Благој Илиев

Општина Конче

Довербата и поддршката, која во изминатиот период постојано ми ја дававте, беа основен мотив за мојата кандидатура. Да се води Општина Конче, претставува чест, но и голема одговорност бидејќи неопходна е силна посветеност за решавање на сите предизвици и проблеми на граѓаните во сите области на општественото живеење.  За мене напредокот на нашите родни села се единствена цел, а сите граѓани во општината се подеднакво важни без разлика на нивната партиска, верска и национална припадност. Нудиме чесен, домаќински и одговорен пристап со кој ќе ја комплетираме низата од успешни проекти за нашите села. Ветувам грижа за потребите на сите! 

Пет клучни проекти за иднината на Конче

Во изминатиот период изработивме комплетно урбанистичко – планска документација за формирање на индустриска зона за лесна и незагадувачка индустрија која се простира на површина од 10 хектари. Во рамки на индустриската зона утврдени се локации за изградба на мали фабрики од лесна и незагадувачка индустрија, магацини и стоваришта.

Индустриска зона со откупно дистрибутивен центар

Нови детски градинки

Ќе продолжиме да вложуваме во детската заштита и ќе создаваме подобри услови за најмладите бидејќи секое дете заслужува среќно и безгрижно детство во својата општина. Ќе формираме три нови капацитети за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во селата Долни Липовиќ, Ракитец и Дедино.

Постоен општински објект во с. Ракитец ќе биде реконструиран, и отворен за сите граѓани од сите населени места. Повеќе социјални сервисни услуги наменети за постарите лица и лицата со хронични болести, ќе бидат развиени од вработените во социјалниот центар.

Социјален центар и Мобилна здравствена амбуланта

Организиран јавен превоз

Ќе формираме општинско претпријатие за јавен превоз на патници низ општината и трајно ќе го решиме проблемот со нередовните линии. Ќе создадеме квалитетна услуга, со нови возила за превоз на патници и ќе поставиме нови автобуски постројки во сите села низ општината.

Приоритет во инвестициите во спортска инфраструктура ќе биде изградбата на современо фудбалско игралиште во с. Конче, кое ќе овозможи подобри услови за  развој на  фудбалот и враќање на сите љубители на фудбалскиот терен. Младите во нашата општина повторно ќе играат фудбал, но на модерен терен и со тренери кои ќе ги пренесуваат фудбалските вештини на сите заинтересирани лица.

Ново фудбалско игралиште

Листа на советници за Општина Конче

  1. Стефанија Стојанова
  2. Менекше Јонузова
  3. Васко Петров
  4. Лепа Ристова
  5. Блаже Манчев
  6. Марјанчо Ристовски
  7. Николчо Јанев
  8. Македонка Костадинова
  9. Абдула Чолаков