Ивица Димитров

Општина Виница

Почитувани сограѓани, со чувство на длабока почит и обврска кон идните генерации, Ви ја претставувам мојата кандидатура за градоначалник на  Општина Виница.

Мотивот и ентузијазмот дека секогаш можеме подобро и повеќе се камен-темелник и предизвик да ја водам Општина Виница и во наредните 4 години. Вие – граѓаните, сте важен партнер за овој подвиг кои бевте воедно и мој ментор во изминатите 4 години, а резултатите од сработеното се видливи и одраз на реалноста и посветеноста која денес е претставена пред нас. 

Во изминатите 4 години посветивме големо внимание за чиста и здрава животна средина при што ги исчистивме сите диви депонии во Општина Виница. Со изградбата на регионалната депонија кај село Мечкуевци, Свети Николе, која треба да биде завршена до крајот на 2022 година, ќе ставиме крај на дивите депонии во Општина Виница.

Имаме енергија и мотив да работиме посветено во делот на спортот и да го вратиме навивачкиот дух на трибините во подобри услови со изградба на нова трибина и покривање на постојната, за подобри услови и нови успеси за нашите играчи, со кои сите ќе се гордееме.

Согласно деталниот урбанистички план предвидена е изградба на нова автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај.

Праксата и искуството од изминатите години од работата во стопанството, државните институции и локалната власт, ќе ги искористам за успешно реализирање на сите проекти, заедно со општинската администрација и советниците во Општина Виница кои се важна алка за подобрување на условите и развојот на нашата општина. 

Ќе бидеме посветени на реализација на ветеното и заедно со вас граѓаните, ќе продолжиме да ја градиме нашата општина, за Виница да прерасне во современа и урбана средина со решена инфраструктура, како во градот, така и во секое населено место.

Пет клучни проекти за иднината на Виница

Ние изминатите 4 години ги исчистивме сите диви депонии во Општина Виница како што се: депонијата на  Влашки рид, кај Село Јакимово, депонијата кај село Истибања, во турско маало, депонијата кај мостот пред Виничка Кршла. Меѓутоа сега со изградбата на регионалната депонија, кај село Мечкуевци, Свети Николе, која треба да биде завршена до крајот на 2022 година, повеќе ќе ја нема или целосно ќе биде исчистена и депонијата кај село Лески, и повеќе, на територијата на Општина Виница, ќе нема диви депонии, туку целиот смет ќе се носи во регионалната депонија во Свети Николе. Вредноста на овој проект на сите 18 општини опфатени во проектот е 35.000.000 евра.

Дислокација на депонијата кај Лески

Изградба на нова трибина на градскиот стадион во Виница, и покривање на веќе постојната

Изградба на трибина на градскиот стадион во Виница и покривање на постојната. Откако ФК Слога 1934 ја внесовме во Втората македонска фудбалска лига, после 19 години, се зголеми интересот на жителите на нашата општина да ги следат натпреварите на ФК Слога. Ние како општина распишавме тендерска документација за изградба на овој проект и во наредните 4 години останува уште изградбата и уредувањето на градскиот стадион. Вредноста на овој проект е 15 000 000 денари.

Согласно деталниот урбанистички план предвидена е изградба на нова автобуска станица за локален, меѓуградски и меѓународен сообраќај. Со реализација на овој проект ќе имаме подобрена сообраќајна инфраструктура и комуникација.

Изградба на нова автобуска станица

Кружен тек во Општина Виница

Ќе изградиме кружен тек на улица „Маршал Тито“ на почетокот на булеварот. Со изградбата на овој кружен тек се олеснува пристапот од споредните улици на самиот булевар, а со тоа ќе биде регулиран метежот на оваа крстосница со што ќе се овозможи  и полесна комуникација на жителите на Виница и сите останати кои ја користат оваа траса на патување. Проектите од ваков тип се влог во новиот лик на Виница. Вредноста на овој проект е 8.000.000 денари.

Ќе извршиме реконструкција на локалниот пат од с. Трсино до Голак во должина од 3 км. Со овој проект ќе се овозможи развој на опфатеното подрачје, се добива можност за добра врска со гравитационото подрачје и лесна пристапност за работа. Изработена е проектната документација за  реконструкција на овој локален пат којшто ќе го користат најчето локалните жители како и специфични групи на грагани: земјоделци, сточари, планинари, ловџии.  

Вредноста на овој проект е 30.000.000 денари.

Локален пат с. Трсино - Голак

Листа на советници за Општина Виница

  1. Гоце Милевски
  2. Марија Манасиева                                                                                    
  3. Зоран Ристовски 
  4. Венцо Вуинов 
  5. Весна Спасова 
  6. Дино Иванов 
  7. Риза Салиов 
  8. Драгана Миленкова 
  9. Кристина Стојанова
  10. Митко Димитров                     
  11. Катерина Митрова 
  12. Столе Јосифов 
  13. Слаѓана Лазарова 
  14. Ангелина Темелкова
  15. Страшко Постолов