Зад нас е период на соработка, заедништво и нови вредности. Поставивме нови цели, изградивме нови темели и тргнавме по патот на развојот.
Развиваме заедница со нови правила, транспарентни институции и солидарност. Општина со чиста животна средина, развиено земјоделство, решени инфраструктурни проблеми и праведност во одлучувањето.
Ја развиваме социјалната компонента, инвестираме по приоритет и не исклучуваме никого.
Општина Валандово – дом на сите граѓани, обединета, посветена на развојот, чистиот воздух, големите срца и насмевките. Заедница која се развива, вклучува и отвора нови перспективи, е нашата цел.
Подавам рака секому, поттикнувам вклученост и посакувам обединети да напредуваме. Да се стремиме кон напредок, да се поддржуваме и да победуваме.
Општина Валандово бележи период на развиток, со капитални проекти во земјоделството, без тешка индустрија. Ја исполнуваме стратегиската цел и градиме развој според екоконцепт. Исто така, повеќекратно се зголемија инвестициите во детската заштита, образованието, во комуналната и патната инфраструктурата. Се поддржуваат културните настани и спортот, се инвестира во развој на туристичко-рекреативни зони, се помагаат социјално загрозените групи граѓани, се поттикнуваат талентираните и се наоѓаме на врвот по транспарентно и одговорно владеење според анализите во државата.
Исправаме децениски неправди кон неколку населени места и ориентирани сме кон секој граѓанин поединечно. Создаваме заедница во која секој е важен и никој не е отфрлен. Сакаме заедничка среќа и веруваме во место под сонцето за секого.
Без омраза, со многу љубов и добра намера. Успехот е заеднички.
Продолжуваме напред!
Општина Валандово се развива како чиста и земјоделска општина, со современи методи на производство и на преработка на земјоделскиот производ. За наредниот период најавуваме:
Произведуваме здрава храна, квалитетно го преработуваме она што го произведуваме и го трасираме патот на развојот дома. Тоа е нашата цел и од неа нема да отстапиме. Валандово – богата, земјоделска и чиста општина, со успешни граѓани и со гарантирана благосостојба за сите.
Концептот на проектот „Валандово, паметен град“ се однесува на користењето на напредни дигитални технологии за оптимизација на ресурсите, намалување на трошоците, подобрување на квалитетот на животот и за обезбедување подобри услуги за граѓаните.
Определеноста на традиционалните форми за греење како со нафта, јаглен и со дрва, неминовно ни налага да се определиме за алтернативата, а тоа се обновливите извори на енергија. Валандово како општина сместена на крајниот југоисток, изобилува со голем број сончеви денови. Нашето богатство е сонцето и затоа мора да го користиме.. А тоа ќе го постигнеме преку:
Еден од најстарите и најголемите објекти во Валандово е старата зграда „Монопол“. Таа е во државна сопственост и оставена е на забот на времето, а Валандово има голема потреба од отворање трговски центар или мол во кој ќе се одвива продажбата на голем број марки, ќе има кафе-барови, игротеки, паркинг-простор и голем број други содржини. Освен тоа, дел од овој објект би претставувал и мултимедијален центар во кој сите Валандовчани кои работат во ИТ-секторот од својот дом, ќе можат своите работни активности да ги извршуваат од еден современо уреден центар.
Здравите навики се клучни за развојот на децата. Пливањето е една од најдобрите дисциплини за правилен развој на децата. Затоа нашата визија е изградба на затворен базен кој ќе може да го користат сите граѓани во текот на целата години. Децата и младите да можат да спортуваат, а возрасните да се рекреираат. Мораме да вложуваме во навиките на младите луѓе да се занимаваат со спорт, да имаме здрав живот, затоа што нема повредно нешто од здравјето и животот на граѓаните.