Горан Сугарески

Општина Прилеп

Почитувани сограѓани, свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. 

Мои сограѓани, се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. 

Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерен и поразвиен Прилеп, за Прилеп што го сакаш! Да покажеме дека го имаме клучот за сите проблеми, дека имаме ефикасен систем за грижа на сите граѓани од градот и населените места. Нашиот заеднички дом ќе го градиме заедно. Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина!

Препознатлива општина преку модерна и урбана инфраструктура, нови бизни- можности, зелена агенда, ефикасна администрација, остварена младина и општа благосостојба.

Мојата визија е силна стратегија за развој. Развоен концепт за следните 12 години. Тоа може да се случи со еден сериозен, исклучително висок консензус на сите општествени фактори, на сите политички партии, на сите вклучени медиуми, на сите луѓе, на сите мислечки капацитети што ги има овој град, со цел, навистина да го направиме она што го посакуваат граѓаните и е најдоброто за нашата општина.

Драги мои сограѓани, од секојдневните контакти со вас, вашите сугестии, размислувања, иницијативи, заклучив дека ви го должам мојот максимален ангажман, дека сега сум најпотребен меѓу своите, во период кога предизвиците се најголеми! Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја реализираме заедно со вас граѓаните, бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник, без исклучок, на сите граѓани на Општина Прилеп.

Пет клучни проекти за иднината на Прилеп

Модернизирани и современи сообраќајни решенија на сите влезови во градот Прилеп:

Првото сообраќајно решение е функционален кружен тек на делница од магистралниот пат А1-А3 и улица „Александар Македонски“, поточно влез кај бензинска пумпа на „Лукоил“. Продолжува со булеварско решение на потегот од бензинска на „Макпетрол“ до кружен тек „Солидност“.

Влез од Битола – Прилеп, на клучката кај бензинска „Салида“, излезот од А3 за влез во Прилеп, целосна реконструкција, со проширување на коловоз, заштитна ограда од соодветен материјал и зелен појас до коловоз.

Влез од страна на Крушево – комплетна реконструкција на ул. „Леце Котески“ на коловоз, велосипедска патека од Мермерен комбинат – Прилеп до железнички премин на улицата, уредување на тротоар со бекатон-плочки, хоризонтална и вертикална сигнализација.

На стариот пат за Битола на раскрсницата кај Ново Лагово ќе има ново сообраќајно решение со разделник за регулација на сообраќај. Реконструкцијата започнува од раскрсница на ул. „Трајко Николоски“ со ул. „Александар Македонски“, каде што ќе се санира коловоз и ќе се трасира велосипедска патека до стар Црн Бор.

Уредување на влезовите во Прилеп

Уредување на Градска река – Дабнички канал

Уредувањето ќе започне со изградба на минор и мајор корито со камени плочи и ќе продолжи со заштитен ѕид на самиот кеј. Кејот ќе биде урбанизиран со хорткултиурно уредување, урбана опрема, канделабри и содржини корисни за локалното население.

Тесното грло на сообраќајот во Прилеп кај нова автобуска станица ќе го решиме со современ кружен тек и редефинирае на сообраќаен режим во овој дел на градот. Бенефициите од овој проект ќе ги почувствуваат и жителите од Крушево и Македонски Брод, жителите од населените места во нивната околина, транспортерите на мермер, автобуската станица, како и сите жители на Општина Прилеп.

Кружен тек кај нова автобуска

Булеварски сообраќајни решенија на три големи артерии низ градот

Поради зголемениот број возила во Општина Прилеп, како и стари сообраќајни решенија, потребно е редефинирање на сообраќајниот режим на главните сообраќајни артерии низ градот. 

Главни сообраќајници на кои треба да се интервенира со нови булеварски решенија се: ул. „Александар Македонски“ на потегот од бензинска „Макпетрол“ до кружен тек „Солидност“, влезот од Могила до раскрсница Чумовчанец и раскрсницата кај „Марко Цепенков“ до нов кружен тек кај Нова автобуска станица.

Булеварското решение ќе се состои од редефинирани коловозни ленти поделени со зелен појас, дополнително осветлување и модернизирана вертикална и хоризонтална сигнализација (подигнати пешачки премини).

Корист од реализација на овие активности ќе имаат сите жители на Општина Прилеп.

Поради недостиг на одредено место за релаксација, задоволство и рекреација за граѓаните на Општина Прилеп, ќе биде изграден мултифункционален, мултинаменски, спортско-рекреативен и забавен парк за сите генерации.

Придобивките од овај парк ќе бидат значителни, поради нов начин на размислување и живот на граѓаните на Општина Прилеп, преку социјализација на децата, квалитетен раст и развој на младите, заедничка дружба на возрасните и убави пензионерски денови на највозрасните. 

Реализацијата на овој проект значително ќе ја подобри и туристичката слика на нашиот град за максимално искористување на природните ресурси и промоција на истите значителни места во близина на нашиот град во корист на алтернативниот туризам, како и зголемување на спортската активност во природа.

„Семеен парк Прилеп“ - мултифункционален и мултинаменски спортско-рекреативен забавен центар - „Family park Prilep - FPP “

Листа на советници за Општина Прилеп

  1. Моника Грашеска-Илиеска
  2. Николче Мариновски
  3. Јулијана Цековска
  4. Александар Ѓорѓиоски
  5. Анета Ристеска
  6. Дарко Герамитчиоски
  7. Ивона Кузмановиќ
  8. Александар Китаноски
  9. Марија Симоноска
  10. Денис Мустафоски
  11. Мирјана Крстеска
  12. Марко Спиркоски
  13. Теодора Кочоска
  14. Виктор Талески
  15. Весна Стојческа
  16. Николче Србиноски
  17. Весна Мегленска
  18. Стеван Вељаноски
  19. Лилјана Кузманоска 
  20. Сашо Пуцакоски
  21. Мартина Стојкоска
  22. Џуниет Асаноски
  23. Елена Димоска
  24. Дарко Николоски
  25. Марјана Колеска
  26. Филип Ристески
  27. Наташа Матракоска Стеваноска