Д-р Сашко Николов

Општина Штип

Штип е во сигурни раце, како што и заслужува. Во изминатите години штипјани конечно добија подобар квалитет за живеење и одлично управување со локалната самоуправа. Штип е повторно на прав пат, во друштво на современите и урбани градови. Штип живее во духот на младоста и прогресивноста, предничи на сите полиња, поради што граѓаните отворено го изразуваат своето задоволство.

На предвремените локални избори за градоначалник на Штип во 2020 година, во своите изборни настапи пред вас ветував дека краткиот период што го имам на располагање ќе го употребам за да постигнам резултати врз основа на кои, на редовниот термин за избори за градоначалник на Штип, повторно ќе ја побарам вашата поддршка.

Овој пат, за цел мандат.

И еве ме. Исправен пред вас, со чист образ ја барам вашата поддршка за нов мандат за градоначалник на нашиот убав град, зашто сум убеден дека со својата работа во изминатиот деветмесечен период ја исполнив заложбата дадена пред вас. Со чесна и одговорна работа ги извршував своите должности етички, совесно и достоинствено.

Дозволете да ви ја претставам Изборната програма, резултат на согледувањата до кои дојдов, преку средби и видувања со вас, граѓаните на сите урбани и рурални населби. 

Главни програмски одредници се суштински проекти со повеќедецениска важност и потреба. Се фокусиравме на инфраструктурни проекти во водоснабдувањето, сообраќајот, управувањето со отпад и образованието, кои се од витално значење за вистински позитивен пресврт во натамошниот раст и развој на нашиот град и нашата општина.

Пред вас е визија за напреден, современ и убав Штип. Штип со кој сите се гордееме. Ве поканувам да ја погледнете програмата и да се препознаете себеси и средината во која живеете со неа. Оваа програма е планирана за нејзината реализација да донесе благосостојба на сите нас. Затоа, убеден сум дека со задоволство ќе ја прифатите.

Пет клучни проекти за иднината на Штип

По приклучувањето на системот за водоснабдување ХС „Злетовица“, градот го реши проблемот со обезбедување доволни количества квалитетна вода за пиење за подолг временски период. Но останува проблемот со дистрибуцијата на водата за пиење од филтер-станицата до домовите на штипјани. Имено, сѐ почести се дефектите на водоводната мрежа предизвикани од пукањето на цевките, до што доаѓа поради нивна дотраеност, при што цели делови од градот остануваат без вода подолг временски период. Единствено решение е замена на дотраените цевки со нови, што поради обемноста и комплексноста ќе се врши на неколку фази.

Обнова на главната водоводна дистрибутивна мрежа

Обиколница „Запад“

Штип е град каде што се вкрстуваат и се одделуваат патните правци од Скопје, Велес, Куманово кон Кочани, Радовиш и Струмица и обратно. Проектираните улици од средината од XX век не можат да го пропуштат бројот на возила поради што доаѓа до забавување, а веќе се почесто и до комплетно запирање во движењето на возилата.

Со овој проект се врши пренасочување на возилата што доаѓаат од правец на стариот пат за Кочани (601), а се движат во правец на Радовиш, Струмица (или обратно) да го заобиколат централното градско подрачје, преку изградба на сообраќајница од кружниот тек на булевар „Гоце Делчев“, преку улица „Вељко Влаховиќ“ (УЗ „Пребег“) и м.в. Крсто да се излезе на мостот на река Брегалница кај бања „Кежовица“.

Ефект и придобивки: Намалување на сообраќајниот метеж и застој во сообраќајот низ централно градско подрачје.  Намалување на загадувањето од издувни гасови во централното градско подрачје и сообраќајниците од кои ќе биде отстранет сообраќајот.

Изминатите 4 години ги потрошивме за обезбедување потребна документација за непречен почеток на градежните работи.

Така, во првата фаза, почнувајќи од разводната клучка кај населбата Три Чешми, ќе започнеме со изградба на секундарна гасификациска мрежа, доведувајќи го овој енергенс до постојната индустриската развојна зона (за странски претпријатија) и за идната развојна зона (наменета исклучиво за домашни претпријатија), кампусите од Универзитетот „Гоце Делчев“, градинките, основните и средните училишта, како и до Клиничката болница.

По завршувањето на првата фаза и по спроведувањето анкета за заинтересираност кај домаќинствата ќе пристапиме кон план за изведба на дистрибутивна мрежа и за оваа категорија потрошувачи. Со тоа, Штип ќе стане трет град во државата (по Скопје и Куманово), кој ќе го користи овој енергенс од новата гасоводна мрежа.

Изградба на секундарна гасификациска мрежа

Уредување на крајбрежниот простор на браната на реката Отиња (фаза на уредување)

Овој значаен проект создава услови за обезбедување технолошка вода за потребите во градот и ќе служи како средство за заштита од поплави. Во втора фаза ќе служи за производство на електрична енергија, а во несакани ситуации на пожари може да служи како резервоар за снабдување со вода на воздухоплови (хеликоптер) или за водоснабдување на сеопфатен систем за заштита од пожари. 

Една од најважните особини на одговорна локална администрација е брзината и квалитетот во решавањето на предметите од важност за граѓаните и претпријатијата. Развојот на технологијата во голема мера ги олеснува постапките за постапување по поднесоци, но за да има можност од забрзување на постапките, неопходно е располагање со соодветна опрема и обука на вработените за начинот на постапување.

Со овој проект ќе се изврши набавка на потребен хардвер и софтвер за канцелариско и архивско работење, со кој значително ќе се скрати времето за постапување, корисниците ќе имаат целосен преглед за обрасците и постапките што важат за одредена постапка, како и ќе се обезбеди одговорно работење на администрацијата при локалната самоуправа.

Е-општина

Листа на советници за Општина Штип

  1. Александар Мишев
  2. Дијана Шишкова Гајдарџиска 
  3. Никола Рилак 
  4. Маријана Рогожарска Поповска 
  5. 5.Зоран Костовски 
  6. 6.Емил Павлов 
  7. 7.Златка Иванова 
  8. Трајче Стојчевски 
  9. Иванчо Бојаџиски 
  10. Билјана Тодоров 
  11. Мемет Ѓулбаки 
  12. Даниела Славујевиќ 
  13. Кристина Ќосевска  
  14. Златко Сарев 
  15. Сеида Кадриева 
  16. Методи Папаров 
  17. Маја Синадинова Ивкова 
  18. Марјан Љуботенски 
  19. Стефанија Веселинова 
  20. Трајан Ристов 
  21. Маја Лазарова 
  22. Виолета Митев 
  23. Дарко Димовски