Јасмина Гулевска

Општина Могила

Гордост и чест ми е да ви ја претставам мојата програма и повторната кандидатура за градоначалник на Општина Могила. 

Могила е место што со гордост го нарекувам свој дом, а горда сум затоа што Могила е местото каде што живеат едни од највредните, од најтрудољубивите луѓе, луѓе со силни вредности. Мојата визија за Општина Могила е таа да продолжи да се развива во урбано место, место со млади семејства, место со високи стандарди за живеење, чиста животна средина и подобрени услови за секој граѓанин. Општина Могила има голем потенцијал да гради зелена економија и одржливост, тој потенцијал го согледавме и ќе работиме на негово искористување.

Јас, Јасмина Гулевска, како кандидат за градоначалник на Општина Могила, се надевам дека повторно ќе успеам да ја добијам вашата доверба и во следните четири години. 
Претходно, како советник, а во последните четири години и како градоначалник, успеав да согледам и да разберам кои се реалните потреби на секое населено место. Работев отчетно, транспарентно и рамо до рамо со секој од вас.
Само со добри локални политики, Могила ќе продолжи да се развива по овој добро трасиран пат по кој се движевме во минатите четири години, а јас ќе останам посветена Могила да биде и да остане место во кое секој ќе сака да живее. Најбитните проекти зацртани во мојата програма се фокусираат на енергетската ефикасност и урбанизацијата на Могила. Би сакала да ги издвојам проектите: а) изградбата на фотонапонски централи во ИЗ Петилеп и Вашарејца, б) изградба на „Паметна градска фарма и градина“/„Smart city farm and garden“, в) доизградба и регулирање на отпадот и атмосферската канализација во другите населени места, г) Проект за поубава Општина Могила Проект за раззеленување и зголемување на зелените површини во Општината.

Овие, но и многу други проекти се дел од планот и визијата за поубава, одржлива и зелена општина во следните четири години.

Пет клучни проекти за иднината на Могила

Целта на проектот е да се воспостави инклузија на маргинализираните групи граѓани во Пелагонија, со посебен акцент на децата со предизвици.

Специфични цели на проектот се:

  • воведување општински систем за развој на образованието во предучилишната возраст;
  • воведување на децата со предизвик во процесот на учењето;
  • промовирање на паметната технолгија за одржлив развој на природните ресурси во руралните средини;
  •  зголемување на локалниот капацитет за социјална заштита и инклузија.

Целна група на овој проект се сите граѓани, а ќе се имплементира иновативна акција базирана на потребите и на интензивната соработка меѓу образовните институции, невладините органзации, социјално-здравствените институции и локалните бизниси од Пелагонискиот Регион.

Базирани врз различностите, преку овој иновативен и одржлив модел ќе стигнеме до развивање на инклузија меѓу повеќе целни категории на граѓани.

  • Реални можности и реален развој;
  • Ќе овозможиме социјални услуги за децата, нега за повозрасните, сиромашните, за различните групи.

„Smart ecosystem for learning and inclusion“ – Проект за обезбедување можности за социјална инклузија

Индустриска зона за локален економски развој

Во 2020 година, отуѓени се 7 (седум) парцели од вкупно 14 (четиринаесет) парцели, со површина од 72.417 m2 за изградба на леснозагадувачка индустрија.

Изработена е проектна документација за инфраструктура во ИЗ Петилеп.

Почнат е процес за отуѓување на уште една парцела за производство на електрична енергија.

Целта на проектот е да креираме нови можности за развој и нови работни места, за да се намали невработеноста во Општината, а истовремено, да ги задржиме младите кадри во неа.

Првата градинка во Општина Могила ќе биде изградена во дворот на ОУ „Гоце Делчев“, во Могила, а инвеститор ќе биде Министерството за труд и социјална политика.

Според општиот акт на населеното место Могила, предвидено е на к.п бр.2905/1 да се изгради детска градинка за згрижување деца на предучилишна возраст. Градинката ќе биде со капацитет од  30 деца и со две занимални.

Изградба на првата градинка во Општина Могила

Искористување на локален ресурс – слама и едукација на населението за производство на пелети

Конкретна цел  на проектот е мотивирање на локалните земјоделци да ја инвестираат сламата која ќе се претвора во пелети и понатаму ќе може да се употребува и во домаќинствата во Регионот. Емисиите на CO2, односно од 22.400 тони пелети од слама се заштедуваат најмалку 15.000 тони CO2-емисии.

– Обезбедување активен однос на Општина Могила кон задоволувањето на потребите и интересите на граѓаните во областа на културата и спортот;

– Негување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на Општина Могила;

– Негување и афирмирање на културниот идентитет и на спецификите на Општина Могила;

– Создавање услови за квалитетно културно живеење, соодветно на статусот на Општина Могила;

Младински културен центар во Могила

Листа на советници за Општина Могила

  1. Моника Мицевска
  2. Николче Велјановски
  3. Андреа Анѓелевска
  4. Емертин Салиевски
  5. Катерина Секуловска
  6. Христијан Бечвиновски
  7. Марија Талевска
  8. Пеце Пецаковски
  9. Даниела Недановска
  10. Александар Цветковски
  11. Жаклина Стојановска
  12.