Дарко Блажески

Општина Јегуновце

Почитувани граѓани на Општина Јегуновце,

Ми претставува чест, но, пред сѐ, и голема одговорност и обврска да ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Јегуновце. 

Нашата Општина Јегуновце е наш заеднички дом на сите граѓани од различни етнички, образовни, социоекономски структури и претставува катче за долгогодишен развој и соживот на сите ентитети. Целокупниот мој професионален и приватен живот се поврзува со Општина Јегуновце, и тоа ми претставува можност целосно да се посветам и реализирам проекти што се од витално значење за Општина Јегуновце. 

Во соработка и партнерство со сите граѓани, заедно ќе создадеме подобри услови за живот и ќе оставиме можност идните генерации да ги задржиме во Општина Јегуновце. Да изградиме просперитетен и стабилен дом што ќе биде гаранција дека сме на вистинскиот пат. Мојата ангажираност ми дава мотив и обврска еднакво да се грижам за потребите на сите граѓани, да создадеме општина што ќе биде подобро место за живеење, да ја развиеме општината, а со тоа да испратиме порака дека сите заедно можеме да успееме.

Пет клучни проекти за иднината на Јегуновце

Фекална канализациска мрежа во следните населени места: Беловиште, Ратае, Горно и Долно Орашје, Старо Село, Раотинце 

Проектот опфаќа целосно поставување систем на фекална канализациска мрежа во населени места што немаат таков систем.

Фекална канализациска мрежа во повеќе населени места

Изградба, реконструкција и обнова на локални, регионални патни правци

Изградба, реконструкција и обнова на локални, регионални патни правци, изградба и санација на тротоари и пешачки патеки во сите населени места.

Проектот опфаќа реконструкција и рехабилитација на локални патни правци во сите населени места, реконструкција на локални и регионални патни правци, реконструкција на улици или поставување на бекатон-плочки, санација и изградба на тротоари покрај улиците, пешачки патеки во сите населени места.

Проектот вклучува изградба на нов мултимедијален културен центар, повеќенаменски објект наменет за реализација на културни, забавни и рекреативни активности, како и објект наменет за развој на културата и збогатување на културниот живот во Општина Јегуновце.

Мултимедијален културен центар во населеното место Јегуновце

Нов водоснабдувачки систем во населеното место Жилче

Проектот вклучува изградба на нов систем за водоснабдување со чиста и исправна вода за пиење за жителите на населеното место Жилче, решавање на долгогодишниот проблем со недостиг и неисправна вода за пиење.

Проектот вклучува целосно санирање на коритото на реката Вардар по текот на населените места Јегуновце, Раотинце, Копанце, Туденце и Сиричино. Расчистување на коритото на реката Вардар, регулација со проширување на страничните делови по текот на реката.

Санација на речното корито на реката Вардар

Листа на советници за Општина Јегуновце

  1. Александар Стефановикќ
  2. Сара Николовска
  3. Небојша Гавриловски
  4. Бети Мишковска
  5. Стефан Јанчевски
  6. Силвана Крстовска
  7. Ангел Стефановски
  8. Марина Савеска
  9. Петар Димовски
  10. Викторија Ристовска
  11. Зоран Мартиновски
  12. Мартина Стојановска
  13. Коце Наумовски
  14. Цветанка Савеска
  15. 15. Стефан Јанчески