Љубе Кузманоски

Општина Новаци

Со голема почит и одговорност кон сите жители на Општина Новаци, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Новаци.

Нашата општина е место што ми буди силни емоции на спомени од целиот мој живот, место што ме изградило како човек, и место што сакам со гордост да го оставиме на идните генерации како достоинствен и просперитетен дом, место каде што сум ги поминал најубавите денови од мојот живот. Нашето Новаци е место каде што секој од нас дал посебен придонес за да го изградиме и да го направиме модерно и урбано. 

Историјата и вредностите ни ги оставиле постарите, но и аманетот сега и денес да ја унапредиме нашата општина, да ја издигнеме на секој можен план, за и нашите поколенија со почит да гледаат кон нас. 

Пет клучни проекти за иднината на Новаци

Планираме да изградиме отворен базен во село Новаци, како најголемо населено место во Општина Новаци. Базенот би бил достапен за сите возрасти и би се користел рекреативно со можност на организирање одредени натпревари.

Отворен базен и партерно уредување на отворениот базен во с. Новаци

Пречистителна станица во Новаци

Во изминативе 4 години увидовме дека многу е важно да се изгради пречистителна станица којашто ќе биде од големо значење за локалното население. Изготвен е основен проект и се предвидени сите следни чекори за успешна реализација на капитален и долгорочен проект.

Во денешно време канализација е потреба во секое населено место, затоа ние се обврзуваме во наредните 4 години да изградиме барем во сите поголеми места, а доколку има услови и можности, би изградиле и во сите населени места. Во 21. век канализацијата не е луксуз, туку потреба, затоа нашата цел е да изградиме, и со тоа да се заштити и животната средина.

Канализациски системи во сите поголеми населени места

Изградба на водовод за с. Бач-с. Брод с. Живојно-с. Добровени

Со овој капитален проект Општина Новаци ќе обезбеди квалитетна вода за пиење од хидросистемот ЈП СТРЕЖЕВО – Битола, со што ќе се реши долготрајно проблемот со водоснабдувањето во овие села. После долга консултација со жителите се увиде дека некои населени места имаат проблем со вода за пиење, во овој мандат успеавме да ги изготвиме сите проектни документации за решавање на овој проблем, затоа се обврзуваме во новиот мандат да изградиме водоводна мрежа и со тоа да имаме цело време квалитетна вода за пиење.

Локацијата за индустриска зона веќе е обезбедена, моментално се работи за изготвување на сите документи и процедури за да се почне со реализација на овој значителен проект, кој ќе придонесе за јакнење на економијата. Со изградбата на оваа индустриска зона ќе се привлечат странски и домашни  инвестиции кои ќе отворат нови работни места.

Индустриска зона во с. Новаци

Листа на советници за Општина Новаци

  1. Наумче Смилевски
  2. Суза Јовановска 
  3. Љупчо Петровски 
  4. Зоран Стефановски
  5. Гоце Стефановски
  6. Јулијана Дамчевска
  7. Моника Ангелковска
  8. Ристе Пројчевски
  9. Наталија Бошевска