Влатко Бојковски

Општина Кратово

Почитувани сограѓани, ми претставува чест и задоволство да ви ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Кратово. Нашиот град е место што мене, а верувам и на сите вас, ни буди силни емоции на спомени од најраната младост, место што ме изградило како човек и место за кое чувствувам одговорност и обврска да го ревитализираме и да му го дадеме она што како најстар град на Балканот го заслужува. Нашето Кратово е куќата во која сите заеднички сме израснале, куќата што камен по камен, кат по кат ја граделе нашите предци, нашите најблиски, најмили. Историјата и вредностите ни ги оставиле постарите, но и аманетот сега и денес да ја унапредиме нашата општина, да ја издигнеме на секој можен план. 

 

Како дипломиран инженер по информатика со реализирани голем број проекти во областите на банкарството, осигурителниот и административниот сектор, ќе го искористам сето мое досегашно искуство и знаење, и заедно со мојот тим, општинската администрација и советниците ќе работиме на обезбедување финансиски средства за капитални инвестиции во општината што ќе доведат до забрзан економски раст и зголемување на животниот стандард за сите граѓани на Кратово. 

 

Посебен акцент во реализацијата на проектите ќе биде ставен на следите четири области: животна средина, енергетика, туризам и култура. Проектите од областа на животната средина и енергетиката опфаќаат изградба на пречистителна станица и замена на поголемиот дел од дотраената водоводна мрежа бидејќи граѓаните на XXI век мора еднаш засекогаш да бидат обезбедени со чиста и квалитетна вода за пиење, како и основање претпријатие во сопственост на општината што ќе се занимава со енергетски дејности. Покрај потенцијалот за туризам, општината мора да го искористи и енергетскиот потенцијал што го има особено со поволната положба на сончеви денови, како и поврзаноста со главниот магистрален гасовод. Подобрувањето на инфраструктурата за туризам е од исклучително значење со цел развој на оваа економска гранка, и сето тоа координирано да го промовираме и да го усогласуваме со културната програма и реализацијата на проектите од областа на културата. 

Пет клучни проекти за иднината на Кратово

Основање јавно претпријатие за енергетски дејности „Кратово-Гас“ Кратово, кое ќе извршува активност во следниве дејности: дистрибуција, снабдување и продажба на гас, снабдување со топлина, производство и продажба на електрична енергија.

  • Рок на реализација: 24 месеци
  • Опфат: Целокупното население во урбаниот дел од градот 
  • Вредност на проектот: 3.000.000,00 евра

Основање јавно претпријатие за енергетски дејности „Кратово-Гас“

Изградба на нов пат с. Железница – с. Горно Кратово – с. Нежилово

Изградба на нов пат с. Железница – с. Горно Кратово – с. Нежилово и пристапен пат кон урбаниот дел од градот.

  • Рок на реализација: 36 месеци
  • Опфат: Целокупното население во урбаниот и руралниот дел од градот 
  • Вредност на проектот: 2.000.000,00 евра

Подобрување на инфраструктурата за развој на туризмот во Кратово преку изградба на адреналиски парк, трим-патека, велосипедска патека, тениски игралишта, игралиште за кошарка, простор за културно-уметнички активности, реконструкција на спортска сала со цел позиционирање на Кратово на туристичката мапа како во летна, така и во зимската сезона.

  • Рок на реализација: 18 – 36 месеци, во зависност од месниот проект
  • Опфат: Целокупното население во урбаниот дел од градот 
  • Вредност на проектот: 470.000,00 евра

Подобрување на инфраструктурата за развој на туризмот во Кратово

Финансиска поддршка за опремување и адаптација на простор во модерни и современо уредени апартмани

Финансиска поддршка за опремување и адаптација на простор во модерни и современо уредени апартмани што ќе бидат достапни на интернет-платформите Booking и Airbnb. 

  • Рок на реализација: 18 месеци
  • Опфат: Целокупното население во урбаниот дел од градот 
  • Вредност на проектот: 120.000,00 евра

Изградба на пречистителна станица за урбаните и индустриските води, надградба и воспоставување нова мрежа на водоводниот систем во Општина Кратово во рамките на ЈПКДИ „Кратово“ Кратово или преку обврзување на концесионерот во согласност со позитивните законски прописи, сертификација на водоводниот систем со системите за квалитет ISO 9001:2008; и НАССР, системите за менаџмент со квалитетот ISO 17025:2005 за лабораторијата за тестирање на водата, како и ISO 17020:1998 за менаџментот за инспекција на водомери со што ќе се постигне значително повисока ефикасност и задоволување на повисоки стандарди во процесот на производство на водата за пиење.

  • Рок на реализација: 42 месеци
  • Опфат: Целокупното население во општината
  • Вредност на проектот: 3.000.000,00 евра

Изградба на пречистителна станица

Листа на советници за Општина Кратово

  1. Радослава Костадинова 
  2. Христина Спировска  
  3. Јорданчо Лазаревски 
  4. Мартин Милевски 
  5. Ивана Митевска 
  6. Тошo Петков
  7. Даниел Кировски 
  8. Виолета Апостолова  
  9. Стое Дончевски 
  10. Ивана Пешева 
  11. Драги Стефановски  
  12. Катерина Спасовска
  13. Давид Арсовски  
  14. Теодора Манева 
  15. 15 Никола Арсовски