Христо Кондовски

Општина Битола

Битола е местото каде што израснав. Тука се огништата на моите предци. Таа е мојот дом, дом на моите три деца, на моите пријатели, сограѓани. Таа ме изгради во почитуван граѓанин и успешен бизнисмен, кој 13 години се бори во конкурентното економско опкружување. 

Да се биде битолчанец, не е само привилегија, туку аманет да ја унапредиме нашата Битола во сите области на општественото живеење. Како кандидат на СДСМ, чест ми е да го прифатам предизвикот заеднички да продолжиме да работиме на остварување на визијата за подобар живот на сите граѓани во општината. На тоа нѐ обврзуваат историјата и вредностите по кои отсекогаш Битола била препознатлива.

Нашата општина ја гледам како модерен урбан дом за сите генерации. Место каде што нашите деца ќе се школуваат пред наши очи, ниту нивните родители да заминуваат во странство по егзистенција, ниту тие да чекаат диплома како карта за Европа. Со посветено и домаќинско работење ќе обезбедиме Битола да прерасне во економски просперитетна средина, општина со силни локални институции, високи еколошки стандарди, развиена културна и спортска сцена. 

Меѓу нашите врвни приоритети е и топлификацијата. Изградба на магистрален топлински вод од РЕК Битола до градот Битола долг 12,8 км. Со изградба на подземна сообраќајница пред хотелот Епинал под „Широк сокак“ ќе овозможиме релаксирање на сообраќајот, континуирана и безбедна зона за пешаците. Во Битола ќе никне нов мултифункционален спортски центар, кој ќе располага со спортски терени, затворен базен и аквапарк, кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште, како и хотелски комплекс. 

Силен акцент ќе ставиме на подобрување на инфраструктурата, унапредување на урбанизацијата и сообраќајот, висока комунална хигиена и заштита на животната средина.

Под капа на локалната самоуправа ќе отвориме Младински културен центар во функција на системска поддршка на личниот развој на младите луѓе во нашата општина.

Пет клучни проекти за иднината на Битола

Почнување постапка за изработка на нов ГУП на град Битола со претходна изработка на сообраќајна студија за градот, изработка на хидролошка студија, изработка на сеизмолошка студија и/или постапка за изработување и донесување детални урбанистички планови во рамки на границите за ДУП и ГУП.

Инфрастуктурно планирање и визија за инфраструктурен развој

Сообраќајни развојни проекти

Изградба на трите влезови во град Битола. 

Модерни сообраќајни решенија. Изработка на модерни сообраќајни решенија и основни проекти по принципот на европските градови, а согласно сообраќајните студии за Битола, чија фазна реализација ќе даде еден нов лик, квалитетен јавен простор и подобрување на безбедноста и мобилноста за сите учесници во сообраќајот, а посебно воспоставување и промена на режим на сообраќај со сегрегација на површини и еднонасочен сообраќај. Идејата е да се адаптира и ревитализира градот на одржлив начин, а не да се конзервира.

Решавање на проблемот со паркирањето. Битола велосипедски град. Модернизација на јавниот градски превоз и такси превозот.

Муллтифункционален спортски центар. Општината преку јавна понуда за изведба и изградба ќе го реализира проектот за мултифункционалниот спортски центар кој ќе располага со: затворен базен и аквапарк, кошаркарско, фудбалско и тениско игралиште како и хотелски комплекс со вклучен инвеститор. Овој проект ќе овозможи отворање нови работни места, дополнителни приходи за општината, реализација на долговетуваниот проект за затворен базен, ефектот би го почувствувале сите граѓани на општината и правните лица кои ќе соработуваат при изградбата, а потоа во функционирањето на овој центар.

Спортско -рекреативни развојни проекти

Безбедни и функционални урбани и рурални населби

Инфраструктурно, комунално и сообраќајно уредување на месните заедници, пред сѐ со обнова на коловозот, поставување на доволно физички пречки за смирување на сообраќајот во зоните на училиштата и зоните за домување, уредување на зелени површини како и простори за рекреација и детски паркови.

Од овој проект придовки ќе имаат сите граѓани, со подобрување на условите за живеење, зголемување на безбедноста воопшто, зголемување на безбедноста на децата, подобрување на сообраќајната култура, заштита на животната средина.

Улица „Индустриска“ е делот од Битола, во кој е сместена локалната индустрија и низ кој ќе врви гасоводот и дел од топловодот. Оваа улица претставува артерија низ која се одвива сообраќајот за потребите на индустријата. Во продолжение на улица „Индустриска“ урбанистички е планирана улица „Индустриски пат“, која излегува кај Царинскиот терминал. Овие улици се дел од Проектот за инфраструктура за гасификација и низ нив ќе врви гасоводот.

Реконструкција и изградба на улица Индустриска и Индустриски пат

Листа на советници за Општина Битола

  1. Александар Димовски
  2. Жаклина Наумовска
  3. Методија Илиевски
  4. Елизабета Тодоровска
  5. Петар Николовски
  6. Јасмина Буневска-Талевска
  7. Зоран Ѓоргиев
  8. Мирјана Захариевска Ралевски
  9. Кире Климевски
  10. Елена Кромидаровска
  11. Борче Корлевски
  12. Јадранка Павловска
  13. Шефки Таировски
  14. Кети Неделковска
  15. Васко Колевски
  16. Биљана Цветковска Димовска
  17. Зоран Степановски
  18. Валентина Стојановска
  19. Горан Долевски
  20. Анастасија Главевска
  21. Димитар Андоновски
  22. Маја Аврамовска
  23. Златко Димитровски
  24. Емилија Стојановска
  25. Шебрит Салиевски
  26. Рула Чаламани
  27. Благојче Атанасов
  28. Елизабета Ивановска
  29. Пеце Коруновски
  30. Рабие Бајрамовска
  31. Андреј Лозановски