Мирко Стојановски

Општина Брвеница

Почитувани наши сограѓани, наши другари од маало, другари од село, другари од школските клупи, од седенки, од собири, почитувани мажи и жени, почитувани пензионери и млади, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на нашата Општина Брвеница.

Наша обврска, наша одговорност, но и наше задоволство е нашата Брвеница да ја унапредиме и да ја издигнеме на секој можен план и таква да им ја предадеме на нашите поколенија. Затоа, мојата општина за мене е едно цело бидејќи има сѐ.

Јас ја гледам нашата општина Брвеница како општина со европски вредности, општина со развојна економија што креира подобри работни места. Општина во која сите имаат еднаква шанса за успех, општина во која се решаваат проблемите на ефикасен и праведен начин и општина во која младите ја гледаат својата иднина.

Пет клучни проекти за иднината на Брвеница

Комплетно завршување на канализациската мрежа до 2025 година и заокружување на проект ќе биде од големо значење за нашата општина. Во улиците каде што не е поставена канализациската мрежа, граѓаните се соочуваат со сериозен проблем, а тоа е што сѐ уште плаќаат за празнење на септичките јами.. Проектот ќе го реши проблемот на околу 16.000 граѓани од оваа општина.

Довршување на канализациската мрежа

Изградба на клучка за излез и влез кон Скопје

И овој инфраструктурен проект е од голема важност за нашата општина и за граѓаните во неа бидејќи со негова реализација бенефициите ќе бидат многу големи. Сообраќајниот метаж и во градот Тетово е еден од поголемите проблеми, а со реализација на овој проект ќе го решиме ова, ќе ги избегнеме опасностите од сообраќајки и секако многу важно – ќе се заштеди време. Планираме до 2025 година да се заврши проектот.

Во населеното место Радиовце е населбата Поречко Маало чии жители со години се борат со непријатностите што им ги создава главната улица како и споредните улички. Тука живеат голем број луѓе и моментално најголем проблем им е неасфалтирана, непоплочена улица.

Изградба на пат во н.м. Радиовце во населбата Поречко Маало

Изградба на тротоар на главната улица помеѓу с. Долно Седларце и с. Брвеница

Во овој дел на село Брвеница каде што се спојуваат ова село и селото Долно Седларце има широка улица што е асфалтирана, но нема тротоар, поради што се отежнува движењето на пешаците, велосипедистите, мајките со деца во количка, старите лица и воопшто сите граѓани што поминуваат тука.. Планираме да се заврши до 2025 година.

Уште одамна земјоделците се соочуваат со проблем при наводнување. Особено сега од ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување, поради високите температури е потребно континуирано наводнување на растенијата. Олеснителна околност е што системот веќе постои, а сега е потребна негова обнова и пуштање во функција.

Реконструкција на постоечкиот систем за наводнување

Листа на советници за Општина Брвеница

  1. Светлана Стаматовска
  2. Злате Китановски
  3. Габриела Милошевска 
  4. Христијан Златаноски 
  5. Катерина Петревска Трпеска 
  6. Срѓан Стојановиќ 
  7. Магдалена Серафимовска 
  8. Никола Јовановски  
  9. Марина Маџоска 
  10. Мартин Сибиновски 
  11. Милкица Ѓорѓевска 
  12. Милан Бошковски 
  13. Христина Петкоска 
  14. Мартин Анѓелковски