Медат Куртовски

Општина Маврово и Ростуше

Почитувани сограѓани, со чувство на длабока почит и одговорност ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Нашата Општина е место што ме изградило како човек и место што сакам со гордост да им го оставиме на идните генерации како достоинствен и просперитетен дом. Историјата и вредностите ни ги оставиле постарите, но и аманетот сега и денес да ја унапредиме нашата Општина, да ја издигнеме на секој можен план. Туризмот и малите семејни бизниси се особено значајни за нашата Општина. Познатите туристички места во нашата Општина се добра основа за развој и за инвестиции. 

Нашата Општина треба и мора да прерасне во динамична пријатна средина, со голем број посетители и со високи еколошки стандарди и економски просперитет. Општината има целосен потенцијал да ја исполни таа визија и решени сме деноноќно да работиме за да  им овозможиме на нашите деца од најмала возраст да ги гледаат придобивките од таа работа и посветеност. Училиштата мора да бидат место каде што нашите деца ќе се подготовуваат за да не се иселуваат и овде, во нашата Општина, да го основаат своето семејство и да придонесуваат за просперитетот и на општината и на државата.  

Во досегашниот мандат заеднички вложивме многу труд и работа во реализацијата на проектите за подобрување на животот на сите граѓани во нашата Општина. Со одговорен и домаќински однос покажавме како се раководи Општината и како средствата се инвестираат во развојот и благосостојбата на нашите граѓани. Ветуваме дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе, со цел да ги подобриме условите за живеење и за развој на Општината.  

Во наредните четири години ќе продолжиме со решавање на реалните потреби на граѓаните што, пред сѐ, опфаќаат еколошка заштита и чиста животна средина преку изградба на канализациони мрежи и одржување на јавната чистота, санирање на основните училишта и овозможување услови за инвестиции од областа на туризмот. Нашата иднина и перспектива зависат од нас и верувам дека заеднички можеме да ги сменуваме работите на подобро. 

Пет клучни проекти за иднината на Маврово и Ростуше

Населбата Маврови Анови се наоѓа покрај регионалниот пат  Гостивар – Дебар. Тоа е населба во која има постојани жители, но и викенд-куќи. Една од најголемите потреби на 250 жители од ова населено место е уредувањето на канализационата мрежа со која би се собирале отпадните води што потоа преку пречистителната станица ќе го добијат својот тек. 

За ова е изработен проект и треба уште да се утврди местоположбата на пречистителната станица. За овој проект се обезбедени и финансиски средства во вредност од над 500.000 евра. Веруваме дека со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со смрдеата и со отпадните води.  

Изградба на канализациона мрежа во населбата Маврови Анови

Реконструкција на основното училиште „Хајан Селмани“ во Ростуше

Општинското основно училиште „Хајан Селмани“ во село Ростуше е најстаро изградено училиште во нашата Општина. Внатрешноста на објектот не е во добра состојба и поради тоа изработивме проект за реконструкција во вредност од над 11.000.000 денари. Со овој проект ќе аплицираме во Министерството за образование и наука и очекуваме да се реализира во наредниот период. Со реализацијата на овој проект ќе се подобрат условите за одржување наставата за повеќе од 200 ученици од населените места Ростуше, Велебрдо, Присојница, Аџиевци и Јанче.

Еден од поголемите проблеми во летните месеци во населените места во нашата Општина е недостигот на доволно паркинг-места. За да го решиме овој проблем изработивме проекти за уредување на паркинг-места, а ќе се изработат проекти и за другите населени места. Планираме во секое населено место каде што има соодветна локација да се изгради паркинг-простор. Веќе се изградени во селата Жировница, Маврово и дел од Скудриње, а ќе изградиме и во населените места Ростуше, Требиште, Велебрдо, Присојница, Маврови Анови, како и во други. Со тоа ќе се избегне сообраќаен хаос во населените места во Општината.

Уредување паркинг-простори во повеќе населени места

Реконструкција на уличното осветлување во Мавровскиот Регион

Иако редовно се одржува уличното осветлување во Мавровскиот Регион, сепак има потреба од реконструкција. Општината веќе аплицираше во меѓународни фондови за решавање на ова прашање. Планирано е целокупната оштетена инсталација да се замени со нова, со цел да има помалку дефекти. 

Мавровскиот Регион е познат како туристички предел и има многу посетители што пешачат и се движат постојано низ овој регион. Веруваме дека со тоа што старата улична инсталација ќе ја замениме со нова ќе се реши и проблемот со јавното осветлување во Мавровскиот Регион, конкретно во Маврово, Маврови Анови, Никифорово и Леуново, каде што живеат околу 1.0000 жители, но тука престојуваат и многу посетители во угостителските објекти и во викенд-домовите.

Населените места Присојница, Аџиевци и Скудриње немаат пристап до спротивната страна на реката Радика, каде што се наоѓаат и приватни имоти. За да се овозможи пристап до овој терен ќе се изработи проект за изградба на мост преку реката Радика, со што над 5.000 жители од овие села, но и други посетители ќе добијат пристап до своите имоти, како и до убавите планински предели што се наоѓаат во овој дел од Реканскиот Крај.

Изградба на мост на реката Радика во месноста Нарека спроти селото Присојница

Листа на советници за Општина Маврово и Ростуше

  1. Слаџана Ангелова 
  2. Иван Андонов 
  3. Стојан Ангелов 
  4. Борче Јованов 
  5. Мартина Горгиева 
  6. Методи Ристов 
  7. Клаудија Богатинова 
  8. Златко Анчов 
  9. Антонио Ангелов 
  10. Александра Атанасова 
  11. Ивана Ташова