Звонко Ангелов

Општина Ново Село

Почитувани сограѓани, ми претставува голема чест и задоволство што ми е дадена довербата, најпрво од партијата СДСМ, која доверба очекувам лично и со цел респект кон вас како мои сограѓани да ми ја дадете вашата поддршка на локалните избори за нашата Општина Ново Село и заедно да ја градиме нашата иднина со огромна одговорност на сите нас во која ќе бидеме среќни и задоволни што живееме во оваа наша општина.

Ново Село, ве уверувам и убедувам дека мој врвен приоритет ќе биде да изградиме современа и модерна општина по теркот на европските стандарди, препознатлива за вас граѓаните на: инфраструктурен, образовен, економски, социјален, културен и спортски план. Силно ве уверувам и убедувам дека доколку бидам избран за градоначалник одлуките од круцијално значење за вашите населени места од животен интерес ќе се носат на најтранспарентен  и демократски начин со сите ваши граѓански иницијативи и предлози својствени за најсовремените и демократски општества.

Пет клучни проекти за иднината на Ново Село

Местоположбата на овие пет села овозможува уникатен проект во Општина Ново Село, каде што сите пет населени места можат да бидат опфатени со канализациски системи и една регионална прочистителна станица.

Изградба на регионален канализациски систем во Подбеласичкиот Регион

Изградба на фекалниот канализациски систем во Сушица

Со спроведување на проектот „Изградба на фекален канализациски систем во Сушица“ ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и фирми во Сушица ќе можат да се приклучат и да ги користат овие услуги. 

Преку изградба на пречистителна станица на фекално-канализацискиот систем ќе овозможи спречување на загадување на главниот реципиент за испуст на отпадни води во општината – река Струмица.

Доизградба на фекален канализациски систем во Ново Село со пречистителна станица

Изградба на водоснабдителни системи во Самоилово и Ново Коњарево

Изградбата на водоснабдителни системи во Самоилово и Ново Коњарево ќе овозможи да се подобри животниот стандард и благосостојбата на жителите на овие населени места, и ќе ни даде шанса да ја осигуриме иднината на младите генерации. 

Решавање на проблемот со загадувањето на животната средина преку чистење и затворање на диви депонии, субвенционирање за вградување алтернативни извори на енергија и селекција и рециклажа на отпад

Овој проект се осврнува токму на проблемот со загадувањето, каде што ќе се спроведуваат многубројни активности за затворање и рехабилитација на дивите депонии кои не само што се постојан трн во очите на секој минувач, туку и реално ги загрозуваат животите на сите околу нив преку постојаниот ризик од ширење на зарази и понирање на отпадни води во подземни и надземни води.

Решавање на проблемот со загадувањето на животната средин

Листа на советници за Општина Ново Село

  1. Иље Илиев
  2. Нада Стаменова
  3. Ванчо Илиев
  4. Билјана Јакова
  5. Нада Стојанова
  6. Љубинко Стојков
  7. Марија Митева 
  8. Митко Чолев
  9. Веселин Ефтимов
  10. Зорица Николова
  11. Божин Николов
  12. Јулијана Ѓорѓиева
  13. Јован Трендафилов
  14. Зорица Николова