје, подобар квалитет на живот на населението, трајно решавање на повременото излевање на водата од Дурачка Река со што ќе се зголеми сигурноста на населението. Со пристапниот пат се олеснува движењето на луѓето што гравитираат долж целото течение на Дурачка Река (с. Станци и с. Дурачка Река), а истото ќе претставува главно поврзување кон локалитетот Станечки Водопади. Изградбата на патот го решава проблемот со сообраќајниот метеж и паркинг просторот на „8 Октомври“, а дел од граѓаните ќе добијат и пристапен пат до своите домови.

Гасификацијата е еколошки најчист енергенс што ефикасно го решава аерозагадувањето и подигање на еколошките стандарди, позитивен предуслов за развој на пазарот и стопанството, евтин енергенс, намалување на трошоците за енергија во институциите, бизнисот и домаќинствата, зголемување на сигурноста при снабдување со енергија, зголемување на енергетската ефикасност на приклучените објекти, подигање на условите за квалитетно одвивање на јавните дејности.

ГАСИФИКАЦИЈА

МОДЕРНИ-ЗАЦИЈА И РЕОРГАНИ-ЗАЦИЈА НА
ЈП КОМУНАЛЕЦ

ЈП Комуналец, како претпријатије, води грижа за основните потреби на нас граѓаните во делот на водоснадбувањето, хигиената во градот, собирањето на смет, грижата за јавните добра и истото заслужува да се продолжи со инвестирање во него,  како и кон негова модернизација со цел подобрена услуга на сите граѓани. Се ориентираме кон:

– набавка на модерна механизација;

– дигитализација на услугите;

– дислокација на ЈП Комуналец;

– производство на нови цветни и дрвени насади  и нивно засадување;- воведување на услуга собирање на градежен отпад;

– снабдување на населението со безбедна вода за пиење;

– контрола на исправноста на водата и објектите за водоснабдување;

– системско чистење на територијата на цела општина;

• ИЗГРАДБА НА КАТНА ГАРАЖА;
• НОВИ ЛОКАЦИИ ЗА ПАРКИНЗИ;
• ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ

На овој начин обезбедуваме поголема безбедност на граѓаните особено на дечињата, полесен проток на сообраќај низ централното градско подрачје, намалена загаденост на воздухот, полесно движење на пешаците, ставаме крај на секојдневниот градски метеж при движењето во и од работното место и при вршењето на секојдневните обврски низ градот.

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕ

Листа на советници за Општина Крива Паланка

1. ИЗАБЕЛА ПАВЛОВСКА
2. МИХАИЛ ДЕЈАНОВСКИ
3. ТАЊА ДЕЈАНОВСКА МИТРОВСКА
4. СРЕТИМИР НИКОЛОВСКИ
5. НИКОЛА ЈАКИМОВСКИ
6. АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВИЌ
7. МЕРИ МИТРОВСКА ЈОВАНОВСКА
8. ВЛАТКО РИСТОВСКИ
9. МАРТИН ПОЦЕВСКИ
10. БИЛЈАНА КРСТЕВСКА
11. ДАНИЕЛ АНЃЕЛОВСКИ
12. ЕЛЕНА СТОЈЕВСКА
13. МЕТОДИЈ ВУЧКОВСКИ
14. МАЈА МИТРОВСКА
15. ДАМЕ СТАНОЈКОВСКИ
16. МОНИКА ЈОВАНОВСКА
17. ГАБРИЕЛА СТОЈАНОВСКА
18. РОБЕРТ НИКОЛОВСКИ
19. АНДРИЈАНА ДИМИТРОВСКА