Хамдија Елезовиќ

Општина Тетово

Со чувство на огромна почит, чест и задоволство, но истовремено и со голема одговорност, пред вас ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Тетово. Секој момент поминат заедно со вас, во нашиот прекрасен град, во мене ги буди оние незаборавни спомени од едно Тетово, Тетово на мојата младост. Тие спомени будат чувство на гордост, но и чувство на длабока должност за тоа што ќе им оставиме на идните генерации. Тетово е нашиот дом, а домот се наследува, домот постојано се гради и надградува, домот се чува, се сака, се предава на следните поколенија. Затоа, чувствувам силна обврска заеднички да го издигнеме нашиот дом на секој можен начин, во секој поглед и со тоа да ја заслужиме почитта на идните генерации. 

Ние израснавме во ова наше Тетово, кое несебично ни даде можности, ни даде пријатели, семејства, ни даде многу во животот. Сега е моментот да му вратиме. 

Да се биде градоначалник, значи посветено да се работи за и со граѓаните. Тоа е мојот предизвик и задача. Целото мое животно искуство, целото мое знаење и, пред сè, желбата да бидам општествено ангажиран и корисен, ќе придонесат мојата визија да се исполни и со тоа да се воспостават нови вредности и квалитетен живот за сите граѓани.

Општина Тетово во иднина ја гледам како развиена и модерна општина, во која секој граѓанин ќе може да добие почист воздух, почиста околина, повеќе зеленило, уредени улици и тротоари и поквалитетен живот.       

Сето ова, нам, граѓаните на Општина Тетово ни е неопходно. Сметаме дека со труд, работа и знаење, тоа е и остварливо.  Мотивот за вклучување во овој процес се нашите деца и нашата иднина. Перспективата за обезбедување нормални услови за нив е неопходна! Потребата за задржување на животниот стандард наспроти градежната експанзија ќе биде правило. Давање шанса на секој граѓанин и решавање на неговите најгорливи проблеми и потреби се наш приоритет. Еднаквите услови за живот на целата територија на општината ќе бидат наша обврска.

Пет клучни проекти за иднината на Тетово

Изградбата на регионалната депонија за депонирање отпад е од голема важност како за Општина Тетово, така и за целиот Полошки Регион. Овој проблем се провлекува со години и прераснува во еден од најголемите за граѓаните на општината, а воедно преставува и голем финансиски проблем на комуналното претпријатие што влијае во извршување на другите работни процеси. 

За реализација на овој проект, планираме да преземеме низа мерки, како: активирање на елаборатот, обуки и консултации со експерти за стандардизирање на постојната депонија Русино, дислокација на постојната претоварна станица во близина на градската населба Блок 70, Блок 82 и с. Фалише.

Регионална депонија

Изградба на објект за ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ – ТЕТОВО

Деценискиот проблем со дислоцираните паралелки во кои се следи настава на македонски наставен јазик, од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ е приоритет за конечна реализација. Образование за сите, подразбира интеграција, инклузивност, достапност за секоја категорија граѓани, затоа што ова претставува квалитетно решение на овој проблем. СДСМ константно иницира решенија што се во правец на решавање на просторниот проблем на гимназијата. Учениците од наставата на македонски јазик од тетовската гимназија, расадникот на интелектуалци и академски граѓани, ќе имаат достојно место за нормално следење на наставата. Токму поради тоа, трајно, современо и квалитетно решение на овој проблем, е приоритетот на кој ние ќе работиме. Предвидена е изградба на нов современ објект, по сите стандарди, со што ќе се реши овој проблем и ќе се овозможат услови за одвивање на наставата на 12 паралелки на македонски јазик.

Со  овој проект ќе подигнеме парк со урбана опрема, патеки и други содржини од подрачјето на населбата Деребој, покрај кејот на река Пена од двете страни, со површина од околу 3.000 м2, што ќе се поврзува со тетовското Бањиче. Парк со сите стандарди во срцето на Тетово. 

Со ова општината, која е една од поголемите во државата, ќе добие свој парк, кој ќе  претставува еден дел од целината, која продолжува со изградба на урбано шеталиште.

Реализација на стариот дел на градот, со урбано шеталиште со паркови покрај кејот на реката Пена

Гасификација

Гасификацијата е една од најважните проекти чија реализација е суштинска за развој на нашата општина. Тргнувајќи од фактот дека од неодамна е инсталирана главната гасоводна линија во близина на општината, целиме кон вклучување на оваа мрежа. 

За овој процес ќе изготвиме елаборат во консултација со експерти од земјава и странство. Гасификацијата ќе почне од индустриските корисници, јавните објекти, а потоа и домаќинствата. Гасификацијата е од круцијално значење за економијата и е од корист како за граѓаните, така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост.

Почната е постапката за формирање Јавно претпријатие „Градски гробишта“ Тетово. Со формирањето на ова претпријатие, ќе стави во употреба капелата во Тетово, ќе се изврши нова номенклатура и парцијализација на двете локации на гробиштата.

Поставување жардинјери, одржување и чистење на гробиштата.

Изведба на нова ограда, на просторот околу православните гробишта во градот Тетово.

Поставување бараки за продавање свеќи и цвеќе на долниот влез на градските гробишта, со што ќе се елиминира дивата депонија пред влезот.

Изградба на придружни објекти, санитарен јазол, климатизирана чекалница, продавница за свеќи, цвеќарница и верски објект на гробиштата кај Фалише.

Формирањe на ЈП „Градски гробишта“ Тетово

Листа на советници за Општина Тетово

  1. Илија Димитриевски
  2. Марија Костоска
  3. Фарук Омери
  4. Марија Исаевска Ристовска
  5. Панче Филипоски
  6. Ивана Костадиновска
  7. Златко Костадиноски
  8. Маја Глигориевска
  9. Христијан Петрушевски
  10. Александра Анѓелкоска
  11. Бранислав Трипуновски
  12. Весна Томоска
  13. Вулнет Синани
  14. Маја Димитровска
  15. Сашо Серафимовски
  16. Ивона Поповска
  17. Душко Милошевски
  18. Александра Трпкоска  
  19. Дарко Богатиноски
  20. Магдалена Бошкоска
  21. Благоја Војновски
  22. Катерина С. Стефановска
  23. Александар Маркоски
  24. Блерта Беадини
  25. Тоде Петроски
  26. Наташа Петроска
  27. Симе Стојчески
  28. Моника Миланоска
  29. Дени Илиевски
  30. Љубица Евросимовска
  31. Крсто Тасески