Почитувани сограѓани, со чувство на длабока почит, задоволство, но и одговорност кон вас, но и кон сите идни генерации жители, ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Дебрца.
Со гордост на своето потекло, се сеќавам на најраните спомени од детството и младоста низ уличките на моето родно Мешеишта, чекорам низ сегашноста со општествен придонес директно од центарот на општината во Белчишта, со надеж и план како да ја оставиме Дебрца во рацете на идните генерации, како општина со добра перспектива, достоинствена и просперитетна.
Општината ќе се развива рамномерно и праведно во сите села, и помалите и поголемите, со ставен акцент на проектите што ги засегаат најголем број од граѓаните, но секогаш со мисла за благосостојба на целокупното население.
Особено лично ќе се залагам за беспрекорно чиста еколошка средина, заштита на животната средина, современи методи на производство и енергетска ефикасност.Посакувам инклузивна заедница и со целото свое битие ќе се залагам за општина со која секој ќе се гордее.
Заедно, до многу успеси!
Во рамките на овој проект ќе се задржиме на најавтентичниот дел на Дебрца, а тоа е природата, природните убавини и потенцијали. На овој пат, до крајната цел, беспрекорно чиста и еколошки безбедна средина, во Дебрца ќе се работи на неколку фронтови, но акцентот ќе биде ставен кон промоција на алтернативните извори на енергија, органското производство и подигнување на еко свеста кај секој од нас.
I фронт: Комунална сфера
II фронт: Алтернативни и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност
III фаза: Органско производство
Развој на промотивни материјали за природни и историски знаменитости во Општина Дебарца.
Изработка на стратегија за алтернативен туризам.
Пилотирање на проекти за алтернативен туризам.3.Изградба на пат во н.м. Радиовце во населбата Поречко Маало
Изнајмување на локал/тезги во пазарите на Охрид/Струга наменет за продажба на земјоделски производи (свежи и конзервирани) или субвенционирање на дел од трошоците за нивно изнајмување.
Помош при брендирање и е-продажба на нивните производи (ајвари, мед…).
Воспоставување посебен систем за соработка со иселениците
Инвестиции во пристапни патишта до земјоделски површини преку ИПАРД-програмата