Почитувани сограѓани на Општина Долнени,
Со чувство на длабока почит и одговорност, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Долнени. Како долненец, како човек што со години во континуитет ги следи и живее со реалните проблеми на граѓаните во Општина Долнени, чувствувам одговорност и должност да помогнам.
Нашата општина е место што ми буди силни емоции на спомени од најраната младост, и место што сакам, заедно со вас, да го изградиме во достоинствен и просперитетен дом за нас и нашите идни генерации. Нашето Долнени е домот во кој сите заеднички сме израснале, домот што го граделе нашите предци и што ни го оставиле како аманет, сега и денес, да го унапредиме и да го издигнеме на секој можен план, за и нашите поколенија со почит да гледаат кон нас.
Овој тип микроакумулации обезбедуваат вода за наводнување на земјоделското земјиште, за напојување на стоката и за други потреби. Управувањето со ваквите системи за наводнување ќе биде доделено на водокориснички здруженија преку кои земјоделците, како директни корисници на водата, сами ќе управуваат и ќе решаваат за користење на водите.
Целна група: Земјоделците од 36 населени места.
Населените места: Црнилиште, Десово и Браилово се водоснабдуваат од постојни бунари и резервоари што немаат квалитетна вода за пиење и не ги задоволуваат потребите на месното население, а водоснабдувањето се врши преку бунарски пумпи што се големи потрошувачи на електрична енергија. Со проектот е планирана изработка на студија за изведба и изградба на главен цевковод, од регионалниот водовод Студенчица до населените места. Со овој проект би се решил еден од најголемите проблеми на населението од Десово, Браилово и Црнилиште.
Целна група: Жителите на Десово, Браилово и Црнилиште
Регионалниот пат Црнилиште – Ропотово – Лажани – Житоше – Кривогаштани е од големо значење за граѓаните од цела Општина Долнени, а ги поврзува и општините Кривогаштани и Крушево, каде што гравитираат од 25.000 до 30.000 жители. Поради оптовареноста и фреквенцијата на сообраќај на овој регионален пат, граѓаните имаат потреба од нормално функционирање и движење. На патот отежнато се разминуваат две возила, а во случај да се пресретнат две товарни возила, не постои можност за разминување.
Целна група: Сите жители на Општина Долнени
Индустриско-стопански зони, откупни и преработувачки земјоделски капацитети во с. Дебреште, с. Ропотово, с. Лажани и с. Долнени.
Уште одамна земјоделците се соочуваат со проблем при наводнување. Особено сега од ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување, поради високите температури е потребно континуирано наводнување на растенијата. Олеснителна околност е што системот веќе постои, а сега е потребна негова обнова и пуштање во функција.