Џезми Мамути

Општина Врапчиште

Да се биде градоначалник на Општина Врапчиште, значи да се работи и да се биде посветен на граѓаните. Тоа е мојот предизвик. Но и моја обврска. 

Целото мое животно искуство, целото мое знаење и, пред сè, желбата да бидам општествено ангажиран и корисен граѓанин, ќе придонесат да се исполни мојата визија и со тоа да се воспостават нови вредности и квалитетен живот за сите граѓани на Врапчиште. Локалната власт веќе со години наназад нема визија и идеи усогласени со желбите и потребите на граѓаните што ги избрале. Поимите: демократија, слободно размислување, слободно изразена волја за нив постојат само во предизборните програми.

Знам дека нѐ чека многу работа, но знам и дека заедно ќе успееме. Нашата општина да ја направиме општина со која сите ќе се гордееме. Знам дека можеме! Нашата општина го заслужува најдоброто.

Пет клучни проекти за иднината на Врапчиште

Решавањето на овој еколошки проблем ќе биде еден од приоритетите на новата локална власт, а со негова санација долгорочно ќе го решиме проблемот со загадувањето. Проблемите што се јавуваат со постоењето на оваа депонија се многубројни и се движат од можноста за развој на разни болести и можноста за нејзино палење и загадување на воздухот, што беше и случај во изминатиот период, како и енормното загадување на обработливата почва, бидејќи се наоѓа во околина на обработливо земјоделско земјиште.

Конечно затворање на депонијата во Неготино

Затворање на сите диви депонии

Ќе работиме на решавање на проблемот со дивите депонии, кои на територијата на Општина Врапчиште ги има во поголем број. Тие претставуваат сериозен фактор за загадување на животната средина и го доведуваат во опасност животот на граѓаните. Отстранувањето на овие депонии ќе биде императив на новата локална власт.

Во првата година од мандатот ќе ги отстраниме постојните азбести цевки бидејќи здравјето на граѓаните е, пред сѐ, а наша заложба е подобар квалитет на живот за сите.

Реконструкција на водоводната мрежа во населено место Зубовце

Реконструкција на патот за Ѓурѓевиште

Овој пат е во катастрофална состојба и претставува сериозен проблем за комуникација на месното население во секојдневното функционирање. Со реконструкцијата, ќе овозможиме модерен пат, но и подобра комуникација на жителите на ова населено место со другите места во општината.

И овој пат, како повеќето патишта во општината е во катастрофална состојба и претставува сериозен проблем за комуникација и секојдневно функционирање на месното население. Тоа ќе го промениме преку негова модернизација и реконструкција.

Реконструкција на патот Калиште

Листа на советници за Општина Врапчиште

  1. Војче Исакоски  
  2. Афрдита Ибрахими
  3. Гоце Андриевски
  4. Ангела Панеска
  5. Нури Мамути
  6. Анастасија Матеска
  7. Христијан Божиноски
  8. Моника Јаковлеска
  9. Намик Беќири
  10. Јована Андоноска
  11. Гоце Исакоски
  12. Анита Бошковска Срезоска
  13. Александар Костоски
  14. Николина Василеска
  15. Aрдит Идризи
  16. Милена Михајлоска
  17. Зоран Димитриески
  18. Анита Андоноска
  19. Никола Илијески