Константин Георгиески

Општина Охрид

Пред нас се избори на кои сите ние, кои го носиме Охрид во срцето и во душата, ќе треба да избереме локална власт. Тоа е право на секој од нас. И јас, со иста рамноправност, имам право да избирам. И јас имам право на избор. Мојот избор е Охрид.

Да се бара мандат од своите, од вас охриѓани, е голема одговорност. Не само за мене туку за кого било и кога било. Затоа што Охрид е повеќе од само обичен град. Охрид е светско наследство и национална гордост. 

Охрид е родно место, роден крај, мојот, твојот дом, дом од памтивек. А домот треба да е убав, среден, топол, сигурен, чист, безгрижен, дом во кој знаеш дека си свој на своето, дека секогаш има некој со тебе и за тебе… За таков Охрид сум пред вас, со целиот свој професионален и личен капацитет, јас Константин Георгиески, доктор и актуелен градоначалник. 

Водени од вашата доверба и поддршка, со вас и со мојот тим, заедно цврсто чекориме по патот на промените. Горди сме што успеавме да започнеме една нова ера на поголема свесност и тоа што како генерација покажавме дека умееме да ја искористиме историската шанса за да го зачуваме богатството што ни е оставено во аманет. 

Работевме одговорно, чесно и домаќински за да овозможиме посовремени услови за живеење за сите граѓани, грижејќи се за природните, културните и духовните вредности. Постигнавме многу, но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да зацртаме и да тргнеме кон остварување на нови цели! Сега е време уште еднаш да се обврземе пред вас и пред себеси дека ќе работиме уште повеќе за интересите на градот.

Да продолжиме заедно да го развиваме Охрид, да го направиме посакувано место за живеење и внимателно да ја чуваме неговата уникатна природа и историја! Заедно да продолжиме да ги следиме позитивните идеи, да ја искористиме новата шанса за подобри услови за живот на нашите деца и внуци.

Пет клучни проекти за иднината на Охрид

Плажите се од огромна важност за Охрид како туристички центар. Освен во летната сезона, тие се одличен потенцијал за различни содржини во другиот дел од годината. Плажите во голема мера придонесуваат за квалитетот на животот во градот и претставуваат и исклучителен туристички ресурс. Развиваме нов сериозен концепт и план, за да може Општината да преземе важна улога во уредувањето, но и во управувањето со плажите, согласно екостандардите и според препораките на УНЕСКО. Целта е плажите да бидат јавни и достапни за граѓаните, но и во функција на туризмот.

Плажи по мерка на граѓаните и во согласност со прироата

Урбана култура

Охрид е своевиден град музеј, но и град што живее и се развива. Културните богатства се непроценлива можност за туристичка активност, како и за економски напредок. Токму затоа преземаме сериозна иницијатива за одговорност, грижа и одржливо управување со сопственото културно и историско наследство, согласно препораките на УНЕСКО. Проектот „Урбана култура“ се однесува на низа инфраструктурни проекти, чија цел е градот да добие функционално решение за неговиот најцентрален и најфреквентен дел.

За да овозможиме полесно информирање на граѓаните и на гостите и поврзување на понудата и побарувачката, започнуваме со голем проект за создавање на официјален портал/апликација на Охрид. На „Цел Охрид на клик“ ќе бидат наведени сите: 

Информации за градот и туристичката понуда, хотели, апартмани соби, ресторани и кафулиња. Малопродажба – храна, облека, накит сувенири. Автопревоз – такси. Изајмување опрема. Закажување туристичка тура со овластен туристички водич. Нега на лице и тело, одржување хигиена и слично. Настани, случувања и други важни информации.

Цел Охрид на клик

Зелена оаза

Студенчишко Блато – парк на природата Заради геолошките и биолошки вредности, пред се присуство на живеалишта и видови од национално и европско значење, во тек е процедура за носење на Закон за прогласување на Студенчишкото Блато за Парк на природата. Ќе бидат утврдени три зони на заштита: зона за строга заштита, зона за активно управување, зона за одржливо користење. 

Градски парк – Касарна. Креираме идејно решение за уредување и подигнување на Градски парк во комплексот на поранешната касарна. Паркот ќе биде уреден со патеки, урбана опрема, цветни леи, фонтани, нискостеблесто зеленило и нови дрвореди. Во рамките на паркот ќе биде поставено ново осветлување, игралишта со детски реквизити, летниковци и други интересни содржини.

Парк – Билјанини Извори. Ќе се изврши соодветно уредување на просторот со нови тревници и цветни насади, ќе се постави нова урбана опрема и осветлување. Овој потег ќе стане репрезентативно место за прошетки, одмор и рекреација и значително ќе ја зголеми понудата за туристите. 

Парк – Спортски комплекс.Уредување на слободниот простор во близина на спортски центар Билјанини Извори. 

Ново зеленило во центарот на градот и на улиците. Реорганизирање и проширување на постојните зелени зони во градот и подигнување нови дрвореди и зелени насади.

Друштвени паркови во секоја населба. Планираме просторни предуслови за зелени јавни површини во Охрид и ќе го интензивираме пошумувањето со цел да го зголемиме бројот на засадени дрвја на долг рок.

Вложуваме во нашите деца и млади бидејќи тоа е вложување во нашата иднина. Најголемиот влог е насочен кон подобрувањето на условите во градинките и во училиштата. Воспитувањето и образованието на децата се најважни работи во едно општество.

Децата се нашата иднина

Листа на советници за Општина Охрид

  1. Науме Јованоски
  2. Живка Ангеловска
  3. Стојан Митрески
  4. Деса Косароска
  5. Бојан Михајловски
  6. Ванчо Костоски
  7. Арбен Демироски – Бено
  8. Милена Грозданоска
  9. Џанер Исмаил
  10. Садие Омерова
  11. Снежана Дическа
  12. Наум Калачоски
  13. Ирена Шајн
  14. Ристо Николески
  15. Оливера Јанкоска
  16. Моника Јанеска
  17. Добре Вељаноски
  18. Марија Питошеска
  19. Александар Колески
  20. Даниела Букреска
  21. Наталија Влавческа
  22. Ангела Стефаноска
  23. Гоце Јованоски