Виктор Анѓелов

Општина Зрновци

Почитувани сограѓани, драги млади луѓе, дозволете ми со чувство на голема одговорност и обврска кон генерациите што доаѓаат, да ви ја претставам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Зрновци и мојот мотив за работа за  Зрновци да биде поубаво место за живеење за сите.

Општина Зрновци има потенцијал да прерасне во една модерна, современа и функционална општина со задоволни граѓани. Задоволството да го почувствуваат преку решените проблеми, кои во моментов ги засегаат. 

Изборот да се живее овде, да се надградува професионално и во блиска иднина, да се основа семејство ми беа мотив да го прифатам предизвикот, да бидам иден градоначалник, кој ќе му подаде рака на секого, во нашата заедничка цел, борба за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани на Општина Зрновци.

Пет клучни проекти за иднината на Зрновци

Водата што се користи за пиење на целата територија на Општина Зрновци е со навистина низок квалитет. Решавањето на овој проблем ќе се одвива во етапи. Најпрво во село Видовиште, кое лежи на подземни води, со помош на бунари ќе се извади вода, која ќе се акумулира во резервоарите, а со тоа ќе се надополни недостигот од сегашниот извор. На истиот начин ќе се задоволат и потребите во село Мородвис. 

Квалитетна вода за пиење

Приклучок на канализациската мрежа на пречистителната станица

На територијата на Општина Koчани се наоѓа регионален колекторски систем наменет за целиот регион. Приклучувањето на Општина Зрновци на овој систем е стратегиска цел што ќе се реализира со финансиски средства од надлежното министерство и со помош на соседните општини во најкраток можен рок. Големината на зафатот е околу 10 километри цевковод и вредност од околу сто илјади евра.

Локалната депонија лоцирана покрај текот на реката Зрновка претставува опасност за животната средина и луѓето што гравитираат во нејзина близина. За комплетно решавање на овој проблем, потребно е да се заврши регионалната депонија каде што би се депонирал целиот отпад. Додека да се изгради регионалната депонија, потребно е преземање акција на локално ниво.

Решавање на проблемот со локалната депонија

Модернизација на индустриската зона

Урбанизирањето на индустриската зона, ставањето во функција на постојните и изградба на нови капацитети ќе придонесат за зголемен број нови вработувања, а со тоа и зголемување на животниот стандард и намалување на иселувањето.

Чистата и здрава животна средина на граѓаните и гарантира поквалитетен живот. Со самата местоположба, близината на планината и малиот број загадувачи, општината нема проблем со загадениот воздух. Проблемот се јавува со грижата за јавните површини, справувањето со отпадот и одржувањето на хигиената на локалната патна инфраструктура.

Чиста и здрава животна средина

Листа на советници за Општина Зрновци

  1. Венета Здравкова
  2. Виктор Новков
  3. Габриела Радева
  4. Сашко Јакимов
  5. Емилија Георгиева
  6. Мери Стоименова
  7. Бојана Ефремова
  8. Стефан Ристов
  9. Михаил Гаврилов