Блаже Шапов

Општина Богданци

Одговорноста за нашата иднина е во рацете на сите нас, кои сакаме да живееме овде, и ја градиме својата и иднина на нашите деца тука. Затоа со чувство на извонредна чест и почит, Ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Богданци.

Нашите постари ни оставиле општина, надалеку позната по вредни луѓе, развиен транспорт, семејни бизниси и земјоделски производи, кои се надалеку познати по својот квалитет.

Јас ја гледам нашата Општина Богданци, како место со поволни услови за живот и развој на сите семејства кои решиле да пуштат корен тука, сигурно и безбедно,со еколошки чиста средина и висок квалитет и стандарди на јавните услуги.

Четири години посветеност и ангажман во служба на граѓаните и решавање на утврдените приоритети во Општина Богданци се зад мене. Како што ветив, чекор по чекор, се зафативме со надминување на сите проблеми натрупани од минатото, пред сѐ  во областа на  патната и комуналната инфраструктура, проблемот со комуналната чистота и депониите, искористувањето на алтернативните извори на енергија, подобрување на условите во училиштата и реализација на нови сообраќајни решенија за обезбедување на безбеден пристап до основните училишта и градинките.

За сите приоритетни проекти обезбедивме квалитетна и соодветна проектно-техничка и друга документација, нешто што во претходниот период во голема мера недостасуваше, или воопшто го немаше. Ова беше неопходен чекор за привлекување и обезбедување на финансиски средства од различни извори за финансирање на нашите идеи и  приоритетни проекти.

Успехот кој го остваривме во изминатиот мандат, е дополнителен мотив и обврска за остварување на нови вредности и подобар квалитет на живот за сите граѓанки и граѓани во Општина Богданци.

Пет клучни проекти за иднината на Богданци

Градот Богданци има нов потисен цевковод за водоснабдување изграден по современи стандарди со употреба на соодветни градежни материјали. Сепак водоснабдувањето во градот не е на задоволително ниво, пред сѐ од две причини кои се однесуваат на секундарната мрежа:

Во изминатиот мандат обезбедивме комплетна проектна документација и се создадоа услови за почеток на изградба на нова градска мрежа. Сепак, треба да се има  предвид  комплексноста на проектот, а пред сѐ за должината и финансиската конструкција на новата мрежа. Затоа реализацијата на овој проект ќе оди етапно по зони определени со проектната документација.

Реконструкција на секундарна водоводна мрежа

Изработка на урбанистички планови

За жал, во изминатиот мандат, не успеавме во целост да го заокружиме решавањето на ова важно прашање. Во овој момент изработката на урбанистичката документација, за сите населени места, е во завршна фаза и очекуваме дека во најкраток рок, до крај на оваа или почеток на идната година, истите да се донесат. Важноста на решавање на овој проблем е очигледна бидејќи недостигот од урбанистички планови и употребата на стари  го попречуваат развојот на општината на сите полиња. Со донесување на истоит ќе се излезе во пресрет на сите потенцијални инвеститори без разлика дали се работи за инвестирање во деловни објекти, или во објекти за  станбена или друга намена. 

Истовремено се овозможува нормална и скратена постапка за издавање на градежна дозвола со што се штитат интересите на сите потенцијални градители, а се обезбедува соодветна институционална сигурност и за изградените објекти (евиденција во катастар, осигурување, решавање на имотни и други правни односи).

Главната траса на водот за гасификација на РС Македонија, од соседна Грција, на наша територија влегува во близина на населеното место Стојаково. Ова претставува огромна предност за нашата општина час поскоро да се приклучи на оваа мрежа. Бенефитите за стопанството, за земјоделците, како и за јавните институции и граѓаните од ползување на евтин и поеколошки извор на енергија се големи. Препознавајќи го овој момент се подготвуваме за изработка на неопходната документација за изградба на секундарната и терцијарната гасоводна мрежа во нашата општина, со што можноста за приклучување на гасоводот ќе стане реалност.

Изработка на техничка документација за гасоводна мрежа во Општина Богданци

Реконструкција на три улици во Богданци

Проблемот со лошата патна инфраструктура во Општина Богданци, во најголема мера, е решен во мојот претходен мандат. Сепак, состојбата беше толку лоша што остана уште за работа. Посебно внимание обрнуваме на три клучни улици кои, во најголема мера, го дефинираат текот на сообраќајот и сервисирање на сите потребни услуги во градот. Имајќи го ова предвид обезбедивме комплетна техничка документација за изградба на три улици во Богданци со кумулативна должина од 3 км.

Подобрувањето на квалитетот на живот, низ подобрување на физичката инфраструктура, вклучувајки ја и изградбата на локални улици е стратешки приоритет на кој  Општина Богданци обрнува големо внимание. 

Конкретно во населеното место Стојаково главна артерија, по која се одвива движењето на населението при обавување на секојдневните обврски, е главната улица „Маршал Тито“, која поминува низ целото населено место. Реконструкцијата на оваа улица во значителна мера ќе ја подобри патната инфраструктура во Стојаково, и ќе го подигне нивото на квалитет на живот на повисоко ниво. Улицата е изградена пред повеќе децении, дел е со асфалт, а еден дел со камен (камена коцка), без тротоарски површини.

Изградба и реконструкција на главна улица во Стојаково

Листа на советници за Општина Богданци

  1. Никола Стратров
  2. Стојанка Јовановиќ
  3. Никола Шелдаров
  4. Елена Шутарова
  5. Динко Олумчев
  6. Ристо Киров
  7. Соња Бојмалиева
  8. Даница Ивковиќ
  9. Анте Карагошев
  10. Мелита Периќ
  11. Дарко Узунов
  12.