Живко Силјаноски

Општина Македонски Брод

Со чувство на длабока почит, голема одговорност и обврска кон идните генерации ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на нашата Општина Македонски Брод. 

Општината ми буди силни емоции и спомени од најраната младост, место што ме изгради како човек, и место што сакам со гордост да го оставиме на идните генерации, како достоинствен и просперитетен дом. Тоа е куќата во која сите заеднички сме израснале, куќата што камен по камен, кат по кат, ја изградиле нашите предци. 

Историјата и вредностите ни ги оставиле постарите, но и аманетот сега, и денес, да ја унапредиме нашата општина, да ја изградиме на секој можен план, за да можат и нашите поколенија со почит да гледаат кон нас. 

Заедно градиме општина со која сите се гордееме. Продолжуваме понатаму, бидејќи нашата општина го заслужува најдоброто.

Пет клучни проекти за иднината на Македонски Брод

Општина Македонски Брод има изработено проект за изградба на кеј на реката Треска. Проектот се состои од регулација на самата река, како и заштита на околните куќи, со доизградба и реконструкција на заштитен ѕид што ќе ги заштити од поплави  околните куќи, изградба на пешачка патека, по текот на реката од местото наречено Коло до монтажниот пешачки мост на реката Треска, во должина од 1 000 метри.

Уредување на централното градско подрачје, регулација и изградба на кеј на реката Треска

Изградба на дневен центар за лица со попреченост

Поради големиот број згрижувачки семејства што згрижуваат деца со пропреченост, од голема помош ќе им биде изградбата на овој Дневен центар како и за самите лица, за нивно образование и дружење.

Географската местоположба на Општина Македонски Брод може да ја направи општината една од водечките општини во искористувањето на обновливите извори на енергија. Големиот број сончеви денови во годината дозволува производство на електрична енергија со фотоволтаични централи. Во иднина ќе се заложиме за максимално искористување на овие потенцијали, а општината навремено ќе ги изготви сите потребни плански документи, како и изградба на инфраструктура, што од друга страна ќе придонесе за развој на економијата.

Искористување на обновливи извори на енергија

Реконструкција на водоводната мрежа во Самоков

Самоков, како најголемо населено место во поранешната Општина Самоков, има проблем со водоводната мрежа и со квалитетот на водата за пиење. Проектот се состои од изградба на нова водоводна мрежа до секој дом, како и изградба на нов резервоар што ќе биде опремен со современа опрема за автоматско хлорирање на водата при што ќе се добие квалитетна вода за жителите на Самоков. Со овој проект ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и квалитетот на водата на жителите на Самоков.

Листа на советници за Општина Македонски Брод

  1. Дијана Јованоска
  2. Зоран Велески
  3. Анамарија Златеска
  4. Миланчо Костадиноски
  5. Христина Секулоски
  6. Марјан Стојаноски
  7. Ирена Стојаноска
  8. Николче Огненоски
  9. Наташа Стојаноска
  10. Илчо Трпески
  11. Емилија Велјаноска