Марјан Јанев

Општина Василево

Почитувани мои сограѓани, развојот и напредокот на Општина Василево, и подобрувањето на животот на граѓаните во сите населени места во општината, во која што живеам и работам, отсекогаш ми биле примарна цел во мојата кариера, не само како политичар, туку и како човек. Мотото да се подаде рака во добро и лошо, да се помогне кога е најпотребно, да се реши проблем во интерес на заедницата ме водеа досега, но и во иднина, да бидам силен и истраен и да се соочам со нови предизвици во интерес на мојата и Ваша општина. Докажав дека имаме капацитет, визија и желба. Докажавме дека само со работа  може да се остварат дела што ќе бидат белег на едно време од кое ќе нема срамење.

Мојата визија од која не отстапувам е Василево да стане модерна општина, со одлична инфраструктура, целосно урбанизирана и уредена, економски силна и развиена, со чиста животна средина каде што секој граѓанин со гордост ќе каже дека е од Општина Василево.

Пет клучни проекти за иднината на Василево

Со овој проект ќе се решат отпадните води на околу 684 жители во населено место Владиевци. Ќе бидат изведени вкупно 10.400 метри канализациска мрежа со што ќе се покрие целото населено место. Сите заинтересирани жители од населеното место Владиевци ќе добијат можност за приклучување на оваа канализациска мрежа. Со реализацијата на овој проект ќе се реши долгогодишен проблем со отпадните води во ова населено место. Овој проект ќе придонесе за поголема заштита на животната средина и намалување на трошоците на домаќинствата за изградба на септички јами.

Изградба на фекална канализациска мрежа во населено место Владиевци

Изградба на излетничко место на Брана Турија

Со овој проект Општина Василево ќе добие современо излетничко место опремено со најсовремена урбана опрема и детски реквизити. Планирано е излетничкото место на Брана Турија да биде со бекатонски патеки како и  изградба на летниковци, поставување на реквизити за игра и забава на децата, односно нишалки, лизгалки, лулашки,  вртелешки,  како и поставување на урбана опрема, клупи за одмор и  канти за отпадоци. Овој проект ќе им овозможи рекреација на сите граѓани од Општина Василево и пошироко.

Со овој проект ќе се подобри патната инфраструктура, ќе се овозможи побрз пристап до сите значајни објекти и ќе се зголеми безбедноста на граѓаните од населените места Василево и Пиперево. Со изградбата на овој пат ќе се создадат услови за непречено одвивање на сообраќајот на жителите на околните места, економските оператори и земјоделците.

Реконструкција на пат од мал парк Методија Митев-Василево до центар во село Пиперево

Листа на советници за Општина Василево

  1. Крсте Панев  
  2. Билјана Ѓоргиева
  3. Илми Мустафов
  4. Александра Мадевска
  5. Билент Исинов  
  6. Кристина Нистров
  7. Блаже Коцев
  8. Македонка Митрова
  9. Христина Гошева
  10. Горанчо Николов
  11. Тони Тасев
  12. Елена Митева
  13. Неџат Меминов
  14. Фросина Стојанова