Зоран Зимбаков

Општина Босилово

Почитувани сограѓани, со чувство на длабока почит, голема одговорност и обврска кон идните генерации, ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Босилово.

Нашата општина е место што ми буди силни емоции на спомени од најраната младост, место што ме изградило како човек и место што сакам со гордост да го оставиме на идните генерации како достоинствен и просперитетен дом.

Ја носам во себе душата на Општина Босилово, ја носам во себе душата на сите населени места. Добро ги познавам секојдневните маки и проблеми на месното население, бидејќи тоа се и мои секојдневни маки и проблеми. Чувството и грижата за средината во која живеам се мотивот што ме натера повторно да го ставам на располагање мојот човечки и интелектуален капацитет во решавањето на сите актуелни проблеми од животно значење за нашите граѓани, да го довршам започнатото и да создадам уште повеќе. Неуморно ќе работам Општина Босилово да биде место каде што секој би посакал да живее.

Пет клучни проекти за иднината на Босилово

Со реализацијата на проектот ќе се придонесе за подобрувањето на условите за живеење на жителите од с. Босилово, како и за зачувувањето на животната средина во ова населено место.

Изградба на канализација во Босилово

Нов водовод во Сарај

Водоснабдување за населено место с. Сарај. Несфатливо е граѓаните на една држава во Европа, во 21 век, да немаат водоснабдување. Тој проблем мора да се реши, со цел да се обезбеди добар живот во населеното место с. Сарај.

Оваа населено место има многу добра местоположба, не е многу големо и има добар реципиент – реката Водочница. Граѓаните во оваа населено место имаат добра наплата на вода и се претпоставува дека ако се обезбедат средства за канализација, наплатата нема да биде проблем. Патот што минува низ селото е локален, па така нема никаква законска пречка за да се изврши пробив или негово засечување. Со реализацијата на овој проект ќе се затворат септичките јами и ќе нема непријатни мириси, а со тоа ќе се создадат услови за подобар живот.

Изградба на канализација Робово

Изградба на водовод во Дрвош

Немањето водовод во населеното место Дрвош е проблем што мора да се реши, со цел да се обезбеди добар живот во населеното место. Основен проблем е немање доволно влезна вода и во летниот период доаѓа до целосно пресушување на влезната вода. Најважниот дел, бушотината (извор) е во завршена фаза во изминатиот мандат што ми беше доделен од граѓаните на Општина Босилово, а сега во овој мандат ветувам дека ќе го завршам потисниот цевковод од бушотината до резервоарот.

Листа на советници за Општина Босилово

  1. Трајче Милков
  2. Ѓургица Бонева
  3. Стојан Георгиев
  4. Васко Јарков
  5. Кољо Дедејски
  6. Доста Шопова
  7. Владимир Ѓорѓиев
  8. Гордана Јанкова
  9. Измит Шабанов
  10. Гроздана Мелева
  11. Трајче Велев
  12. Милка Атанасова 
  13. Александар Смиљанов
  14. Ратка Терзиева 
  15. Ѓорѓи Ристов