Димче Шипинкаровски

Општина Струга

Со чувство на огромна одговорност и неизмерна почит кон вас, ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Струга. Струга е градот со којшто сум емотивно поврзан. Тука сум се родил, сум израснал и сум создал семејство. И покрај сите искушенија што ги носи животот, останав свој на своето, свој на својата сакана Струга и никогаш не помислив да ја заменам за некоја друга. За нас стружани, „како Струга нема друга“ не е само популарна и широко позната изрека, туку е и начин на размислување, дејствување и сеопшто живеење. 

Речиси 30-те години поминати како приватен стопанственик ми овозможија интегрално да го запознаам целиот Струшки Регион. Но уште поважно, ме научија дека и покрај разликите во јазикот и вероисповедта, предизвиците ни се исти. И најважно, научив дека сите нас нè поврзува вербата во Струга и желбата да ја направиме поубаво место за живеење. 

Воден од љубовта и поврзаноста што ги чувствувам кон Струга, се решив на овој чекор. Ветувам дека охрабрен од вашата ценета поддршка, ниту за момент нема да се поколебам во остварување на зацртаната цел: Струга – мајка на сите нејзини граѓани, исполнета со голем број зелени јавни површини. Заслужуваме да имаме чиста и убава Струга, урбанизирана во хармонија со природата. Заслужуваме промена на дотраената водоводна и канализациска мрежа и изградба на нова онаму каде што е потребно тоа. 

Ќе ги вложиме сите наши капацитети и ќе го посветиме сиот наш труд за да ја развиеме Струга во мондемско туристичко место, исклучиво почитувајќи ги препораките на УНЕСКО. Струга заслужува систем за селекција и отстранување отпад и достојни услови за живот во сите прекрасни струшки населени места. Младите заслужуваат нови училишта, градинки и спортски објекти, каде што ќе бидат среќни и желни за учење и игра, а со тоа ќе продолжат да ги негуваат струшките корени. 

Драги мои стружани, мојата желба е да ја видам Општина Струга уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите што Струга ја прават особено автентична и привлечна и, секако, уште поотворена за туристите од цела Европа и целиот свет. 

Пет клучни проекти за иднината на Струга

Струга и населените места се соочуваат со дотраена водоводна мрежа поради што многу често, особено за време на туристичката сезона, доаѓа до прекин на водоснабдувањето, а во некои делови прекинот трае и повеќе од 24 часа. Во дел од населените места канализациската мрежа е дотраена, а во некои воопшто ја нема. Неопходна е и изградба на пречистителни станици и филтри во дел од населените места во општината. Вредноста за реализација на ваков проект изнесува 170.000.000,00 денари. Рок на реализација: 2022-2025 година.

Промена на дотраената водоводна и канализациска мрежа, како и изградба на нова во руралните населени места

Реконструкција на градски пазар

Пазарот во Струга е значаен за локалната и регионалната економија затоа што од него остваруваат егзистенција голем број земјоделци и трговци. Поради потребата од обезбедување простор за пласирање на земјоделските производи и лесна достапност за потрошувачите, потребна е реконструкција на постојниот градски пазар. Планираме реконструкција со која ќе се воспостави ред во поставувањето штандови, обезбедување магацински простор и подобри хигиенски услови. Вредноста за реализација на ваков проект изнесува 40.000.000,00 денари. Рок на реализација: 2025 година.

Време е да ставиме крај на септичките јами во сите населени места преку поврзување на канализациските мрежи на колекторски систем на територијата на цела Општина Струга. Приоритет ќе имаат населените места, каде што овој проблем е најакутен и им го загорчува секојдневието на локалните жители.

Воспоставување комплетен колекторски систем на целата територија на Општина Струга и реконструкција на сите пречистителни станици со т.н. фреквентна регулација на отпадните води е наш врвен приоритет. Се работи за сериозен и комплексен проект за кој средства ќе се обезбедат од општинскиот, но и од буџетот на централната власт.

Колекторски систем

Изградба на Градска марина и уредување на речното корито на реката Црн Дрим

Со цел развој на туризмот преку целата година, значајна за Струга е изградбата на Градска марина, која ќе биде предуслов за привлекување туристи преку нудење услуги што вклучуваат пловни објекти. Истовремено, со нејзиното градење би се решил и проблемот со пловните објекти во сопственост на месното население. Отворање на патот за воведување меѓународна линија Струга ‒ Поградец, како и реализација на идејата за организирање „Саем за туризам“, насловен како „Струшки денови на туризмот“ – манифестација, која многу ѝ недостасува и на Струга и на целокупното охридско-струшко крајбрежје.

За првпат по 45 години, во соработка на централните институции и странски донатори, успеавме да го исчистиме коритото на реката Црн Дрим од наносот што беше наталожен во изминатите пет децении. Нашиот план е „Дримот“ да биде исчистен по целиот негов тек до с. Ташмаруништа. Целта е целото корито да биде партерно уредено, а изработката на таквиот проект ќе биде исклучиво во соработка со стручни лица.

Со изградба на Градската марина и уредувањето на коритото на Црн Дрим, Струга би добила еден поинаков сјај, од што корист ќе имаат туристичките, хотелските и угостителските субјекти, но и целото стопанство. На тој начин, придобивките од овие капитални инвестиции ќе ги почувствуваат сите граѓани на Општина Струга.

СДСМ ќе се заложи за регулирање на сообраќајниот режим, кој во последните години е сè поголем проблем на градот, преку поставување нова сообраќајна сигнализација, обновување на старата сообраќајна сигнализација и зголемување на соработката со службата за сообраќај при МВР, како и изнаоѓање подобар и поефикасен начин на воспоставување сообраќаен режим. Исто така, ќе се заложиме за изградба на велосипедски патеки во крајбрежниот дел на градот. Згора на тоа, ќе вложиме максимални напори во насока на обезбедување поголема безбедност на учесниците во сообраќајот и воспоставување на ред и регулирање на сообраќајот. Вредност на проектот: 40.000.000,00 денари. Рок на реализација: 2022 година.

Регулирање на сообраќајниот режим и изградба на катна гаража

Листа на советници за Општина Струга

  1. Ирина Јолдеска
  2. Никола Климоски
  3. Мегдија  Цаноски
  4. Ацо Ѓуроски
  5. Каролина Турикашевска – Велјаноска
  6. Едип Беќироски
  7. Арџент Алка
  8. Никола Грданоски
  9. Анета Мижимакоска 
  10. Воскреса Јанкулоска 
  11. Сашко Пејчиноски 
  12. Моника Лазороска 
  13. Џеват Усеини 
  14. Бобан Илоски 
  15. Марија Шајноска 
  16. Митко Битолскоски 
  17. Павлинче Нелоска 
  18. Насте Маркоски 
  19. Христијан Затаракоски
  20. Мисерет Шеј 
  21. 21.Перо Рајчиноски 
  22. Назире Бичак 
  23. 23.Симона Жупаноска 
  24. Душан Ристиќески 
  25. Спасе Скрчески 
  26. Маја Матоска 
  27. Александра Лозаноска