Костадин Костадинов

Општина Струмица

Пред вас е изборната Програма со која планирам да ја водам општина Струмица, мојот роден град, напред!

Со кандидатурата за Градоначалник на општина Струмица се насочувам кон моето родно место, градот кој го знам и познавам и за кој знам дека можам многу да направам.

Свесен за функцијата Градоначалник, имам концепт и визија за вистинско менаџирање со градот и целовкупната општинска инфраструктура. Како “татко на градот“ имам намера оперативно, теренски да се зафатам со секојдневните Ваши проблеми, на жителите во градот и општината, како и активно да работам за иден развој и напредок.

Преку активна работа, максимално ќе бидам посветен на теренско присуство во целата општина. Постојано ќе ги слушнам потребите и проблемите на моите сограѓани, затоа што ова е првиот чекор кон заеднички напредок, кон уште подобра Струмица. 

Мојата визија за Струмица е јасна – општина препознатлива по силни економски параметри; Општина – пример за планирање и реализација на европски проекти; Општина во која социјалната инклузија е нормално секојдневие и во која младите ќе гледаат потенцијал и иднина; Град кој и понатаму ќе биде препознатлив по спортски и културни случувања; Струмица – центар на Балканот кој ќе биде иницијатор на регионални иницијативи за зближување и заеднички живот, во сите сфери. 

Мисијата и целта ми се јасни – одиме напред, со решенија за одржување и унапредување на сето тоа што досега е направено и преку развој или подигнување на нови проекти. Максимална транспарентност и отчетност, со точно и навремено делување и работа во сите сегменти кои се од суштинско значење за Струмица, кои ќе бидат третирани во секојдневието и за потребите на сите полови и старосни категории граѓанки и граѓани кои живеат на територијата на нашата општина.

Свесен сум дека од мене, како иден Градоначалник се очекува градот и општината да одат напред. Тоа што е создадено да се одржи и развие, но и да се проектира и создаде многу ново.

Пет клучни проекти за иднината на Струмица

  • Изградба на модерно булеварско решение на потегот од булеварот „Климент Охридски“ (кај автобуската станица) што преку новоизградениот мост на реката Водочница ќе се спои со улицата во индустриската зона Агроберза;

  • Изградба на модерно булеварско решение на булеварот „Климент Охридски“ (од Жито Струмица до Терминал)

  • Изградба на нов булевар „23 Октомври“ покрај „Свети Илијски Порој“ за поврзување на новата населба во поранешната kасарна и населбата Софилар. 

Булеварски решенија

Струмица- град на спортот

Изведба на вештачка карпа и адреналински парк за спортски и рекреативни потреби. Поставување  тартан подлога и обележување на атлетска патека  (еден километар) во рамките на Градскиот парк. Изградба на памп-лента за потребите на велосипедистите, скејтерите и на љубителите на адреналински спортови. Дом на одбојка. Изградба на кугларница. Изградба на велосипедско-рекреативна патека со посебна подлога што ќе ги опфаќа и дел од руралните средини. Ставање во функција на напуштените тениски терени. Ревитализација на сите спортски објекти што се под надлежност на Општината преку инсталирање економичен систем на греење и опремување со нов под, семафор и спортски реквизити. Развој на кајакарска рекреативна зона на вештачкото езеро Водоча во соработка со Кајакарска федерација на Република Северна Македонија. „Воениот базен“ ќе биде преадаптиран и приспособен со нови спортски содржини што на струмичани ќе им дадат дополнителен поттик за спортување и рекреација. Изградба на мотокрос патека и картинг центар во соработка со Мотоциклистичката федерација и Агенцијата за млади и спорт. Изградба на терен за стрелаштво. Изградба на две одбојкарски игралишта.

Осовременување на сообраќајната инфраструктура во селата. Подобрување на урбанистичкиот просторен изглед на селата преку уредување на сите зелени површини во населените места. Изградба на велосипедски патеки за поврзување на населените места со Струмица. Уредување на паркови, селски плоштади, домови на култура, спортски игралишта и игралишта за деца во населените места. Поставување енергетски ефикасно осветлување во населените места. Изградба на системи за одведување и третман на отпадните фекални и атмосферски води. Поддршка на проекти за воведување иновативни и современи технологии во земјоделството и дисеминација на добрите земјоделски практики за одржливо земјоделско производство. Чистење на каналите за одводнување и регулација на речните текови. Редовно собирање на отпадот во населените места.

Модерни села

Развој на индустриски зони

Инфраструктурно уредување на индустриските зони – изградба на фекални и на атмосферски колектори, пробивање и асфалтирање на улици, уредување на тротоари и поставување улично осветлување. Проширување на постојните индустриски зони што ќе ги задоволат потребите на жителите, како на домашните, така и на странските инвеститори. Општински погодности за инвестирање во индустриските зони преку поддршка за раст на домашните компании што, на еден или на друг начин, се ангажирани во развојот и уредувањето на индустриските зони, како и поквалитетни услови за развој на нови производствени и логистички капацитети. Фокус на лесната незагадувачка индустрија, логистичката и транспортната индустрија.

StartUp инкубатор каде што младите претприемачи ќе можат да ги градат своите бизнис-идеи со помош на специјално обучени луѓе од оваа сфера. Развoj на младинско претприемништво и поддршка на старт-апи. Развој на програма за младинска вклученост. Нов Младински центар што ќе биде катче каде што младите ќе ги реализираат своите креативни идеи, организација и реализација на културни настани и нивна вклученост во реализацијата на општествените активности.

Струмица – центар на младите

Листа на советници за Општина Струмица

  1. Марјан Даскаловски
  2. Наташа Шапковска
  3. Зоран Костадинов
  4. Македонка Глигорова
  5. Абдуљ Амедов
  6. Дениза Стамболиева
  7. Борис Стојанов
  8. Елена Маѓеровска Паликарова
  9. Ице Беличев
  10. Танкица Митрева
  11. Ване Крстев
  12. Силвана Стојанова
  13. Александар Ненчев
  14. Мери Туџарова
  15. Ајати Ибраимов
  16. Нела Лазарова
  17. Страшо Јовов
  18. Павлинка Стојанова
  19. Столе Кавазов
  20. Софче Дончева
  21. Борче Стојчев
  22. Елена Китанова
  23. Митко Петров